Коментари

Убиството на Вања ја потресе Македонија

1svekrva copy copy copy copy

1svekrvaСвекрва

После седум дена од исчезнувањето на 27-ми ноември, 14 годишна Вања Ѓорчевсла беше пронајдена мртва. Веста за грозморното убиство ја потресе земјата. Револтот на луѓето е огромен. Обидот на власта на прес конференција да ја смири јавноста, ден по објавување на веста, само ги зголеми шпекулациите.

На прес конференцијата Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство беше објавено дека Вања била киднапирана во зградата во која што живеела и со врзани раце и нозе била ставена во вреќе за спиење, а потоа однесена во атарот на село Бразда каде била убиена и закопана. Девојчето било однесено со возило чиј сопственик бил пред неколку дена убиен од истата група, Според неофицијални информации Вања се угушила во вреќата за спиење пред да биде пукано во неа.

На прес конференцијата беше изнесено дека мотивот за убиството на малолетната Вања е да се извлече корист. Односно дека таткото на Вања, Александар, бил замешан со цел да се изнудат пари од мајката која продала стан.

Исто така, беше изнесено дека убиениот 74 годишен Павле Жежовски од Велес бил колатерална жртва, а мотивот на неговата ликвидација бил наводно долг од 500 евра према Љупчо Палевски, кој е осомничен за убиството на двајцата.

Контраверзниот бизнисмен Љупчи Палевски – Палчо, како што велат во паника пукал два часа по киднапирањето на 27 ми, но државата ја напуштил дури на 30–ти ноември. Според МВР тој заминал во Белград, а потоа за Бугарија.    

Меѓутоа, од она што беше презентирано на прес конференцијата отвара низа прашања.

Како прво, зошто малолетната Вања била убиена два часа по киднапирањето, ако киднаперите очекувале да изнудат пари. Второ, зарем се убива 74 годишен старец поради долг од 500 евра. Потоа, како не е забележано киднапирањето на камерите во и околу зградата на Вања. Зошто не е барана колата на Жежовски кој бил исчезнат на 24-ти ноември три дена пред киднапирањето на Вања. Не стои тврдењето дека не била пријавена како исчезната. Меѓутоа, ни во едниот и другиот случај нема побарување на пари, нема уцена, туку егзекуција.

Многу чудно е што извршителот на грозоморниот чин Љупчи Палевски користел возило на веќе киднапирано и убиено лице, а потоа три дена останал во земјата, пред да замине со својот адвокат и пријател за Белград.  И во двата случаи има премногу видливи траги и соучесници аматери, партиски членови, со која Палевски го извршил злочинот и кои веднаш кажуваат што и како се случило.

Оттука јавноста се прашува дали Вања Ѓорчевска и Павле Жежовски биле колатерална штета, а Палевски бил извршител на нечија нарачка, и дали тој останал три дена во земјата бидејќи очекувал дека ќе биде заштитен од некој моќник во власта.

Можда профилот на Љупчо Палевски – Палчо нешто повеќе ќе каже.

Имено тој е поранешен градежен и медиумски сопственик и пријател со Зоран Варушевски. По падот на владата го формирал неделникот „Старт“. Ја купил и ТВ Скопје, која некогаш не профункцинира. Во 2002 година, по доаѓањето на СДСМ на власт, тој бил наименуван за претседател на Градската  организација на СДСМ. Пред неколку години го формирал движењето „Трета“.

Палчо во 2020 година бил приведуван во Скопје поради непочитување на мерките за самоизолација по враќање од странство, потоа истата година на пат за Москва бил уапсен на аеродромот во Белград по потерница од Хрватска за некаков долг, по што одлежал осум месеци. Во мај годинава со уште три лица бил фатен во близина на тунелите кај Демир Капија како бара злато и носел пиштол без дозвола. Него челници на СДСМ го спасуваат од затвор, а тој долго време водел невидена хајка против челниците на ВМРО ДПМНЕ.

Има премногу нејаснотии поврзани во убиството на девојчето и старецот.

Пратеникот Игор Јанушев на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ побара од МВР да каже дали пред пет дена било пријавено малата Вања бил Љупчо Палевски. Ако е така, зошто било дозволено тој да замине веднаш потоа од земјата.

Сето ова создава не само згрозување во јавноста, туку и страв дека со земјата владеат криминалци и дека нема кој да ја гарантира безбедноста на луѓето. Дали ова е само увертира на владеењето на безаконието и во воведување на посебни мерки?

Палевски уапсен во Баликесир-Турција

Палевски од Скопје со својот адвокат, со негово возило, стигнал до Белград. Таму преноќил во еден хотел. Наредниот ден го презело друго лице од Скопје и преку граничниот премин Градина влегол во Бугарија, по што влегол во Турција во градот Баликесир.

Палевски од Баликесир сакал да замине во Истанбул. Најмил такси за да отиде во Истанбул, но повторно се вратил во градот, симулирал одење во Истанбул.

Палевски, oсомничениот за грабнувањето, планирањето и извршувањето на убиството на малата четиринаесетгодишна, Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски бил уапсен во турскиот град, Баликесир додека се движел по автопат.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top