Коментари

Александар Џепповски: До кога светот а посебно Македонија ќе гледа лаги, фалсификати и неправди?

1Dzepovski1
 1Dzepovski1 Александар Џепповски
Навистина има ли крај на сите лаги, непрадви, фалсификати и изопачување на вистината? Живееме во време кога вистината е богатство и треба да ја откриваме повторно. 
Ние Македонците сме тука на преголем удар и имаме зошто да бидеме носители на оваа листа каде царува лагата. На наша штета е измислувањето на Грција како прастара цивилизација иако е создадена прв пат 1831 како земја на нови православци со поставен Гемански Принц како Крал и со јазик достапен кај Православното свештенство за лична комуникација наречен Коине. 
Фасцинира и новата измислица Бугарија во 1878 која дрско ете со Германски Принц, повторно Германија инволвирана, се разбира со Македонски јазик како официјален јазик и мнозинство Македонци, Куриозитет е што Русите го измислија овој проект но Германците го зацементираа. 
Така можеме да збориме и укажуваме на многу нови држави и настани но најповеќе е впечатлива измилувањето и лагите на религиите. Сите свети книги во кои луѓето се колнат имаат претрпено многу лаги и фалсификати. Сето ова е за потребите на денешните глобалисти кои едноставно уживаат и профитираат од тоа а воедно им е и духовна храна за нивните мрачни и апокалиптични идеи. 
Секоја лага има и кратки нозе ама ова трае веќе повеќе од 200 години. Едно е сигурно светот секојдневно преку интернет забрзано ги гледа сите овие неправди и веќе на сите им е дојдено преку глава.
СИТЕ ПОГЛЕДИ СЕГА СЕ СВРТЕНИ НАГОРЕ КОН СЕВИШНИОТ КОЈ Е ЕДИНСТВЕН И ИМА СИЛИ И НАЧИН СЕТО ОВА ДА ГО РЕШИ ПО КРАТКА ПОСТАПКА. 
АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top