Коментари

Лицемерието на ЕУ е огромно

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

ЕУ со својата политика продолжува да го трауматизира македонското општество

По Балканските војни земјата и народот беа поделени помеѓу Србија, Грција и Бугарија. Последиците од  поделбата на Македонија на Мировниот договор во Букурешт во 1913 година, се чуствуваат и денес на единственото слободно парче македонска земја.

Таа истата Европа, соседите од европските големи сили кои ја поделија Македонија, како и мафијата инсталирана во власта, денес не дозволуваат македонската држава да го заземе своето место на масата на ЕУ.

Брисел неодамна се одлучи за пристапни преговори за Украина која е во војна и која не котролира голем дел од својата територија, како и за Молдавија која не владее целосно со својата територија, Преднестровје.

Ветувањето дека ако го смениме името ќе влземе во ЕУ веќе не важи. Сега, Македонија мора да исполни ново барање ако сака да влезе во ЕУ- во Уставот треба да влезат Бугарите, истите оние кои не признаваат ни македонски народ, ни македонски јазик, ни култура, ни историја, оти се било бугарско!

Актулната власт предводена од СДС и ДУИ во текот на своето владеење не успеа да најде пријатели со кои ќе се надминат пречките за влез на земјата во ЕУ. Денес власта милува за неуспехот на својата меѓународна политика и дипломатија да ја окриви ВМРО-ДПМНЕ иако е многу јасно, дека ниту таа, ниту руинираниот систем се виновни за одлуките на ЕУ. Има држави, кои поради различни интереси не сакаат влез на Македонија во ЕУ.

ЕУ со својата политика на неитеграција на Западен Балкан продолжува да го трауматизира македонското општество. Тоа отвора простор за поголемо присуство на корупција и меѓународниот криминал.

Имено, државата се повеќе наликува на акционерско друштво, во кој голем дел од пакетот акции ги контролираат СДС и ДУИ.

Делењето на пасоши на меѓународни криминалци, потоа случувањата во судството и новите закони за неказнивост, само потврдуваат дека мафијата е инсталирана насекаде во државата. Сепак, неоткажувањето од техничка влада и поставувањето на Албанец за премиер во последните сто дена пред избори покажува дека коалицијата СДС- ДУИ е силно загрижена за својата иднина, Таа нема да сака да се откаже од своите позиции и затоа ќе направи се на наредните избори коалицијата СДС и ДУИ повторно да победи.

Информациите од можни нереди пред и за време на престојните парламентарни и претседателски избори, потоа од изборни нерегуларности и непризнавање на изборните резултати треба да се сфатат сериозно. 

Поставувањето за премиер на техничката влада човек кој не почитувал деловник и злоупотребувал ЕУ знаменце, укажуваат дека во власта се подготвува на било кој начин да ги добие изборите на пролет.

Но за да се спречи секаков вид на малверзации, злупоотреби на институции, насилство, за да се спречи нарушување на изборната воља на граѓаните и да се спречи нарушување на безбедносната состојба во земјата опозицијата мора да влезе во техничката влада. Опозицијата мора да застане на чело на Министерството за внатрешни работи и другите договорени ресори, за да ја заштити демократијата и уставниот поредок.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top