Коментари

Ламбе Арнаудов: ШО БЕ, ОВОЈ ОХРИЃАНЕЦОВ УШТЕ ЛИ Е ЖИВ?

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Деновиве влегувајќи во зградата на ВМРО-ДПМНЕ стоеше една госпоѓа која одамна ја познавам како наш активист. Разговараше нешто со рецепционерот, но кога малу подоцна ме забележа на вратата што води на скалите за горе, со насмевка ме погледна и потоа се заврти кон младичот од приемно и го запраша:

“Што бе, овој Охриѓанецов уште ли е жив?“

Воопшто немаше никаква злонамерност во прашањето, тоа повеќе беше изненадување отколку некоја пакост, дури сум убеден дека беше благодарна кон ГОСПОДА и радосна што ме виде.

И нема ништо лошо во целиот овој настан, освен огромната непријатност и жалење за содржината на прашањето кај младиот господин рецепционер, очигледно длабоко го погоди и вознемири..

Секако јас му пренесов да не се грижи, дека тоа е реакција на особа на која безнадежноста, натрупаните проблеми и сиромаштијата ја довеле на правото место да ги изнесе своите јадови и чемер што ѝ ги натовари оваа ненародна власт.

Госпоѓо, уште еднаш ВЕ уверувам дека е сé во ред и дека одговорот на тоа помалку “сурово“ прашање лежи токму во одлично скроеното обраќање преку посредник до ГОСПОД, зошто уште не ме земал при НЕГО.

Толку околу прашањето. А, сега за одговорот.

Колку и како ќе живеам воопшто не ми е гајле. Тоа е работа на ГОСПОД, ТОЈ и дава и повикува. Оти од животот и така никој жив не може да излезе.

Но, ГОСПОД дава живот, дава и здравје, ама дава и РАЗУМ како да го сочуваш здравјето и како да го употребиш и на кого да му го посветиш својот ДУХ.

Е, јас својот дух и сите вистински ВМРОВЦИ, немаме дилеми и никогаш не ја преиспитуваме сопствената совест, на кого сме го подариле, заради кого го трошиме и колку ќе биде вреднуван од тие на кои што му е посветен, непогрешливиот и секогаш непристрастен судија – НАРОДОТ и ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА.

За МАКЕДОНИЈА и за МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, све секогаш, вечно, преносно и наследно до сите генерации како нас и после нас.

Го молам ГОСПОД да не поживее и да не дарува со духовно и телесно здравје и понатака со уште поголема страст, љубов, родољубие и патриотизам да ѝ служиме на нашата мајка, воспитачка, учителка мудрица и хероина МАКЕДОНИЈА.

Токму ТОЈ, ГОСПОД, така нé научил, дека сé што и да направиш за својот народ и татковина никогаш не е доволно. Тие, нас нé израснале меѓу нивните срца и душа, што ни ги внедриле во нас најсветлите вредности што еден човек може да ги добие од СОЗДАТЕЛОТ. Знаеле на кого и колку можат да се потпираат и да бидат сигурни во истрајноста, издржливоста, жилавоста и посветеноста кон нив.

Ако сево ова го правиме со радост и од срце и душа ќе ни биде многу лесно и секако ќе го  достигне максималниот ефект што ние како МАКЕДОНСКИ ВЕРНИ ЧЕДА им го должиме. Татковината на никому ништо не му должи. Сите сме клиенти на банката на духовни вредности од која секој ден позајмуваме и воопшто не мислиме да ги вратиме, без тие вредности ќе бидеме голи без дух, но и без среќа што не ќе ги употребиме скапоцените дарови што банката, ТАТКОВИНАТА ни ги дели бесплатно, без камати и без обврска да ги вратиме.

Единственото што можеме да го направиме е од срце да се заблагодариме на Татковината што од нас прави џинови, титани, колоси по дух и несебично да се ставиме на располагање.

Благодариме ТАТКОВИНО! –  Што нé направи достојни да го исполниме тоа што од нас со радост и гордост го очекуваш, а ние воопшто не жалиме и не мислиме дека се арчиме, напротив се до изгрев горди  и орни и понатаму да се радуваме. Ова прилика што е, ја зграпчивме и немаме намера да ја испуштиме сé додека МАКЕДОНИЈА не биде држава по терк, желба и на радост на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Ете, тоа го бараме од нашиот ГОСПОД да нé остави подолго во прегратките на НАШИТЕ ВМРО-ДПМНЕ, НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ и МАКЕДОНИЈА.

Оти, ние сме за тоа дојдени и испратени од ТЕБЕ, дозволи ни да ја исполниме нашата ЗАВЕТ а потоа прави со нас што знаеш. Само уште еднаш замолуваме, не нé земај со незавршена работа, зошто вечно ќе стоиме пред ТЕБЕ ГОСПОДИ, посрамотени и несреќни.

Ние се заветуваме дека, што од рождество го имаме во себе, да го сакаме народот свој и татковината како што ја сакаме верата и спремноста да одиме по ТВОИТЕ патишта и да живееме по ТВОИТЕ ЗАПОВЕДИ, а тие патишта се едни единствени, едноставни, а заповедите се благородни:

“Сакајте го народот свој, сакајте ја татковината, за ЈАС уште повеќе да ве засакам.“

2mae1

Среќна нова 2024 година!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top