Коментари

Конференција на ОПЕН Балкан во Скопје

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Во Македонија се одржа регионална конференција ОПЕН Балкан на која присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово, Димитар Ковачевски, Милојко Спајиќ, Еди Рама и Аљбин Курти, министерот за финансии и трезор на Босна и Херцеговина, Срѓан Амиџиќ, како и генералниот директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија, Герт Јан Копман и помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан.

Лидерите од Западен Балкан усвоија заедничка изјава во која истакнаа дека ќе се посветат на промовирање на регионалната економска интеграција преку Заедничкиот регионален пазар, врз основа на правилата и стандардите на ЕУ и во исто време унапредувајќи го своето отворање кон Единствениот пазар.

Лидерите изјавија дека ја препознаваат потребата од колективен придонес во развојот на нов и амбициозен план за Заедничкиот регионален пазар како отскочна даска за поширока интеграција со единствениот пазар.

Во изјавата, лидерите наведуваат и дека ќе ги интензивираат напорите за усогласување со правилата на единствениот пазар на ЕУ.

Тие наведуваат дека Планот за раст за Западен Балкан претставува „нова можност за економското и социјалното доближување на регионот со Европската унија, како средство за унапредување на процесот на пристапување“.

Од друга страна планот за раст за Западен Балкан, кој Европската комисија го усвои во ноември минатата година, предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра, од кои две милијарди се неповратни грантови, а четири милијарди се повластени заеми дадени од ЕУ. Целта на Планот е да се стимулира економскиот раст и да се забрза социо-економското прилагодување.

Планот се однесува на периодот од 2024 до 2027 година и предвидува секоја влада на шестмина од Западен Балкан да подготви реформска агенда, со соодветна содржина, која Европската комисија треба да ја оцени и усвои. Секоја реформа „носи“ одредена сума на пари, а прецизно ќе се утврдува колку средства може да добие секоја од владите за спроведување на одредени реформи во период од четири години.

Претходно, пред конференцијата, ви винарија се состанаа Александар Вучиќ, Албин Курти, Еди Рама, Димитар Кочавески, Стево Пендаровски. Не е познато во какво својство, вечерта присуствуваа Артан Груби и Али Ахмети.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top