Коментари

Ламбе Арнаудов: Роденденот на Гоце Делчев, роденден на слободна Македонија

lambe-arnaudov

1 Lambe

Недела 4-2-2024 година, чекајќи ред да оддадеме почит на титанот и апостолот на Македонската револуционерна борба, да му го честитаме роденденот и да си посакаме сите Македонци уште многу, многу идеали што извираат од непресушниот кладенец на срцето и душата на великанот Гоце, за жал тогаш и често недоволно разбран, а сега кристално јасни пораки, не‘рѓосувачки вредности и излезни решенија, помалку несмасно и би рекол пакосно, познавајќи ја определеноста на новинарот, ме праша:

4 Fevruar 2024 na grobot na Goce 35

4 Fevruar 2024 na grobot na Goce 12

4 Fevruar 2024 na grobot na Goce 24

Што за тебе значи роденденот на Гоце Делчев?

Роденденот на Гоце Делчев гледајќи од денешен агол, е роденден и на слободна современа општо призната држава, самостојна со сите обележја и атрибути. – одговорив.

Скоро и не го дочека одговорот до крај и замина видно нерасположен би рекол и помалку гневен.

Ниту јас, ниту било кој Македонец нема што воопшто да ја става својата совест на испит, за точноста на мојот одговор. Впрочем, неговиот од низ сите овие за Гоце и македонскиот народ, ОЛОВНИ ГОДИНИ, неговата посветеност, ентузијазам, истрајност, енергичност, идеолошки набој, но и рационалност и разумност на вистински лидер и народен голем трибун, тоа го потврдува и е регистрирано длабоко во внатрешноста на душата на секој Македонец и безвремено запечатено.

Ако продолжам да набројувам, само ќе се повторувам, а никако нем а да стигнам ни близу до крајот, затоа тој и неговото дело се во вечна симбиоза со македонскиот народ и неговата чиста прва и вечна љубов МАКЕДОНИЈА.

НЕМА КРАЈ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, НЕМА КРАЈ ЗА МАКЕДОНИЈА, ИМА КРАЈ ЗА непријателите НА МАКЕДОНИЈА!

Еве каков монумент од човек бил Гоце Делчев, нека послужи и ова моја анегдота, ексклузивно првпат спомената, никаде запишана, потврдена и вистинита од меморијата заедничка и еднообразна на неколкумина присутни на настанот.

Сите врвни интелектуалци Охриѓани од одамна порано формираниот Охридски кружок, десетина петнаесет години пред формирањето на ВМРО..

Сите тие предвесници на слободарскиот дух, и освестени национални промотори, станале верни следбеници на Гоце, а некои како Лев Огненов, Климент Шапкарев, Климент Заров, мојот дедо и други станале и соработници негови.

Во времето на големиот прогон врз Гоце Делчев и кога се инсистирало на крајна конспиративност за негова заштита, ТОЈ смело без трунка страв, со оригинален изглед, опишан во потерницата, се појавил на свадба на еден од членовите на Охридскиот кружок, сега негов соработник, инаку мој подалечен предок, но непосреден род на еден поранешен министер во Владата на Република Македонија.

Кога го виделе сите се стаписале и скаменети чекале секој другиот да го праша додека еден не се одважил и прашал:

Брату, дојде ли на свадба?

Да, дојдов на свадба, има ли нешто почесно и посвето да се дојде на заклетвата пред Господ дека ќе основаш семејство и ќе ти се изнародат деца твои, ама и на Македонија, и продолжил:

Свадбата е симбол што ме потсетува на моето, ваше и на многумина венчање со нашата заедничка љубов, МАКЕДОНИЈА.

Свадбата става печат што никогаш не се брише на љубовта помеѓу мажот и жената, која ќе создаде семејство, синови, ќерки среќни, под еден кров исполнет со безгранична љубов, среќа и сигурност.

Нашето пак, венчање свадба со нашата татковина и родина, е исто. Ќе создадеме огромно семејно стебло од македонскиот народ под свој кров заштитнички што се вика МАКЕДОНИЈА во своите етнички и географски граници што ќе биде родителка и грижлива хранителка на сите луѓе. Има ли подобро од тоа?

Ете, ме разбравте ли сега зошто дојдов?

Дојдов зошто вие го создавате коренот на тоа семејство големо, а јас што се залагам за тоа, Ме личи ли да се КРИЈАМ?

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top