Коментари

ВМРО-ДПМНЕ никогаш не го излажала сопствениот народ

1Mane

1Mane 3

Мане Јаковлески

Со помош на домашните предавници, донесени на власт во 2017 година, македонската држава се разградува, се уништуваат институциите и од унитарна држава ита кон бинационална, федерална, па се до конечно исчезнување.

Лажно ветувајќи дека нема да има промена на името, по устоличувањето на власта СДС и ДУИ го сменија името спротивно на вољата на граѓаните. Донесоа закони со кои го изменија описот на државата и овозможија да процвета корупцијата и криминалот во земјата. Во состојба на нефункционални институции, поради вметнат несоодветен кадар или намерно, беше овозможено земјата да биде изложена на невидено пљачкосување.

Со цел да се заплаши македонскиот народ за да не ја брани државата, луѓето кои си ја сакаа државата, за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, беа осудени за тароризам и сега гниат по затворите. За тоа време предавниците и криминалците во власта или блиски до власта, кои се шетаат слободно, со полна уста за евроинтеграција, за да ја избегнат одговарноста пред Законот, го доведоа судството на смртна постела.

Се лажат сите кои мислат дека Македонците лесно ќе се откажат од сопствената држава.

Македонскиот народ повеќе од три децении успева да ја сочува својата држава и не се согласува сегашните предавници да направат протекторат за да ја распарчаат земјата, за да продолжат да ја плачкаат државата. 

Мекедонскиот народ повеќе не им верува на СДС, внуците на партизаните кои лажно ветуваа евроинтеграциии, чување на името и идентитетот на македонскиот народ, но ја разнебитија државата.

Македонскиот народ верува во ВМРО-ДПМНЕ, единствената партија која во клучните моменти знаела да го поведе народот и имала капацитет да се справи со заканите по безбедноста на земјата. Тоа е партија која е способна да ја реорганизира државата, да ги поправи состојбите во образованието, здравството, земјоделството, економијата или било кој друг витален сектор.

Пред престојните претседателски и парламентарни избори ВМРО ДПМНЕ излезе со својата програма за спас на земјата.  Платформа од #1198 проекти кои ќе треба да ги реализира идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори. Амбициозна програма со која меѓу другото се предвидува реформи во власта, една изборна единица, Собрание со 90 пратеници, враќање на довербата во судството и обвинителството, ивестиции, нови вработувања, укинување на балансерот, силно образование и здраство, 5000 денари повеќе за секој пензионер и т.н.

Иако на прв поглед програмата изгледа амбициозна, таа е изводлива зошто ВМРО ДПМНЕ има капацитет, луѓе и искуство за да може да ги спроведе, ВМРО-ДПМНЕ е партија која ветува и исполнува. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не го излажала сопствениот народ, ВМРО-ДПМНЕ не е ЌЕ партија.

СДС и ДУИ со право  се уплашени од историјски најголемиот пораз на престојните Претседателски и Парламентарни избори и дека по изборите мечот на правдата ќе се спушти на нивните глави. Тие се спремни на се, а некои од нив и на дестабилизација на земјата за да можат да побараат меѓународна интервенција.

Безбедносните служби нема да дозволат да се развиваат вакви сценарија, а за да се спречат пак изборни манипулации потребно е македонскиот народ масовно да излезе и да го даде својот глас на ВМРО-ДПМНЕ. Само така можеме да ја спасиме државата од оваа ненародна власт и да се создадат услови за еден подобар живот во земјата, живот кој ќе ги врати нашите деца назад од туѓина.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top