Коментари

ДА ИМ СЕ СУДИ ЗА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Како што наближуваат изборите, се изнаслушавме и допрва ќе слушаме  на мас-медиумите секакви бисери што ние, обичните смртници, не ги знаеме, што и не мора да бидат точни, но секако не тераат да се замислиме.

   Така, на пример, лицето Стево Пендаровски, кој се топори за втор мандат за претседател на РМ, јавно призна на ТВ емисија дека   л и ч н о   учествувал во подготовките на “Францускиот предлог” како основа на катастрофалната Преговарачка рамка за почеток на преговори за членство на РМ во ЕУ. Ако е така, а нема причина да не му веруваме на Стевота, тогаш предлагам идната влада да покрене постапка нему, а и други слични по неделата како неговите, да им се суди за велепредавство. Вакво шарлатанство и непочитување на сопствениот народ не смее да помине неказнето!

На друга ТВ трибинa (talk shaws) беше речено дека македонските разузнавачки служби детектирале бугарски емисари кои биле во седиштето на ДУИ во Мала Речица и му издиктирале на МНР Бујар Османи што – според нивниот вкус, треба да содржи преговарачката рамка!? Е па замислите народе  к о ј   и   к а к о  не претставувал на меѓународен план изминативе речиси седум години??? А ако се земат во предвид криминалните/коруптивни договори за автопатиштата, набавките за оружје за АРМ и многубројни други афери, јасно е дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ја чека врашки многу тешка работа.

 Но ајде да апострофирам уште еден бисер од предизборните кампањи од ТВ-дебатите. Наводно, татко му на Таче (екс-премиерот Ковачески),  поранешен генерален директор на фабриката за шавни цевки “11 октомври во Kуманово”, да ти градел фабрика за шавни цевки во близина на Солун, а со тие цевки ќе се пренесувал гасот од Александропулос (на границата со Турција) до гасната централа што (со коруптивен договор) е предивдено да ја гради грчката фирма Митилинеос во близина на Скопје!? Коментар – излишен!?

2.Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери секако ќе мора да бараат одговори на безброј многу прашања заради страшното наследство што го остава зад себе безличната власт на заминување. Но еве ќе предложам само една сугестија и тоа не за да го усложнам процесот на опоравок на општеството, туку едноставно да се појаснуваат работите. Имено, предлагам да се истражи според мене спорната сопственмост (!) на седиштето на СДС на ул. Бихаќка во Скопје. Денес нема многу сведоци на периодот од деведесетите од минатиот век, но сепак не има сеуште.

Да потсета: кога ги удиравме темелите на независна Македонија, Експертстата влада на акад. др Никола Кљусев, во која имав чест да бидам член и јас, првите седници ги одржуваше во таканаречената Зграда на Статистика. Објектот беше несоодветен за потребите на владата и се покрена иницијатива владата да ја превземе зградата на поранешната ЦеКа на Илинденска ул. б.б. Но, види Бога ти, наследниците на СКМ, веќе пререгистринани во СКМ-ПДП не сакаа да ја дадат таа звграда тврдејки дека таа е нивна сопственост и демек била изградена од партиски членарини!? Тоа не е точно бидејки тој објект е граден со финансирање од Буџетот на РМ! Но, по свилениот пуч и соборувањето на Експертстака влада во летото 1992, тие (СКМ-ПДП) самите си ја вдомија нивната (!) влада во комплексот покрај Вардар (поранешното седиште на ЦеКа на СКМ), а нивното партиско седиште си го преселија во објкетот на ул Бихаќка каде претходно беше сместено Министерството за наука, па дури и си го запишаа објектот во Катастарот на недвижности како нивна сопственост!? Е па не ќе да е баш така и верувам дека оваа работа ќе треба да се испита и соодветно да се постапи!!!

3. Министерката за одбрана во заминување Славјанка Петровска обзнани дека Владата донесла одлука да купи осум транспортни повеќенаменски хеликоптери (а не борбени!) од италијанската фирма Леонардо, ширум светот позната по бројните коруптивни афери. Ај што експерткаста јавност спори зошто е избрана таа фирма, а имало и други понуди од Франција, САД, Германија, и зошто баш транспортни, а не борбени хеликоптери, боди очи и информацијата дека понудата вредна 230 милиони евра во меѓувреме е зголемена на 250 милиони евра (да има некое милионче повеќе провизии за делење)!?

   Иако Славјанка тврди дека во тендерот “се било чисто”, но ми се чини дека и во овој случај станува збор за грабеж на народни пари преку мрсни провизии што ги даваат производителите на оружје, слично на набавката на оклопни возила од САД за 210 милиони долари во 2022 година каде провизијата беше (неофицијално!) 20%! Со други зборови, над 40 милиони долари се слеани во приватни џебовте на политичари од СДС и ДУИ.

4. Петочниот (23.03.2024) терористички напад во предградие на Москва во којшто беа убиени близу 140 млади луѓе, а ранети околу 150, предизвика шок и револт во поголем дел од цивилизираниот свет! Нападот беше извршен пред почетокот на музички концерт, а публиката ја сочинувале претежно млади луѓе.

   Без помисла да изигравам детектив за што не сум ни квалификуван, ми се наметнуваат повеќе дилеми. Пред се, како е можно вакво нешто воопшто да се случи во Москва кога Русија има можност да ги следи истовремено сите комуникации на планетава – земски и преку сателити? Па како е можно да не се пресретне комуникација дека таква голема и опасна операција се подготвува, а да не се дектектира, или можеби Русија е презафатена со војната во Украина!?

Второ, извршителите имале пасоши од Таџикистан, а официјален Душанбе веднаш демантира дека издал пасоши на тие лица (да не ќе да имало и во нивното МВР некој како Оливер Спасовски кој за богата награда сепак издал на терористите пасоши?). Во меѓувреме Таџикистан сепак призна дека четворицата убијци биле државјани на оваа земја. Одговорноста за атентатот ја превзеде Исламската држава (ИСИЛ), наводно како освета за руската интервенција против нив во Сирија!?

Но зошто токму сега, кога војната во Сирија одамна е завршена? Патем познато е дека исламската држава е творба на некои западни тајни служби што подразбира дека токму тука можеби лежи одговорот на прашањето: кој стои зад терористичкиот напад?  Извршителите се познати, но не и нарачателите!

Шесто, извршителите на грозоморниот чин беше потврдено дека биле фатени во движење кон границата на Украина. Дали со тоа се сакало да се имплицира дека Киев стои зад атентатот, или како и во случајот со минирањето на подводниот гасовод “Северен ток два” кога се имплицираше дека зад тој чин стои Украина (која нема капацитети за таква операција), но сериозни и компетентни извори укажуваа(т) дека починител е некоја друга, многу помоќна сила.

   Како и да е, сведоци сме дека лудилото на војната и конфликтите продолжуваат!

5. Предлагам:  новата реформска и патриотска влада уште на првата седница да стави на дневен ред точка: обнова на железната ограда околу комплексот на Владата на РМ што лицето Зоран Заев ја отстрани по превземањето на власта пред седум години. Оградата беше поставена со пари од Буџетот на РМ, т.е. со  н а р о д н и  пари, а уништување на народен (државен) имот е кривично дело! На лицето Зоран Заев да му се испрати фактура на еден милион евра колку што се проценува штетата и за надомест на истата, а доколку тој одбива да плати, да му се конфискува дел од имотот (или некоја од фармите за марихуана) што ги стекна за време на мандатот како премиер на Македонија!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top