Коментари

СМЕ ИЗДРЖАЛЕ И ПОЛОШИ ИСКУШЕНИЈА

Martin Trenevski 1

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Нашиот сојузник во НАТО, кралството Норвешка, направи навистина извонреден гест со донација на 75 возила (камиони и џипови) за потребите на Армијата на Република Македонија.

  Гест за почит на којшто искрено се заблагодариваме!

  Гестот уследи по нашата донација на четири авиони од типот Сухој, 12 тенкови Т72 и 12 хеликоптери од советско производство за потребите на Украинската армија (кој би рекол дека сме ти биле толку воено моќни и опремени!?). 

  Слични донации на Украина направија многу земји, пред се членки на НАТО, како Полска, балтичките земји, Чешка и др. Но за разлика од нашиот случај, овие донатори добро се испазарија: го сторија тоа на база на размена  на борбена опрема и средства во стилот: ние донираме тенк од советско производство, а нам Германија или друга посилна членка на НАТО за возврат ни донира современ тенк од германско или американско производство. 

   Сега македонстака армија ќе си има на претек нови камиони и џипови, арно ама за купување оклопни возила еднаш плативме 210 милиони долари и се најавува нова порачка оклопни возила за дополнителни 250 милиони долари, за хеликоптери од типот Леонардно ќе се инвестираат 250 милиони евра, а патем од Франција се набави опрема за противвоздушна опрема за 66 милиони евра. Со други зборови, ние великодушно дарувавме борбена опрема, но за потребите на нашата армија купуваме борбени средства со пари од и онака осиромашениот Буџет. 

   Позната вистина е дека сме лоши трговци и размената е главно на наша штета, но се сомневам дека е во прашање и нешто друго – провизиите што некој производител на воена опрема ги дава при набавка на воена опрема, а некој купувач од македонска страна си ги става во џеб, што е веќе видено!!!

   Сакам да верувам дека новата влада ќе се позанимава и со овој вид на институционална корупција и криминал!?

2. Минатата недела владата на заминување со низа манифестации и активности ја одбележа четвртата годишнина од нашето членство во НАТО. Но начинот на којшто тоа беше направено беше манифестација на примитивизам пар екселанс заради игнорирањето и нетолеранција кон македонската опозиција. Кулуминацијата на нецивилизираниот однос секако беше приватната забава – небаре некаков собир во Клубот на поратениците, на државна сметка,  на кој се истопорија ојлевци-дојлевци од кои повекето немаа ни елементарни допирни точки со настанот и поводот.

   Колку за потсетувае за некадарноста на владеачката номенклатура: Makeдонија беше примена за членка во Алујансата на 4 април 2020 година со кревање на македонското знаме пред седиштето на НАТО, но БЕЗ ПРИСУСТВО НА МАКЕДОНСКИ АМБАСАДОР ВО АЛИЈАНСАТА што не се случили до сега од основањето на НАТО во 1949 година!

  Свесен сум дека дома, во земјата, сеуште има големи резерви на нашето членство во Алијансата, но на скептиците би им порачал: А каков избор има(в)ме? Со какво опкружување се соочуваме и каква гаранција имаме од надворешна загроза. Забораваме ли дека Милошевиќ му предложи на Мицотакис да ја делат Македонија по принципот-до Демир Капија српско, од Демир Капија грчко!?

  И мене ми беше неприфатливо што не примораа да го смениме името за земјата како услов да постанеме членка на Алијансата! И денес, сеуште, ми е неприфатлив тој чин.

Како еден од амбасадорите што лично својски работевме за промоција на земјата во НАТО во три прилики му се имам обратено на поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерш фог Размусен доека не постои ниту еден параграф во актите на НАТО што предвидува една земја да го промени уставното име за да постане членка во Алијансата.! Нема такво нешто! На таквите мои забелешки Размусен обично креваше рамења со коментар: “За жал Мартине, тоа беше  п о л и т и ч к а  одлука”.

   И што сега? Кога сме веќе внатре, треба да бидеме рационални и да ги искористиме можностите што тоа членство ни ги овозможува! Пред се за обука на нашата армија, но и големите можности за нашето стопанство за давање на услуги и производи за потребите на Алијансата.

3. Двојнните претседателски и парламентарни избори се на прагот, а многуте анкети јасно покажуваат убедлива предност на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Значи тука ситуацијата е кристално јасна.

   Единствена резерва имам за однесувањето на надворешниот (странскиот) фактор и за сценаријата на длабоката држава за опстанокот на Македонија!? Веќе слушаме дека очајниот Стево Пендаровски ангажирал некој Израелец да му ја води предизборната кампања: почнаа да ни доаѓаат разни емисари со недефинирами мисии, а за очекување е кога-тогај да ни се појави и злогласниот Сорос.

  Ваквите работи и не треба да се изненадување бидејки сите соседи, но и поголемите играчи во меѓународната политика имаат свои интереси за случувањата во Македонија, особено заради челично тврдиот став на претендентите за сигурна победа и обнова на Македонија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да не попуштат пред бескрупулозните, па дури би рекол и садистички притисоци за разнебитување на македонската нација и држава со прифаќање на преговарачката рамка за промена на Уставоит на РМ и вметнување на некакви си бугари во преамбулата на највисокит правен акт во нашата држава.

Не смееме сега да попуштиме!!! Сме издржале и полоши искушенија во минатото, но ќе ги издржиме и овие. Уверен сум во ова!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top