Коментари

Пожарот во Универзална како најголем успех на СДС и ДУИ

1Dzepovski1

1Dzepovski1

Уште од првиот ден кога Бејли од Калето ги намести СДС и ДУИ прашање беше само колку штети ќе направат а воедно и до кое дереџе ќе ја донесат Македонија.

Цел свет виде и дозна дека оваа изрод коалиција не изгради ни еден полски клозет два  на два метри од картони иако се испозадолжи преку 10 милијарди евра кај газда Јакобче Ротшилд(овски). Рака на срце само 20 % завршија во Македонија и прекрасната коалиција затоа што кога садиш краставици со дипстејтот т.е. глобалистите, со гаранција 80 % кркаат тие од зделката а простата маса во овој случај Македонците па и сите други мораат да платат и исплатат од свој џеб.

Останува само вакви мучки и махинации како Универзалната сала да бидат ќарот и секира во мед за домашните зулумџии ама пак бацирака е 50 % за глобалистите што значи профит од цели 30 % за Али, Груби, Заев, Ќурката и нивните блиски.

Прогласување патриоти за терористи, ставање во зандани опозиционери и неистомисленици, корупција на секое ќоше, тотален хаос во институциите како и празна каса со долгови до несвест и недоглед на крајот во кој обичниот Македонец писка и плаче од мака, јадови и сиромаштија се факти и докази за оваа влада во пакет со Универзалната сала.

Тоа што хуманитарниот свет подари и изгради место каде културата, уметноста и концертите требаше да ја манифестира Македонија и Македонците како свој дом … ете постана таргет на кое урбаната мафија фрли око па во склоп со мафијашката власт да извадат некој ќар во замена за едно 50 – 60 станови на перфектна локација. Да не заборавиме дека ова допринесува да се одалечат мислите од изборите и “добрососедските“ односи на исток и југ.

БОЖЕ МИЛИ, ИМА ЛИ КРАЈ НА ЗЛОДЕЛАТА И КОРУПЦИЈАТА НА ГЛОБАЛИСТИЧКИТЕ САТЕЛИТИ КОИ ГО РОВАРАТ СВЕТОТ И МАКЕДОНИЈА?

БОЖЕ МИЛИ, ПОКАЖИ ЈА СВОЈАТА СИЛА И МОЌ ШТО ПОБРГУ И ИЗГРАДИ НИ ПОУБАВА И ПОГОЛЕМА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ВО СЕКОЈ ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА!

БОЖЕ МИЛИ, со помош на Македонскиот измачен народ, стави крај на оваа ненародна, антимакедонска влада!

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top