Коментари

Албанофоби се тие кои последниве 7 години иселија илјадници Албанци од Македонија

1Mane

1Mane 3 Мане Јаковлески

Албанофоби се тие кои последниве 7 години иселија илјадници Албанци од Македонија.

По седумгодишното владеење на ДУИ и СДС, селата и градовите во западна Македонија се празни, народот масовно се иселува.

ДУИ и СДС пред 7 години ветуваа во Македонија ќе имало  мед и млеко, сите ќе сме биле еднакви, редеа кондури пред влада демек сите што заминале од Македонија ќе ги врателе. Денес по седум години на власт не само што не ги вратија, Македонија ја напуштија нови илјадници со се’ семејства.

Се што ветуваа тогаш излажаа, корупцијата е на прво место  во Европа, криминалот на највисоко ниво, урнисано здравство, корумппирано судство, уништено земјоделие,  потрошени милијарди евра а ништо не е изградено, дури и тоа што беше започнато од предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да го дозавршат,…Денес ветуваат и го лажат народот за истото што го ветија тогаш, демек сега ќе го направеле, никој повеќе не им верува.

За работа не ги бива, ама за криминал, за местење тендери за вршење притисок и заплашување на народот се први. Кога видоа дека многу наши сограѓани од албанска националност гласаа а уште повеќе ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на 8 мај  ги фати паника. Деновиве на семејства од албанска националнот во западна Македонија започнаа да им вршат притисок.

Пример е село Чегране-општина Гостивар. Веќе неколку денови полиција и инспектори од Тетово и Гостивар без налог, без да е запишано во полицискиот билтен, вршеле контроли и на граѓаните им барале да проверат дали имало знаме и го барале  штабот на ВМРО-ДПМНЕ во ова село. На малолетни деца им се заканувале и им вршеле претрес по нивните џебови и тоа без налог и без присуство на родител.

Сакам да ги прашам овие самонаречени патриоти,  не им пречеше кога ние дававме подршка на кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Врапчиште и во цела западна Македонија? тогаш не беше Мицкоски албанофоб. Ќе ги потсетам, тогаш Ни велеа фала Брат, тогаш бевме браќа. Е како сега од браќа испаднавме албанофоби?

Христијан Мицкоски, Претседателот на  ВМРО-ДПМНЕ не го дели народот по национална или верска основа, ги дели единствено на чесни и нечесни.

Уште еднаш ќе повторам, Албанофоби се раководствата на ДУИ и СДС, токму тие самонаречени европејци последниве 7 години иселија илјадници Албанци од Македонија токму во Европа.

Мои пријатели и комшии Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и други, ДУИ И СДС СЕ ВЕЌЕ ПРОЧИТАНИ, НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ УШТЕ ЕДНАШ ДА НЕ ИЗЛАЖАТ! Ве повикувам масовно да го дадеме нашиот глас за Бр. 2, за Гордана Силјановска Дафкова и Христијан Мицкоски.

Заено сплотени државава да ја вратиме во твои, во наши раце!

df3a4d08ab606497442bc7dfc287b047

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top