Коментари

ГОРДОСТ ШТО НЕ ПАЃА ПРЕД МУДРОСТА

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Од грда, од грешна гордост потекнува падот, губи гордоста пред мудроста. Не е исто лажни ликови да глумат гордост, без достоинство, без отворена, искрени добродетел, и кон моќни и кон немоќни.  Лажно важните, и сопствени деца фрлат од планински врвови ако гордоста им е лудост, моќ за незаслужен плен. Лажно важните, народ тужат и казнуваат кај Врховното Зло. Причина? Народот   бил горд и бранел свои куќи, ниви, природа… се’ што му одземале од историски наследства. Мудра не е таа гордост. Народот усвет да фаќаат од тиранија, а тираните, намесници на болни души, со грешна гордост, безмилосно прават пари и партија, разјадена, разградена држава на хартија, и не.   

Не смее да важи веќе „Каде има век ќе има и лек“. Во спротивното е вистината: Каде народот  создаде лек ќе има и век за тие што издржале со надеж, и векувале за слобода и мир. Таквите градители со горди гради градат, работат на чесна човечност, иако непризнавани од нечестивите.

Штити се, народе, од маси и места каде зад грб ти бодат клинови – грабливите полу змии-полу стии. Препознавај ги, пред да те свлечат во нивни фонтани, фатаморгани, оази од единството… за да нема спас за љубовта кон секого, за да те довалкаат вулкани под течна Кора изобразена. Да не

Стане предоцна, народе… Отворено пламнат е ненаситниот ад што те колне со јад и бес. За тој рудник/темна сила, земјата била само негова ексклузивна бела вила. Таму се раѓале одродени од вистината, љубовници без љубов, јавачи на безбожна апокалипса – да стигнат до врски со светски подиум без ум, со луда песна и вештачки фит-тело без здраво, умно, достоинствено гордо дело.

Луѓе мои, доста до сега ве газеше сечија крваво-каллива чизма, и ве лазеше нечија изместена совест и ве крадеше, јадеше, крадеше – таа нивна стрвна страст, се’ што е ваше, од ум, до имот, до друм, до патишта кон иднината. Со оѕверена радост пеат за колежи и силувања, и се смеат на вас невините, праведните. Не даваат да писнете, за да свиснете прегорите како босилек запален во храм на нивниот арам. Доста кралство на анти-човечно ривалство и лажни богови. Време е за единствениот Бог, бескрајната мудрост, човечниот човекот со свето срце. И овој народ знае за себе, како и сите свесни. Доста шпионите носеа венци на власт и без милост забрануваа сјајни гордости. Немаат тие вечно право – народ и историја да бришат по своја нарачана меморија, по учењата на МракСисти, Мрсолиниевци и западнати кодошки и кокошки со лажно златни јајца. Предавникот, анти-македонецот, снемува права и слободи да отпишува македонска историја.

Секој некого чека. Но, не секој заслужува да дочека. Некој сам си го труе благословот. И птиците бегаат од отровни стреи. И огнот сам се гасне задавен во воздух без воздух, без дух. За разорните секоја граница е отворена – се’ до пеколот играат тие со беснило за моќ, и наредуваат: „Немој веќе да  пишуваш за лозата твоја, тоа ти е поза што за туѓите „познавачи“ значи непризнаен идентитет“.  Но, и после се’, народе добар, народе горд, сонувај и гради македонски градови на гордоста, знаеш да вклучуваш правда за сите, осознавање со љубов и кон зависниците од пари, промоции, престиж и комоции, пир без мир. Вештачките магови со нивните магии сепак ќе загубат сила против крила на слободите и правата. Од сите страни е увидено веќе: Македонија не е цвеќе на злото, туку на рајот.

Доста беше таа холограмски холокауст, трофеј за грдите, гнасните. Тие ангели и’ силуваа, во кошмар-комар присилуваа владеење, сеење метални комарци, ѕверчиња вештачки. Но, народот, од поточиња, до езерца, до реки и океани – веќе се брани.

Да сме збрани за обнова на гордата земја, труена, запустена, за води одведени во подземја, за воздух од небата истиснат. За свет оган во нас.  

432706599 1614109015992102 6231942759736074674 n copy

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top