Коментари

Ламбе Арнаудов: ВМРО-ДПМНЕ И НАРОДОТ – ИСТА АГРЕГАТНА СОСТОЈБА

lambe-arnaudov

1Lam1

Ете, тоа е клучот на најголемата и сигурно најважната 28ма по ред ПОБЕДА, заедничка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и НАРОДОТ.

Оваа ПОБЕДА според мене е рехабилитација на Илинденското востание, и со право може да се нарече бескрвно, ненасилно и цивилизациско МАЈСКО ВОСТАНИЕ што успешно заврши и ја спаси и ослободи МАКЕДОНИЈА од неразбрани клети домашни душмани кои седум црни години го туркаа МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и нашата татковина МАКЕДОНИЈА во бездна од која што нема излез.

Победа и евентуална заклетва на кривоклетниците пред Уставот, во Собранието на Република МАКЕДОНИЈА, на овие избори, ќе значеше КРАЈ за сите надежи, досегашни достигнувања и иднина за милиони граѓани и трансформирање на МАКЕДОНИЈА во феудален посед на неколкумина одродени неранимајковци со крастосани намери за нејзино комплетно, целосно уништување.

И, безглаво удираа во цврстата неосвоива  тврдина што до сега, ниту пак во иднина, некој ќе може да ја разурне и освои нераскинливата тврда агрегатна состојба врз која почива, заедничката љубов сплотена врз родољубие и патриотизам, на најсилната алијанса што воопшто некогаш постоела како што е сега оваа која цврсто стои на длабоки темели, не΄рѓосувачки шрафови, носечки ѕидови и столбови што не може никој да ги разурне, сé заедно во грандиозна цврста АГРЕГАТНА СОСТОЈБА помеѓу ВМРО-ДПМНЕ И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. 

Се обидовте, на разни начини, идиотски проекти, измами најчесто приземни, понижувачки одродувачки, насилни, заплашувачки затворски казни апсолутно незаслужени, ограбувања, кодошења и дома и надвор, поткупи од украдени пари од народот и што ли уште не, црни сценарија што нормален човек не може да ги замисли а камо ли да ги примени.

Почнавте, гласно срамно, со името, ама…:

ИМЕТО ВИ ГО РАСПЛАКА МАМЕТО.  

Генијалноста на расипаните умови лежи во подготвеноста на поединци тиквари, како вас неколкумина, да измислат и направат штета со трајни, несогледливи и апокалиптични последици по народот, државата и сите нејзини институции, и до толку арогантни од приграбената моќ Господ Бог единствениот, го заменивте со многубожества  од вас самопрогласени богови кои сега кога ви ги симнавме маските, сите, дури и вашите најблиски видоа какви црни ѓаволи (натемаги) сте.

Со вашите пореметени менгелевски мозоци знаевте што правите. Името, повлекува сé, тоа е крстително од ГОСПОД како што е изводот од матичната книга за сите нас.

Знаевте што сé повлекува и затоа почнавте од змијата што го измами АДАМА со јаболкото. Почнавте со името, во својот пеколен поход кон разнебитување на МАКЕДОНИЈА уништувајќи ги сите природни нишани и државнички обележја на еден древен народ МАКЕДОНСКИ, идентитет, јазик, култура, историја, традиции, фолклор, вероисповед, после кое сето ова исчезнува еден цел народ. Геноцид од домашни автофашисти, што конечно доведува до вашата крајна цел, губење територија, исконска, што цареви, императори, кралеви, силни царства, срамни алијанси, не успеале.

За малку ќе успеевте. Ама заборавивте на ВМРО-ДПМНЕ, бедемот на одбранате на сé што е МАКЕДОНСКО, светлината на духот, топлината на душата, храброста на срцето.

Ајде сега кажете како ќе победевте, клепачи низаедни?

НИКАКО! е одговорот.

Не ја видовте непобедливоста во цврстите врски на нашата заедничка и нераскинлива вечна поврзаност во најсилната агрегатна состојба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и НАРОДОТ.

Зошто низ текстов доминира цврстата агрегатна состојба?

Еве, зошто!

Се обидовте тој вид на агрегатна состојба што е со векови внедрена во нас да ја трансформирате.

Прво се обидовте да биде агрегатна состојба вода, да не обликувате како што ви одговара на вас предавниците. Де не туривате во разни садови и да изгледаме постојано менливи, неконстантни.

Не ви успеа!

Продолживте со четвртата агрегатна состојба да не направите лигави, да се движиме неконтролирано, со еден збор ни мое, ни твое.

Не успеавте!

Главното што следеше, деновиве ни спремавте промена на агрегатната состојба од цврста во гасовите. Од народот древен МАКЕДОНСКИ сакавте да направите пареа, која во најкраток можен рок ќе испари во воздухот без да остави било каква трага.

Не успеавте!

Ве советувам и ве опоменувам:

Престанете да водите однапред изгубени битки.

Не е важно секогаш кој победува. Важно е КОЈ Е ПОБЕДНИК.

ВМРО-ДПМНЕ кога “војува“ и победува однапред се знае победникот:

ТОА Е НАРОДОТ.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top