Зоран Петров
Многупати во поодалеченото и блиското минато, во најтешките моменти за опстанокот на македонскиот идентитет и овој пат македонската нација и Македонците како библиски народ ја докажаа својата љубов кон татковината Македонија, покажувајќи високо ниво на самосвест и почитувајќи ги своите славни корени и славно минато.
На последните претседателски и парламентарни избори, коишто се одржаа на 24-ти април и на 8-ми мај, македонскиот народ недвосмислено и одлучно го искажа својот револт и незадоволство кон одродено-предавничката влада на СДС.
Истата, со своите предавнички постапки и без вољата на народот (кој што е суверен во сопствената држава Македонија), незаконски го промени уставот на Р. Македонија, за чиешто име и нација животот го положија најхрабрите синови и ќерки.
И покрај сите понижувања и навреди врз македонскиот народ и нација на последните избори, излеговме достојно и гордо, својот глас го дадовме за Гордана Сиљановска Дафкова за претседател на Македонија, а на парламентарните избори за ВМРО-ДПМНЕ, којашто претставува континуитетот на славното минато на организацијата.
И овој пат се докажа дека македонскиот народ и организацијата во најтешките моменти за опстанокот на нацијата и државата се сплотија во една душа и едно тело.
Со освоените 58 мандати во народното собрание, ВМРО-ДПМНЕ и македонскиот народ остварија голема победа, со што си ја вратија пред сè гордоста и сувереноста на својата татковина и нација.
ГОЛЕМО БРАВО ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!
ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!
ДА ЖИВЕЕ ОРГАНИЗАЦИЈАТА!