Коментари

ЛАГИТЕ ЗА „ИЛЈАДАГОДИШНИОТ КАРАКТЕР“ НА БУГАРСКИОТ ПИСМЕН ЈАЗИК

1dons

1dons copy Александар ДОНСКИ

Едно од  тврдењата  на денешната бугарска пропаганда и историографија е наводната „вековна старо­бугар­­с­ка книжевност“, на која наводно припаѓа и македонската. Меѓутоа, бројни податоци од тоа време зборуваат дека дури и во почетокот на 19 век нај­големиот дел од Бугарите не само што биле неписмени луѓе, туку не­мале ни свој книжевен бугарски јазик (бугарскиот книжевен  јазик, ка­ко што е поз­на­то,е создаден дури во втората половина на на 19 век).

          Во 1987 година бугарската историчарка Марија Тодорова ја објави книгата под наслов „Англиските патеписци за Бу­гарија“, во која се претставени вредни сведоштва од англиски патеписци кои во 19 век ја посетиле територијата на денешна Бугарија, опишувајќи разни сегменти од животот на тамошното население, при што спомнале и детали поврзани со писмениоста.

          Така,на пример, Роберт Волш во патеписот од неговата посета на Бугарија во 1827 во врска со писмениот јазик што го користело тамошното население запишал:

           „Таму каде што не се користи грчкиот јазик во богослужбите, се користи древниот писмен јазик, но бидејќи Бугарите не го разби­раат ни едниот ни другиот, тоа значи дека тие прак­тично богос­лужбата ја слушаат  на за нив непознати јазици. Во оние малку учи­лиш­та што ги има по градовите сите учебници се напишани на грч­ки, иако тој јазик народот не го познава. Поради сето ова најголемиот дел од луѓето се неписмени. Јази­кот што го ко­ристат е само устен и овој јазик никогаш не бил лите­ратурен. Дури неодамна  биле отпечатени неколку книшки на овој јазик, но јас не успеав да видам ниту една од нив… Во многу места нема ни училиш­те, ни црква, ниту пак книги… Низ сите села низ кои поминав не сретнав ниту еден човек што да знае да чита и да пишува“. 

           Во ова сведоштво е многу значајно тврдењето дека Бугарите во­оп­­­што не го разбирале ни т.н. црковнословенски јазик, па нејасно е зош­то некои денес и понатаму, тврдоглаво и вон секаква логика, тврдат дека овој јазик бил  – „бугарски“.

         Впрочем, за непостоењето на каква и да е бугарска литаратура дури и во првите децении од 19 век, сведочат и неколкуте национално         осоз­­­наени бугарски преродбеници од четириесеттите до седум­де­­сет­тите години на 19 век. Овие бугарски дејци жестоко го крити­ку­вале нис­кото ниво на писме­носта кај Бугарите,како и непос­тое­њето на кни­жевен бугарски јазик. Најго­лем доказ за ова се бугарските пре­род­бенички текстови напишани на срби­зиран бугарски јазик, во кои авто­рите недвосмислено се жалат дека Бугарите немаат свој книже­вен ја­зик и бараат веднаш да биде создаден ваков јазик.

          Понатаму, во нашата јавност е малку познато дека пред да биде создаден бугарскиот литературен јазик (средината на 19 век) тогаш­ните ретки бугарски панслависти отпрвин пишувале на јазик што претставувал мешавина помеѓу старословенскиот, рускиот и српски­от јазик и овој нивни јазик бил тешко разбирлив за ретките Бугари што умееле да читаат (а за денешните и да не зборуваме).

        Ова може лесно да се потврди ако се разгледаат тогашните бу­гар­ски текстови напишани од крајот на 18 век, па се до средината на 19 век.

        Подоцна, по востанието во Србија, во почетокот на 19 век, бу­гар­ските преродбеници почнале да ги пишуваат своите дела на – срп­ски! На српски пишувал и големиот бугарски поет Љубен Ка­ра­ве­лов.

           Во четириесеттите, педесеттите, шеесеттите, па дури и во се­дум­де­сеттите години на 19. век, Бугарите почнуваат да пишуваат на еден србизи­ран бугарски јазик, кој денешните Бугари тешко го раз­бираат. Поради ова текстовите на тогашните бугарски прерод­беници денес во Бугарија се преведуваат на современиот бугарски литера­ту­рен јазик.

         Како илустрација на сето ова ќе ја спомнеме книгата под наслов „Перио­дически печат преди освобождението“ од В. Пундев (Софија, 1927), во која  е застапен поголем избор на оригинални бугарски текс­тови од четириесет­тите до шеесеттите години на 19. век. Во повеќето вакви текстови тогашните бугарски преродбеници се жалат поради погрчувањето на Бугарите и немањето свој сопствен бугарски книже­вен јазик. Голем дел од овие текстови се напишани на мешан бугарско-српски јазик.

         Така, на пример, Константин Фотинов од Смирна во 1842 година пишува: „Народ болгарски спава,(…) Настави…народа оних, кои поју…“ и сл.;  Димитар Мутев од Калофер во 1858 год. пишува: „Оно показува что и мие сме хватиле да разумеваме, колко еден народ злополучен и удален  од своето велико предзна- чение, кога он се лишават од науките“. – и многу други примери. Српски (но и грчки) зборови се среќаваат и во подоцнежните бугарски преродбенички текстови од.

          Пишувањето на бугарските преродбеници на србизиран јазик не останало незабележано од странската наука, па позна­тиот чешки славист Јозеф Добровски во своите објавени истра­жува­ња за  старословенскиот јазик, тврдел дека бугарски јазик не постои и дека јазикот на Бугарите претставува наречје на српскиот.

           Дека бугарскиот јазик е наречје на српскиот тврдел и Шафарик во 1826 година, за што пишува и бугарскиот историчар Шишманов.

           Речиси сите бугарски преродбеници од средината на 19 век се жалеле дека бугарски книжевен јазик не постои и дека треба под итно да се создаде таков. Најдециден во ова е преродбеникот Теохаров, кој во својот труд „Некол­ку зборови за бугарската литература“ (1860) запишал:

            „Бугарите не само што немаат современа литература, туку тие с#  уште немаат направено ни почетни обиди во тој правец… Бу­гарскиот народ пред триесет години беше уверен дека нема свој сопствен книжевен јазик и дека со бугарскиот јазик не може да се пи­шуваат научни книги, туку само со грчкиот, како и дека со помош на грчкиот јазик, може да се описмени секој Бугарин. (Периодически печат… цит. дело)“.

         Па,според овие факти само по себе се поставува прашањето: на каков бугарски кни­жевен јазик пишу­вале нашите преродбеници, кога самите Бугари твр­деле дека таков книжевен јазик воопшто не пос­тоел, и тоа дури и во втората половина на 19 век? Ако ја прифатиме ноторната вистина дека првото дело напишано на современиот македонски литературен јазик се појавило во 1903 година, тогаш вре­менската разлика, помеѓу ова дело и првите дела напишани на вис­тин­­скиот, несрбизиран бугар­ски книжевен јазик одвај би изне­сува­ла само нешто повеќе од  трие­сетина години! Значи, наполно се руши хипо­тезата за навод­ниот „илја­да­годишен карактер“ на бугар­скиот кни­жевен јазик, на кој навод­но пи­шувале нашите преродбеници и од кој наводно нам ни текнало да се делиме во 1945 година. Напротив, самите бугарски преродбе­ници, дури и во средината на 19 век, тврделе дека тогаш бугарски литера­турен јазик воопшто немало, па поради тоа тие биле принуде­ни прво да пишуваат на српски, а подоцна и на маглив бугар­ски јазик, преполн со српски зборови (за што постојат уште многу примери)!

          Практично бугарските преродбенички текстови биле напи­шани на јазик што денес современите Бугари одвај дали го разбираат е и фактот дека ду­ри и во овде спомнатото издание (Периодически печат) од 1927 година (во кое се објавени овие тек­ст­ови),како допол­ну­вање на секоја страни­ца има бројни фусноти со пре­вод на одредени зборо­ви од тој јазик на современиот литературен бугар­ски јазик.

          Некои македонски бугаромани со пот­смев твр­дат дека македонската преродба се сведувала само на неколку книш­ки напишани на западниот дијалект, но тие немаат поим дека и бугарската преродба во 19 век се сведувала само на седум повремени списанија и неколку весници. Од сите тие списанија ни едно не било печатено во Бугарија, што значи дека тие биле недос­тапни за по­ши­роките бугарски маси (се разбира, ова се однесува за пери­одот пред ослободувањето на Бугарија од страна на Русите). Така, на пример, списанието Љубословие било печатено во Смирна (првиот број во 1842 година). Списанието Мирозрение е печатено во Виена (1850), Блгарски книжици е печатено во Цари­град (1857), а така е и со списанието Читалиште (1870). Списанието Братски труд, е печа­тено во Москва (1859-1860), а Знание – во Букурешт (1875). Конечно, Периодичното списа­ние на Бугарското книжовно друш­тво е печатено во Браила (1870-1876).

         Посебен проблем на бугарските преродбеници тогаш било и декларирањето на голем број Бугари како Грци и масовното  ширење на грцизмот во Бугарија. Во врска со ова пишува и спомнатиот преродбеник Теохаров, кој во 1860 год. пишува:

         „Дури и ако  Бугарите си го знаеле својот јазик, тие и да сакале, не можеле да пишуваат на него, бидејќи сиромаштијата и прогонот од Грците не им дозволувале да се зафатат со таква работа. Та и самите погрчени Бугари, не само што не ги поддржувале и не им помагале на ваквите луѓе, туку и ги исмевале нивните книги… Грците си ги тегнат кон себе погрчените Бугари… Не е чуд­но што и денес  некои Бугари се одметнуваат од својот народ и се при­лепуваат до туѓиот грчки народ“. (Периодически печат… цит. дело).

        Во продолжение авторот погрчените Бугари навредливо ги наре­кува простаци.

         За проблемот со грчката пропаганда во Бугарија пишува и Т. Икономов од Жеравна (Котленско) во 1870 година, а во предговорот на списанието „Љубословие“ објавено во Смирна (1842) Фотинов пишува:

        Бугари, благочестиви и православни, до кога ќе спиете во тој длабок сон на незнаење?… Ах, колку е срамно за нас! Многу народи, кои настанаа по нашиот, а кои немаа своја книжевност, се зафатија и почнаа да се просветуваат…, а бугарскиот народ спие!!! (Перио­дически печат… цит. дело).

        И Димитар Мутев од Калофер во своите статии објавени во списа­нието Блгарски книжици  (Цариград, 1858), откако констатира дека Бугарите во областа на културата се многу поназад од другите народи, ги повикува да се разбудат.

         Иван Богоров (кој го заменил Мутев како уредник на Блгарски книжици) во шеесеттите години од 19 век исто така го спомнува вли­јанието на етнич­ки­те погрчени Бугари, кои во тоа време ја ширеле елинизацијата во Буга­рија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top