Коментари

Тешки предизвици пред новата влада!

DOOM - Kongres 2 copy copy copy

DOOM - Kongres 2 copy copy copy copy

Македонска нација

Преговорите за идната влада меѓу коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата на опозиските албански партии „Вреди“, како и со Движењето ЗНАМ, се во напредна фаза. Се очекува новата влада да биде формирана до 20 јуни. Пред оваа нова Влада ќе престојат тешки задачи на внатрешен и надворешен план: надминување на хаосот кој го оставија СДС и ДУИ во текот на седумгодишното владеење со земјата, како и надминување на пречките кои ги поставуваат Грција и Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ.

За да се справи со хаосот кој СДС и ДУИ го оставија дома, како и за да се надминат пречките за влез во ЕУ, новата влада ќе треба да се фокусира на Копенхашките критериуми. – правила кои дефинираат кои земји се подобни да се приклучат на Европската унија.

Во 1993 година, Европскиот совет усвои три главни критериуми што земјите кандидати мора да ги исполнат доколку сакаат да станат членки:

Политички критериум – стабилност на институциите кои обезбедуваат демократија, владеење на правото, почитување на човековите права и правата на малцинствата и прифаќање на политичките цели на ЕУ;

Економски критериум – постоење на ефективна пазарна економија и способност на пазарните фактори да се справат со конкурентските притисоци и пазарните закони во рамките на ЕУ; и

Правен критериум – усвојување на целокупното стекнато право на ЕУ.

Покрај овие три критериуми, секоја земја која сака да стане полноправна членка на ЕУ мора да го исполни и четвртиот, административен критериум (критериум Мадрид), кој бара прилагодување на соодветни административни структури со цел да се обезбедат услови за постепено и хармонична интеграција.

Со исполнувањето на овие критериуми, реформи во сите области, пред се ќе се надминат домашните катастрофални состојби кои зад себе ги оставаат ДУИ и  СДС, а со тоа ќе се олесни и патот кон ЕУ – надминување на наметнатите билатерни прашања.

Во текот на седумгодишното владеење ДУИ и СДС, се фокусираа на надворешната политика, а ги запоставија реформите дома.

Водејќи поданичка политика го сменија името и ги загрозија националните интереси. Додека надвор тргуваа со името, идентитетот, јазикот и културата,  дома овозможија огромен замав на корупцијата и криминалот.  Така денес нема област, во која не е потребен ремонт. Сепак меѓу најважните задачи на новата власт за да се  спречи корупцијата и криминалот во земјата ќе биде реформа на правосудниот систем.

Имено, реформскиот процес е исклучително важен пред се за нас самите, а потоа и за евроинтеграциите, Исполнувањето на Копенхашките критериуми се поважни и од мантрата на досегашната коалициона влада на ДУИ и СДС, дека ако се извршат уставни измени  и Бугарите влезат во Уставот, Македонија ќе го започне пристапниот процес за влез во ЕУ.

Со променето име, иако на референдум не го одобри македонски народ, станавме членка на НАТО, но не и на ЕУ и покрај ветувањата. Тоа треба да биде опомена, дека  дури и да се извршат уставните измени, никој на Македонија не и гарантира влез во ЕУ. Едноставно Грција и Бугарија не сакаат Македонија да биде равноправна со нив во Брисел и додека во ЕУ важат сегашните правила, Атина и Софија ќе се закануваат со вето.

Особено треба да се внимава сега, кога ЕУ се наоѓа на прекретница, да се биде или не.

 Различните погледи кон воената интервенција на Москва во Украина, непочитување на деморатските вредности и човековите права  од поедини членки на ЕУ, можат да ја загрозат европската идеја.

Пред претседателот на Македонија Гордана Силјановска Давкова и пред идниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски претстојат тешки предизвици на внатрешен и надворешен план. Сепак главен фокус треба да бидат реформи  во правосудскиот систем, заштита националните интереси, борба со корупцијата и криминалот, се со цел да донесат подобар живот на македонскиот народ и останатите заедници во земјава.  

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top