Коментари

ДУИ со закана за дестабилизација доколку не остане на власт!?

1Mane

1Mane 3 copy copy

Мане Јаковлески

Министерот за правда во заминување Кренар Лога испратил писма до Делегацијата на ЕУ, до амбасадите на САД, Германија , Франција, Холандија и Белгија, до мисијата на ОБСЕ, во кое изразил загриженост за најавите на новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ И ЗНАМ дека подготвуваат пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории, Судскиот совет и Советот на јавните обвинители.

Најверојатно исплашени што ги чека, бидејки во јануари 2024 година, македонската влада доби допис од комесарката за човекови права на Советот на Европа  Дуња Мијатовиќ со кои се бара поништување на амнестијата за Хашките случаи. 

Барањето повторно да ги истражат четирите хашки случаи: „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“, како и можноста да се одговара за низа незаконски дејствија, предизвикува паника во раководството на ДУИ. 

По губењето на власта на последните претседателски и парламентарни избори, раководството на ДУИ стравува дека по повеќе од две децении на власт, за кое време никој од челниците на ДУИ не одговарал пред домашните судови, сега од опозиција нема да можат да влијаат врз судството. Поради тоа тие по секоја цена, па и со закани од дестабилизација на земјата, се обидуваат да останат во власта.

Мора во државата повторно да се воспостави правда за сите, да одговара секој кој го прекршил законот и не смее елитата да биде заштитата.

По најавената нова владина коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, смета дека се прекршени Охридскиот договор и изборната воља на Албанците. По тој повод, во Тетово, беше усвоена политичка декларација за етнички изборен легитимитет, во кој се потенцира дека „Европски фронт“ има изборен легитимитет од нивните заедници да ги претставува и тој мора да се почитува од мандатарот.

Меѓутоа, преставувајќи се како гарант на Охридскиот договор и олеснувачи на Мајскиот договор „победник со победник“ кој ДУИ прв го прекрши, челниците на ДУИ забораваат дека нивната коалиција „Европски фронт“ е составена од партии на Албанци, Турци, Роми и Бошњаци, дека не го презентираат мнозинството Албанци во земјата и дека воопшто нема прекршување на Уставот и законите.

Уцената на челниците на коалицијата „Европски фронт“, со „политичко–територијална автономија на Албанците“ и промена на граници, ако не бидат дел од власта, спротивно од нивното име „Европски фронт“ претставува антиевропски чин, пат кон дестабилизација на државата и Балканот, кој за време на Руско-Украинската војна најмалку му е потребен на ЕУ и НАТО. 

Во текот на повеќе од дводецениска власт, народот имаше можност да види како и колку челниците на ДУИ се грижат за Албанците и за сите граѓани во Македонија. Празни села, сиромаштија, криминал во секое министерство, местење тендери, расипништво, руинирано здравство,… Секогаш кога ним им требаше, ги подгреваа етничките тензии, за кои цената ја плаќаше обичниот човек без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин, Влав, Србин, Бошњак, Ром и сите други без разлика на етничка, религиска и друга припадност.

Мора во државата повторно да се воспостави правда за сите, да одговара секој кој го прекршил законот и не смее елитата да биде заштитата. Време е да се одговара за корупцијата и криминалот во високите политички кругови,…Новата владина коалиција не смее да дозволи корупцијата и криминалот да продолжи да ја уништува државата.

Правда мора да има за сите, без разлика на нивната вера и нација, граѓаните во Македонија тоа го очекуваат, во спротивно сите ќе страдаме од неколкумина алчни политичари од ДУИ и СДС. Исто така, народот со право очекува на сите кои во минатото искрадоа се што најдоа, да им се одземе стекнатиот со криминал имот.  Само така ќе се исполнат очекувањата на граѓаните од идната владина коалиција!

Пораките на челниците на коалицијата „Европски фронт“, укажува дека дворската камарила на ДУИ, (клика која преку интриги влијае врз државните работи во своја корист) не работи само против интересите на ЕУ и НАТО, туку и против самиот албански народ и сите други во Македонија и пошироко на Балканот. Ваквите закани може да ги втурне Албанците во нова воена авантура полоша од 2001 година. Албанската заедница во Македонија не смее да биде заведена од неколкумина корумпирани челници од  ДУИ.

Место да облечеме чизми, униформи и да ги земеме „кубурите“, да си ги земеме нашите деца и внуци за раце, да го спречиме иселувањето, да изградиме праведно општество за сите. Во ниту една војна немало победници, сите на крај се губитници, а највеќе обичните граѓани!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top