
Мане Јаковлески
По иницијатива на Драган Богдановски, пред 34 години, на 17 јуни 1990 година во домот на млади во Скопје се формира ВМРО-ДПМНЕ. Основната причина за нејзиното основање беше борбата за самостојна Македонија и стекнувањето на независност во деведесеттите години на 20. век.
|
Денес меѓу нас го нема идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски и многу други истомисленици кои се вложија во ВМРО и ВМРО-ДПМНЕ. Нивниот лик и дело живее во нас, нивниот Аманет ни дава сила да одиме само напред. Слава им на сите кои се бореле за ВМРО, за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија! |
Внатершната македонска револуционерна организација – Демократска партија за македонско национално единство (ВМРО ДПМНЕ) е конзервативна партија со демохристијанска идеологија. Таа е основана за време на процесот на дезинтеграција на Југославија. Името на партијата доаѓа од историската Македонска револуционерна организација основана во 1893 година, која се залагала прво за политичка автономија, а потоа за создавање држава на македонскиот народ.
Следејќи ги стапките на историското ВМРО, од првиот момент од формирањето, ВМРО ДПМНЕ застанува во одбрана на идентитетот и културата на македонскиот народ. Таквиот став на ВМРО ДПМНЕ ќе доведе до осамостојување на државата на 8 септември 1991 година што беше спротивно на заложбите на поранешните комунисти (СКМ – ПДП), денешни социјалдемократи СДС.
Во текот на 34 години самостојна држава, социјалдемократите се откажаа од знамето, од македонскиот народ кој живее во соседните држави, го сменија името, ја направија земјата двојазична и почнаа да тргуваат со историјата, јазикот и културата на македонскиот народ. Потпишаа два штетни договори, Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија, кои задираат во националните интереси на македонскиот народ и македонската нација.
ВМРО-ДПМНЕ 34 години е на браникот на одбрана на македонскиот идентитет, за разлика од СДС чии челници за личен финансиски интерес тргуваат со нациналните интереси, како да се пиперки и друг зарзават од нивите во Срумичко. За време на владеење на коалицијата СДС и ДУИ Македонија стана обезличена, со зголемен степен на корупција и криминал.
Многу успеси и падови, надежи и разочарувања во денешната триесетичетиригодишнина на ВМРО-ДПМНЕ. Период во кој најголемата и највлијателна македонска политичка партија мина низ многубројни премрежиња и преживеа крупни трансформации. Настаните оставија длабоки траги не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку имаа големо влијание и врз Македонија. И така на Македонија и е судена а на Македонците им стана судбина ВМРО.
Македонскиот народ на последните избори се обедини и масовно ја даде својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и идниот премиер на Македонија Христијан Мицкоски, кој треба да ја врати Македонија на правиот пат и да ги продолжи светите идеали на нашите претци.
Оваа млада генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ успеа повторно да го воздигне нашето ВМРО-ДПМНЕ, да му даде нов елан, Македонецот да верува во него, како на единствена политичко-идеолошка матрица која го штити неговиот опстој и развој.
Денес еден здрав корен е на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е прво горд Македонец, а потоа лидер на партија, но и чесен и достоен граѓанин на денешна Македонија, за која тој цврсто стои на земјата и лавовски се бори и ја води ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ на чело со Претседателот Христијан Мицкоски, ИК, ЦК, Пратениците, Градоначалниците, УВ, УМС, УЖ и Патриотскиот Институт сплотени како никогаш до сега, се гаранција Македонија повторно да биде Горда!
Македонија ќе постои затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е само партија, ВМРО-ДПМНЕ е идеологија!
Среќен да е 34-тиот роденден ВМРО-ДПМНЕ!
Вечно да е ВМРО-ДПМНЕ!
Вечна да е Македонија!