Коментари

ТАКСА ЗА ПОСЕТА НА ШАР ПЛАНИНА

Martin Trenevski 1

1martin1 copy copy copy copy copy copy copyМ-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

1. Владата што замина (во моментов кога го пишувам прилогов мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски веќе го презентира составот на новата влада на РМ) ќе остане запаметена по пустошот што го остави зад себе на политичко, економско, но и на сите други полиња, но не успеа да го уништи духот на народот којшто на изборите си го кажа своето! За мене особено интересна индивидуа за која сакам да напишам збор-два е лицето Бујар Османи – хирург по професија, кој функцијата министер за надворешни работи ја (зло)употреби за себепромоција, но и по тоа што сe застапуваше за интересите на некои наши соседи, наместо за интересите на земјата која го плаќаше – Република Македонија!

  Многу простор ќе ни треба да ја сумираме работата на овој млад, но нагласено етноцентричен интелектуалец кој етничкото (албанското) му беше во прв план, наместо државните интереси на земјата (РМ) што ја претставуваше. Тој нагласено вложуваше напори да  го промовира каде ќе стигне Косово, а не се либеше да презентира ставови спротивно на интересите на државата! Па како да му се заборави на Бујара дека наместо да ги следи ставовите шефицата (според Уставот) на македонската дипломатија – Претседателката на државата Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, тој отворено застана во одбрана на грчките ставови по прашањето на можнпоста приватно да се користи вековното име на државата и нацијата – Македонија и Македонци. Според него, демек Грчката страна била во право, и таа наводно ги исполнила својот дел од обврските од Преспанскиот договор кога го дигнала ветото за членство на Македонија во НАТО,  а таа  имала полно право кога реагирала на (не)примената на принципот “ерга омнес” (едно име и за по надвор и за домашна употреба), на што се обврзала според капитулантскиот Договор од Преспа. Ви се верува ли какво предавство на национаалните интереси на Македонија стори ексминистерот Османи!?

  Лицето Бујар Османи ги погази пред заминување и правилата за неименување на дипломати во преодниот период до именување на новата влада со тоа што потпиша решенија на петнаесетина дипломати во МНР за нивно распоредување во мисии во странство, на што следеа бројни реакции дека тоа не смее да го прави! Последниот “бисер” на Бујара се лекциите (!)  што јавно ги одржа на новата влада дека, според него, не смеело да се говори за “македонска дипломатија”, туку за “дипломатија на Република Македонија”

  Не знам дали ваквите ставови потекнуваат од село Зајас,  од каде до сега беше изворот на  речиси сите политички ставови на Демократската партија за интеграција /ДУИ/, чиј потпретседател е Бујар Османи, или од друг центар /Мала Речица, на пример/, но мислам дека со новата констелација на власт во РМакдонија такви и слични  н е м а  да поминуваат!?

2. Националниот Парк “Шар планина” соопшти дека во иднина ќе наплаќа на секое моторно возило од 150 до 450 денари кое ќе го посетува паркот за да се намалело загадувањето со издувни гасови. Одлуката не важела за месното население, но нејасно е дали ќе важи за сопствениците на викендички, рекреативци и друг вид посетители на овој популарен националнниот парк.

   Оваа одлука е без преседан бидејќи дефинитивно негативно ќе се одрази на посетеноста на националниот парк Шара! 

  Имам посетено многу национални паркови од Австралија, ширум Скандинавија па се до Северна Америка но насекаде гледаш  настојувања националните паркови да се отвораат што е можно повеќе и да нудат привлечни содржини за посетителите. Нашата Шара од секогаш била магнет за посетители, особено зиме, но се повеќе има ентузијасти кои и во топлите месеци одат за да уживаат во прекрасните пеисажи. Но сега, по воведувањето на такса за возилото (за пешаци и велосипедисти не се наплаќало), тврдам дека бројот на посетители драстично ќе се намали.

  Наплатата на такса за возила во националниот парк Шар планина сметам дека е без преседан не само во Македонија (во Републиката имаме уште неколку национални паркови: НП Маврово, НП Галичица, НП Пелистер) и мислам дека е поупатно надлежните што донесле одлука за воведување на такса за возила, да се посветат на хигиената во паркот, за уредување на повеќе паркинг простор, а не да ги одбиваат посетителите до дополнителни издатоци за влез со моторно возило.

   На сакам да бидам скептик, но нешто од внатре ми говори дека во спорната мерка може да има и политичка димензија. Велам може. Но не исклучувам таква можност бидејки сонот за некакви вештачки територијални творби сеуште е присутен во главите кај некои наши сожители пред се од западниот дел на Републиката.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top