Коментари

ПОДДРШКА ВО БОРБАТА ПРОТИВ АНТИ-МАКЕДОНСКИТЕ ПРОПАГАНДИ!

1dons

1dons copy copy copy copy copy

Александар Донски

Во овој текст сакам накратко да го претставам мојот историски канал на You Tube  (Aleksandar Donski History Channel) на кој љубителите на историјата можат да се претплатат или да го посетат на следниот линк:

 //www.youtube.com/@aleksandardonskihistorycha314″>

https://www.youtube.com/@aleksandardonskihistorycha314>

На овој канал во момeнтов се објавени 53 (педесет и три) документарни емисии со оригинална содржина подготвена од мене и тоа снимени на македонски и на англиски јазик. Емисиите изобилуваат со податоци со кои се нанесува непоправлив удар на големогрчката и на големобугарската анти-македонска шовинистичка пропаганда.

Имено, двете фундаментални тврдења на големогрчката пропаганда се дека античките Македонци биле „Грци“ и дека денешните Македонци немаат „никаква врска“ со античнките Македонци. Ваквите тврдења тие и денес ги користат во денационализацијата на Македонците во егејскиот дел на Македонија.

Како одговор на ова, на во 2016 година на мојот историски канал на англиски јазик ја објавив серијата од четириесет епизоди под наслов „THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEK“ („АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“). Серијата (целосно напишана и режирана од мене) е објавена во продукција на Lloyd Harrison Entertainment Group од Австралија (извршен продуцент Џим Стефан, извршен ко-продуцент Горан Котев и асоцијативен продуцент Андрија Петревски). Серијата беше титлувана на македонски со поддршка и помош од Македонската глобална координативна мрежа од Канада со основачот Боби (Боне) Темелков.  Во серијата се објавени автентични сведоштва од над педесет антички автори кои сведочеле дека античките Македонци не биле никакви „Грци“ туку посебен народ со сопствен јазик, кој бил неразбирлив за Грците) и посебна култура, како и дека помеѓу Македонците и Грците во антиката постоеле големи непријателства.

Првата епизода е посветена на воведен дел и на сведоштвата од античкиот историчар Аријан кој јасно запишал дека за време на војната помеѓу Македонија и Персија, во редовите на персиската војска против Македонците се бореле над 30.000 Грци, како и дека најжестоките судири во овие битки биле токму помеѓу Македонците и грчките платеници во Персиската војска поради тоа што (како што пишува Аријан) помеѓу Македонците и Грците тогаш постоело (цитат) „расно ривалство“. Зарем има поголем доказ од ова дека Македоцните не биле никакви Грци? Ако тие биле ист народ со Грците, зарем ќе имало „расно ривалство“ помеѓу нив?

Непосредно по објавувањето на оваа прва епизода од серијата се случи мал инцидент. Имено, за неколку месеци епизодата на Јутуб имаше над 43.000 прегледи и тоа главно од Австралија, САД и Грција! Но, тогаш некој Грк (кој себеси на интернет се потпишуваше како „Хеленски борец“) ја пријавил епизодата на Јутуб затоа што  во неа сум ставил некоја фотографија од грчки националисти за која не сум имал авторско право. Поради тоа, добив известување дека епизодата е симната од Јутуб. Но, уште истиот  ден, јас ја сменив таа фотографија во емисијата и веќе следниот ден повторно ја ставив епизодата на Јутуб, а реакцијата на „Хеленскиот борец“ ја искористив како реклама за самата епизода во стилот: погледнете зошто грчките шовинисти се плашат од оваа епизода. Оваа епизода можете да ја видите на: https://www.youtube.com/watch?v=9h5Mu3IdsvY&t=33s

Се разбира дека можете да ги видите и сите останати 39 епизоди од серијата „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“.

Што се однесува до тврдењето дека денешните Македонци немале „никаква врска“ со античките во 2022 година ја објавив документарната серија во пет епизоди на англиски јазик под наслов „THE DESCENDANTS OF ALEXANDER THE GREAT OF MACEDON (THE ANCIENT MACEDONIAN HERRITAGE IN THE PRESENT DAY MACEDONIAN NATION)“ („Потомците на Александар Велики од Македонија – Античко-македонското наследство во денешната македонска нација“). Серијата е објавена во продукција за македонскиот бизнисмен од Холандија Зоран Чулчески – Чулче во соработка со Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј на чело со Душан Ристевски. Во петте епизоди објавени се бројни податоци во прилог на вистината за големото етно-културно наследство од античките Македонци останато среде современите Македонци.

Во врска со грчката анти-македонска пропаганда можете да ја погледнете и емисијата под наслов „ПРОГРЧКИ ФАЛСИФИКАТ ВО БИБЛИЈАТА“, на која исто така јас сум сценарист и режисер и која можете да ја видите на: https://www.youtube.com/watch?v=BpyeGbZwjzM&t=887s

Во емисијата се посочени податоци за еден неверојатен фалсификат во некои преводи на Библијата во кои, во делата на старозаветниот пророк Даниел, вештачки е уфрлен терминот „Грција“, иако таква држава (ниту област со такво име) во негово време воопшто не постоела и иако тој во своите оригинални записи употребил сосема друг термин.

Што се однесува до големобугарската пропаганда на мојот канал е објавена емисијата „ЕТНОГЕНЕТСКИТЕ РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ“ (чие сценарио е напишано врз основа на мојата истоимена книга на која рецензент беше академик Блаже Ристовски). Продуцент на оваа емисија е Џим Стефан, а ко-продуценти: Горан Котев и Андрија Петревски сите од Австралија. Емисијата можете да ја видите на: https://www.youtube.com/watch?v=lSDOV0yfJTQ&t=193s

Истата емисија е објавена и со превод англиски, овозможен благодарение на организацијата „Обединети Македонци“ од Канада на чело со Претседателот Драги Стојковски: https://www.youtube.com/watch?v=mpQqRXAmdNI&t=4s

На овој канал се објавени и други емисии со историска содржина од кои посебен интерес предизвика емисијата „ИСУС ХРИСТОС И МАКЕДОНЦИТЕ“ (исто така снимена на англиски јазик, со македонски титлови) во продукција на Австралиско-македонскиот театар со извршниот продуцент Душан Ристевски: https://www.youtube.com/watch?v=HiWraz_Vu-E&t=147s

И оваа емисија е заснована врз мојата истоимена книга, чие последно издание беше под покровителство на МПЦ.

Сите емисии се ставени на бесплатно споделување и ре-емитувањеи сите беа по неколку пати  емитувани (и се уште се емитуваат) на националната ТВ СОНЦЕ. Емисиите стојат на слободно располагање на секој медиум што ќе покаже интерес за нивно прикажување.

Ги повикуваме македонските активисти масовно да ги споделуваат содржините на овој Јутуб посебно на странски субјекти канал затоа што само преку ширење на нашата историска вистина пред светот, можеме да се спротивставиме на историските лаги што се шиорат против Македонија и Македонците.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top