Коментари

ЗА КУЛТОТ НА С. АНДОВ И ПРОДАЖБАТА НА ИМЕТО

Martin Trenevski 1

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин Треневски, Поранешен министед и амбасадор

1. Пред некој ден почина Стојан Андов. Беше испратен со бројни медиумски изрази на жалост, па дури и комеморативна седница во Собранието на РМ на која за неговиот лик и дело беседеше лично Претседателот на РМ Проф. д-р Гордана Силјаноска Давкова. Во бројните колумни посветени на С. Андов беа истакнати неговите заслуги како човек на високи позиции во Југословенската федереација, но и како прв претседател на Собранието на независна Република Македонија.

  Изразите на глорифицирање и сочуство кон ликот и делото на Стојан Андов како да беа унисони, т.е. едногласни во ист тон и тоа во афирмативна смисла, со исклучок на реакцијата на оспорување од една професорка по историја во пензија – одличен познавач на поновата историја на Републиката и се разбира моето негативно мислење кое ќе го презентирам подолу во текстов.

  Според мене, Стојан Андов падна на испитот на патриотизмот и лојалноста кон неговата татковина Република Македонија со одсуството на Референдумот за независност на 8 септември 1991 година! Многу пати имам пишувано за овој случај, но во кратки црти да потсетам: Tој не гласаше за Референдумот по совет на некакви генерали на КОС (контрапобавештајната служба на поранешната ЈНА) кои го убедувале дека доколку Референдумот не успее ВМРО  ќе правеле немири, а од кога ситуацијата ќе се смирела тие (генералите од КОС) повторно ќе го лансирале во политиката. Кутриот С. Андов што се не правеше да сe ослободи од овој срам: те монтираа студија каде тој се појавува и небаре гласа и сл. Но факт е (за историјата) дека тој НЕ ГЛАСАШЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНОСТ, што е срамно за претседател на Собранието, институција што – според Уставот на РМ е втора по важност (во одсуство на претседателот на Републиката, претседателот на Собраието го заменува за домашните обврски, па дури и е врховен командант на вооружението сили на РМ).

  Но, според мене, уште поголем грев на Стојан Андов е неговата улога за соборување на Експертската влада на Акад. Никола Кљусев, влада што цврсто ги постави темелите на современа, независна Македонија. Е токму тоа им пречеше на некои белградоцентрични кругови кои настојуваа да ја задржат Македонија како составен дел на скратената федерација (без Словенија и Хрватска). Токму С. Андов поттикнат од некои  белградоцентрични кругови, “реформски” сили и слични ја лансираше тезата дека Експертката влада “не била  политичка влада”, и дека на Македопнија и требало политичка влада која ќе сноси политичка одговорност и слично, Таквите инсистирања на С. Андов добија подршка во наследниците на трансформираните комуинисти и се изнуди гласање за недоверба на Експертската влада и нејзино соборување од власт. (Забелешка: за недоверба на експертската влада гласаа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, насанкани од пораките на С. Андов, но подоцна длабоко жалеа за таа постапка).

  Тоа беа почетоците на агонијата на независна Македонија следени од криминалната приватизација и разграбувањето на “опшествениот”, т.е државниот имот, разнебитувањето на македонството и македонизмот по сите основи и она што Републиката ни е денес: опустошена земја што требаше да ни биде оаза на Балканот.

  Одговорно тврдам дека за почетоците и денешнава агонија за земјата дирено е одговорен и Стојан Андов!

2. Изјавите на новото државно раководство дека дома, во лични изјави ќе го користат историското име на земјата – Македонија, што предизвикаа невидена бура, или вистинска  хистерија во соседна Грција, се повеќе наметнуваат и една друга димензија на проблемот, а тоа е: името на земјата е П Р О Д А Д Е Н О!

  Ова јавно го изрече угледниот новинар Драгаан Павловиќ Латас во последното ТВ шоу “Заспи ако можеш”. Впрочем, и поранешниот претседател Ѓорге Иванов на една трибина во предизборието јавно кажа дека за промена на името на државата се дадени 150 милиони долари!?

   Но особено интересно е како дојде до ситуацијата “ерга омнес” (име за севкупна употреба), на што инсистираа Грција, а нашата страна упорно небаре одбиваше да прифати такво нешто!?. Колку што  се сеќавам, до само еден ден пред потпишувањето на фамозниот Договор од Преспа   (17.06.2018) во опција беше промена на името само за надворешна употреба? Тој фамозен ден пред попишувањето на Договорот од Преспа тогашниот Министер за надворешни работи Никола Димитрот го помина во Струмица, каде со Зоран Заев се возеа со четвороцикли по Беласица и претпоставка е дека токму тогаш и токму таму е скршен (!?) македонскиот министер и утредента се потпиша договор за промена на името и за внатрешна употреба (ерга омнес).

  А како е “скршен” екс министерот Н. Димитров не знаеме, но можеме да претпоставиме. На една  ТВ емисија на калат ТВ24 многу добро инфорианиот новинар и коментатор Љубомир Грајдов кажа дека само за промена на името и за домашна употреба се дадени 30 милиони долари. Дали се дадени и ако се дадени како се делени (меѓу З. Заев, како премиер, Никола Димитров-МНР и главен преговарач, и најверојатно А. Ахмети со кого братски се делеа тендерите и слични приходи!?) не знам, но знам дека денес се наоѓаме во агонија од која ќе патат генерации, дома и во дијаспората.

  На бројните агенции и служби во земјата што се занимаваат со откривање на корупоција и тежок криминал е да трагаат и откријат како е извршено најголемото предавство во 33 години независност на република Македонија!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top