Коментари

Македонска нација: Софија и Атина не можат да се помират дека постои македонскиот народ – сопственикот на македонската земја

DOOM - Kongres 2 copy copy copy

DOOM - Kongres 2 copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонското срце е големо, полно со љубов и отворено за соработка со сите соседи

Бугарскиот претседател Румен Радев неодамна ќе изјави дека најголемиот страв на политичката класа во Македонија  е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“. Меѓутоа, тоа повеќе би одговарало за бугарските и грчките политичари кои се плашат од зборовите Македонец и македонски. Иначе како би се толкувало од нивна страна негирањето на македонскиот народ, неговиот јазик, историја  и култура.

По повеќе од еден век од Балканските војни и Мировниот договор во Букурешт во 1913 година, со кој е поделена македонската територија, Софија и Атина не можат да се помират дека сеуште постои македонскиот народ – сопственикот на македонската земја.

И двете држави се плашат од зборовите Македонец и македонски и се обидуваат по секоја цена да го избришат ова име од картата на Европа. Тие сакаат да му го одземат правото на Македонецот на неговото вековно име, историја, култура и јазик, за да му го избришат сопственичкото право врз македонската територија, која била окупирана за време на Балканските војни (1912 – 1913).

Истовремено одредени сили, кои сакаат да присвојат дел од македонската територија, се обидуваат македонската држава, единственото парче слободна територија, да го поделат на принципот од Втората светска војна: Бугарска окупациона зона и италијанска или албанска окупациона зона.

Не е ни малку случаен пописот во Албанија каде за прв пат се појавува бугарско малцинство кое е чатири пати поголемо отколку што се Македонците. Тоа е поголемо и од бројката на Бугарите во Македонија. Сето тоа е последица од договорите и заканите со вето кон Албанија, како и заканите кон Македонците ако не се попишат како Бугари.

Сепак голем дел од вината за резултатите од пописот во Албанија ја има и претходната влада предводена од СДС и ДУИ кои и покрај најавените активности на бугарската влада со прст не мрднаа да го заштитат Македонците во Албанија.

Од осамостојувањето на Македонија во 1991 година,  македонскиот народ се соочува со уцени, блокади, закани за дестабилизација на земјата, како и закани за вето за влез во ЕУ. Иако е ова надвор од сите права и принципи, меѓународната заедница го дозволувува однесувањето на Атина и Софија,  што е отворен повик за лешинарите.

Но без разлика на сите шеми, стратегии да се уништи македонскиот народ,  Македонецот нема да се покори. А секое негирање на македонскиот народ и неговата држава го нарушува мирот на Балканот и Европа.

И покрај се, сите можат да го крстат македонскиот народ како што сакаат, но тој ќе си остане како што со векови јасно кажувал дека „не се ниту Срби, ни Бугари, ни Грци, туку Македонци“.

Сепак, македонското срце, без разлика на се низ што поминало, е големо, полно со љубов и отворено за соработка со сите соседи. Македонецот само  сака да биде оставен на мир, да не биде негиран и самостојно да си го организира својот живот во својата земја. Само со слобода на Македонија и признавање на македонскиот народ ќе има мир на Балканот и мир во Европа.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top