Коментари

Каков јазик тие зборуваат

Tihomir Karanfilov-001

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy Тихомир Каранфилов

Ален Апвард: Јас го прашав него каков јазик тие зборуваат и мојот грчки преведувач невнимателно одговори: Бугарски. А човекот самиот рече: Македонски.

Јас обрнав внимание на овој збор и очевидецот објасни дека тој не го смета селскиот дијалект што се употребува во Македонија за истоветен со бугарскиот, и одби да го нарече со тоа име. Тоа беше македонски, словенска форма за македонскиот јазик, којшто јас го чув посеверно во грчката форма: Македонике.  И „бугарофонските” жители не сакаат повеќе да зборуваат бугарски. Тие доброволно исковаа нов израз и отсега нивниот дијалект, додека не се ослободат од него, ќе се вика „македонски”. Моите атински пријатели беа восхитени кога им го раскажав ова по моето враќање. Тоа би им дало дури големо задоволство на оние бугарски претставници кои се загрижени кога ќе видат дека Македонците мислат оти се Македонци.“

За посебноста на македонскиот јазик постојат и други сведоштва. Македонија кон крајот на XIX и XX век ќе посетат и голем број балкански и европски научници кои ќе се обидат да го негираат постоењето на македонскиот народ.. Меѓу нив е и Јован Цвииќ (1865-1927), познат српски научник, кој во својата студија „Проматрање о етнографији Македонских Словена” (Београд, 1906 стр. 7 – 8). Меѓутоа и покрај своите контроверзни ставови, тој ќе ја истакне и посебноста за развитокот на Македонците. Во својата студија тој ќе забележи: „ ..Нема, значи, сигурни етнографски знаци, врз основа на кои народните словенски маси би се означиле како српски или бугарски…. Постојат национални и религиозно-национални пропаганди, и некои од нив со децении им ја наметнуваат на Македонците, особено на Македонските Словени, својата национална свест, потоа во таа смисла им го обработуваат јазикот и им ги менуваат обичаите. Во балканските држави, кои полагаат право на Македонија, со децении преку училиштата се формира интелигенција со неточни претстави за напредноста на Македонците. Секоја од балканските држави ги прибројува сите македонски Словени кон својата народност, и тоа стана чувство на големиот дел од интелигенцијата. Поради тоа постои јавно мислење, кое во тоа за миг искрено верува. Странските автори македонското етнографско прашање го расправаа врз основа на двојствени информации..“

Иако до Европа допира вистината, таа ќе и дозволи на соседите да продолжат да го разградуваат македонското ткиво. Грција ќе организира андартски оружени акции против Македонците уште во 1904–1906 г. со помош на платеници од Крит и од други места. Антимакедонската борба за територии се изведувала под изговор дека треба да се казнат Македонците затоа што станале неверници, ја напуштиле грчката црква и се приклучиле кон Бугарската егзархија во 1870 година. По воените ужаси во 1912/13 и Бујурешкиот договор, Грција со европска поддршка успеала да добие околу 51% од територијата на етничка Македонија. За да ја осигура новата територија, таа во 1923 година започнала со етничко чистење на мнозинското македонско население.

Букурешкиот договор, кој ја раздели Македонија без некоја почит кон правдата, беше причина македонскиот народ да биде распрснат на сите страни. Македонскиот народ никогаш не се помирил со тоа. Но како што вели милосрдната католичка сестра Августина Бевике од болницата „Св Павле“ во своето писмо од 1919 година испратено до британскиот дипломат сер Јан Малком: „ Неговата единствена надеж, колку што јас можам да видам, е колку е можно поскоро да биде во една силна автономија која ни Грците, ни Бугарите, ни Србите не ќе смеат да ја нападнат… тие самите сега се викаат Македонци и имаат желба… за една автономија под европска контрола… Сигурно Европа нема да ја остави Македонија под народ што Македонците го мразат и против кој тие ќе продолжат да се борат.“

Но Европа ја заборави Македонија. Како резултат на војните 1912/13, поголемиот дел од македонското население што до Букурешкиот мир 1913 година било мнозинско на етничката територија на Македонија сега е малцинство во Егејска и Пиринска Македонија. Но и покрај сите премрежија кој ги помина македонскиот народ, тој опстојува и во Егејска и во Принска Македонија. Сеуште го зборува својот јазик кој го именува за македонски и себеси се нарекува дека се Македонци. Со никаков декрет тоа не може да го избрише ниту Европа, ниту Грција ниту Бугарија. Никој нив не може да ги натера да бидат Грци или Бугари. За Македонците од територијата на етничка Македонија, нивниот јазик е македонски јазик и тие потекнуваат од древните Македонци. Тоа се корени кои се провлекуваат низ македонската пишана или непишана историја, која од колено на колено се пренесувала и никаков историски фалсификат неможе да го промени нивното мнение.. Нема македонска влада, призната или непризната, немало востание во кое раководството не се повикувало на Александар, Филип и на древните Македонци.

Денес Грците инсистираат дека не постои македонски јазик и дека Македонците се Грци кои зборуваат словенски јаик. Точно е тоа дека македонскиот јазик е славјански, но Македонците не се Грци, ниту некогаш биле. Денес корените на македонскиот славјански јазик допираат до нивните претци, не само од времето на Кирил и Методиј, туку и на древните Македонци, за што се појавуваат се повеќе докази. За разлика од Грците кои зборуваат наметнат вештачки „експеранто“ јазик, единствен во Европа и на Медитеранот, македонскиот јазик е природен и дел од словенската група јазици која е широко распространета во Европа.  И наместо македонскиот јазик да биде сочуван, тие се обидуваат да ја спречат неговата ушпотреба. Но тоа ниту некогаш не им успеало ниту ќе им успее и покрај сите забрани, фалсификати и бришење на сите траги. Ако некогаш Европа го созволуваше тоа, денес тоа не поминува.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top