Коментари

Ламбе Арнаудов: МАЈСТОРОТ И КАЛЏИЈАТА

lambe-arnaudov

1Lam1 copy copy copy copy copy Ламбе Арнаудов

Во некои си тешки времиња, живеел и работел некојси благороден човек, врвен мајстор градител. Сочувствувајќи со тешките состојби на своите муштерии, иако правел врвни дела со своите вешти раце, наплатувал за своите услуги премногу скромно, евтино, само колку да ги покрие трошковите и да преживее, достоинствено и чесно.

Во тајфата имал и еден млад, помалу бунтовен, калџија, кој што се пожалил на мајсторот велејќи му: Зошто? Кога исто работиме ти земаш повеќе пари од мене?

Одговорил мајсторот: Нормално, затоа што знам многу повеќе од тебе.

Не е точно, рекол калџијата, сé што ти знаеш, знам и јас.

Тогаш, мајсторот од џебот извадил едно јајце и побарал калџијата да го застане на врвот од дршката на лопатата со која работел. Тоа е најлесно, одговорил и почнал да се обидува да го стави каде што од него било побарано.

Врти, штури, лево, десно, никако не му успевало и на крајот се предал и рекол дека тоа никој на овој свет не може.

Мајсторот му ја земал лопатата и со мистријата што ја имал во раката нацрпил од калта, ја ставил на дршката и потоа во калта го насадил многу лесно јајцето.

Следувала глупава реакција од калџијата: “Така секој може.“

Да, може, ама требаше да знаеш.

Е, па почитувани калџии, тука е разликата!

Денес, МАЈСТОРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, заедно со својата ТАЈФА исто така вредни мајстори, за само триесеттина дена ви покажа на вас калџиите како се става здрав темел, како се обновува, гради од корен, проширува, надградува и доградува систематски по ред, почитувајќи ги законите на неговото величество ПРИОРИТЕТОТ, се назира чврста, неуништлива, комфорна и комотна, среќна и бериќетна градба, топол дом за секој поединец во општеството.

Уникатна градба, сигурни темели, чврсти столбови, носечки дебели и непробојни ѕидови, сето тоа направено од најскапоцени материјали со восхитувачки фасади и безбедни кровови.

                             Vlada3

Лесно, без многу триење, без барање на алиби, за понекоја тешкотија по пат, со огромна верба во себе дека тоа што го прават е вистинското, бесплатно за народот, а во корист негова, и безгранична љубов, сигурно без застој и забрзано НЕИМАРОТ и неговата ТАЈФА (читај ВЛАДА) го исполнуваат сонот на македонскиот граѓанин, што со вас калџииите беше претворен во морбиден кошмар, од кој секој граѓанин се будеше испотен со тешки главоболки и неизвесна иднина за него, за неговото семејство, за својот народ и саканата и единствена татковина, цели осум (8) години.

И повторно, за само 30 дена ви докажаа, на вас калџиите, дека нашата МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЕЦОТ, нивната пот, нивната крв, нивните страдања, не се за мешање кал.

Ја заглибивте татковината и народот во длабока кал до гуша. Згора на тоа се радувавте, уживавте и бесрамно онаниравте врз обидите да се извлечеме од калта.

Жилави сме истрајни, ние МАКЕДОНЦИТЕ, иако ни подготвивте густа и длабока кал, знаевме дека ќе се извлечеме.

Вербата ни е голема и света ни е целта.

 Се исчистивме, дебелина од калта што ја фрливте врз македонскиот народ.

Калта се мие, непрокопсани вие калџии. Образот не се мие!

Вас, кои и напакостивте на Македонија, генерации и генерации, ќе ве препознаваат граѓаните по валканиот образ со вечно закоравена и неизбришлива кал.

Што и да кажете, како и да се правдате, колку и да злоба фрлате, не ви поминува. Калта од долу и таму останува на дното.

Светлината е од горе, заедно со топлината, нејзината сестра и вечна сопатничка, го осветли патот  и ја стопли душата на МАКЕДОНЦИТЕ.

Калџија куќа не прави!

МАЈСТОР СÉ ПРАВИ, И КУЌА И ДРЖАВА НА СРЕЌНИ ЛУЃЕ!

Тоа го знаете и вие калџиите, ама злобата ви е поголема од духот, па затоа не признавате ами завидувате.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top