Коментари

Александар Џеповски: Илинден е најголем и најсвет Македонски празник

1Dzepovski1

1Dzepovski1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Илјадници години ако не и десетици илјади години, Илинден е најголемиот Македонски ден и симбол на Македонија.

Не случајно сите најголеми работи и од најголеми причини се одбираа да бидат на Илинден, денот на кој Македонците знаат дека им е приклонет и наменет само за Нас Македонците.

Самиот збор ИЛ значи сонце а Илија е име за маж како и Илинка за жена, имиња присутни од памтивек кај Македонците. Свети Илија е единствениот кој со своето тело и до денес живее горе на небото и се смета дека е чувар над Македонија. Исто така да не заборавиме дека од ИЛ и Илија се именувани ИЛИРИТЕ и затоа до денес се разбираме со нив и сме браќа иако некој шири лажни пропаганди и се китат со туѓи перја односно со наши перја.

Битката кај Херонеја во која Филип и Александар ги сотреа атињаните и нивните сателити е само една од низата битки започнати и добиени, се така до Крушево 1903 и АСНОМ 1944. Ибришани се и многу други добиени војни на Илинден ама за тоа ќе оставиме место на компетентни лица да проверат и укажат на тие светли но заборавени или поточно кажано забранети моменти.

Драги Македонци, не треба многу да трошиме време за овие прекрасни моменти од Македонската историја на овој ден Илинден.

Сега е најважно секој Илинден да биде патоказ како да го избркаме душманот од Македонија затоа што има невини браќа осудени за тероризам кои на мува не згазнале. Ова е знак дека некако полуневидливо сме окупирани и чумата да ја истераме а браќата-УСТАВОБРАНИТЕЛИ да ги ослободиме.

Затоа овој Илинден да го посветиме на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, новите Илинденци!

ГОСПОД НЕКА Е СО УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, И СО СИТЕ МАКЕДОНЦИ!

ГОСПОД ДА ЈА ЧУВА МАКЕДОНИЈА, СО АМАНЕТОТ ОД ОВОЈ СВЕТОЛ ДЕН, ИЛИНДЕН!

Браќа и сестри, Нека ни е честит Македонскиот Илинден!

АМИН !!!

2.7.2

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top