Коментари

Тој што не го признава македонскиот идентитет во неговата изворност, Тој не го признава и Светото писмо!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Единството  во Македонија е повеќе од потреба, а единство ќе се постигне кога политичарите кои се избрани од народот ќе работаат за народот на државава Македонија, а не секојдневно да го трујат со разни жалопојки и црни сценарија кога се во опозиција.

Тие што се во опозицијата  мора да научат дека, кога се во опозиција треба да бидат коректор на актуелната власт и да нудат подобри решенија, а актуелната власт да го исполнува ветеното пред изборите и да работи за доброто на наротот, тие што и дале мандат да ја води државата.

Или сите заедно и власт и опозиција да се борат да не ни се смени нашиот идентитет, историја, култура за подобро економија,… тоа секогаш мора на сите да биде водилка за македонските интереси. Во  спротивно, кои би биле последиците? На политички и на национален план последиците би биле крајно деградирачки за нас Македонците во Република Македонија, но и за оние што живеат во соседството и насекаде во светот.

Едноставно несмее да биде дозволено да се плачка сопствениот народ во корист на неколку моќници-среброљупци, да се врши политички терор врз официјалната наука за македонската национална историја, култура, јазик и традиција, независно судство, да се конструираат неприродни тези за „постоење“ на двоен идентитет кај Грците дека истовремено се Грци и Македонци, Бугарите се Бугари а Македонците Бугари, а јазикот што го зборуваат е бугарски а не македонски!

Исто  така, Македонија како држава која ги почитува националните определби на сите кои живеат во Македонија несмее да дозволи еден ден ТИЕ што се чувствуваат Македонци, да им биде ускратено правото да се изјаснуваат како Македонци! Ова е невиден абсурд, ова ќе биде крај на македонската демократија и мултиетничка толеранција која како така фунцкионира во Македонија. На  сите да им се  дозволи да се изјаснуваат како што се чуствуваат и тоа е добро, а на сопствениот народ НЕ, тоа е невидена глупост во историјата на човештвото.

Да се ра­бо­ти за Ма­ке­до­ни­ја е од­го­вор­ност, од­го­вор­ност на илјад­ни­ци кои се бореле, а го­лем дел го да­ле жи­во­тот, тоа е од­го­вор­ност и кон ид­ни­те на­ши поколенија. 

Кој ја сака и работи за добробит на својата татковина Македонија тој секогаш живее под големото сонце, во големиот простор, во големата заедница, како што човек кој искрено верува во Бог не е никогаш сам и безнадежен.

Во Светото писмо (Библијата) постои јасно разграничување меѓу Македонија и Македонците наспроти Елада и од Елините (Грците) а Бугарите ги нема никаде запишано ниту со еден збор.

800px-Targum

Во Стариот завет Македонија се споменува како Китим, а Македонците како Китимци, наспроти Елиса (Грци).

Во Новиот завет на 28 места во 24 стиха се споменуваат Македонија и Македонците, посебно од Елада и од Елините.

Untitled copy

На самиот крај, цитат од научното изложување на Ѓорги Поп-Атанасов, Македонец од пиринскиот дел на Македонијаво неговата книга „Библијата за Македонија и Македонците“:

Тој што не го признава македонскиот идентитет во неговата изворност, Тој не го признава и Светото писмо.

Вечна да е Библијска Македонија, АМИН!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top