Коментари

Македонската војска сама ја ослободува Македонија

DOOM - Kongres 2 copy copy copy

DOOM - Kongres 2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Македонска нација

Во Втората светска војна македонската војска сама ја ослободува Македонија.

На вториот состанок на ЦК на КПМ кое е одржано  од 2 до 4 август 1943 година во Преспа, во непосредна близина на село Отешево, уште познат како Преспанско советување, биле донесени одлуки да се започнат подготовките за свикувањето на Првото заседание на АСНОМ како највисок орган на власт во македонската држава, да се формираат  батаљони и бригади, команди на местата и на подрачјата, обласни и околиски НОО. Наскоро потоа на Славеј планина беше формиран Народноослободителен батаљон „Мирче Ацев“ (18. VIII 1943) како прва регуларна воена единица на НОВ и ПОМ. Денес се слави како ден на АРМ.

Македонската војска се зголемува по капитулацијата на Италија (8. IX 1943), кога единиците на НОВ и ПОМ запленија големо количество оружје и муниција. При ГШ пристигна и првата англиска сојузничка мисија како значаен чин на меѓунродно признание на НОАВМ. Воените сили на НОВ и ПОМ нараснаа на 6 баталјони, една чета со тешко оружје и една батерија топови (X-XI 1943), а е формиран во Првата Македонско-косовска НОУ бригада (11. XI 1943). ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПОМ го формираа Инцијативниот одбор за свикување на АСНОМ

Во Костурско и Леринско, во Егејскиот дел на Македонија, беа формирани Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ, октомври 1943 – април 1944) и Славјаномакедонската ослободителна војска (СОВ) како вооружен дел на СНОФ, во чии рамки дејствуваа НОПО „Лазо Трповски“ и НОПО „Вичо“.

ГШ на НОВ и ПОМ почна да води покрупни воени операции. Воените единици успешно им се спротиставува на надмоќните непријателски сили во едномесечниот Февруарски поход (1944) во должина од околу 400 км, во најнеповолни временски услови, и во Пролетната офанзива (25. IV – 19. VI 1944). НОАВМ веќе доби масовен општонароден карактер (летото 1944).

Во Пиринскиот дел на Македонија се формираа НО бригада „Јане Сандански“ и Пиринскиот партизански одред „Рила“, а Петричкиот партизански одред беше во постојана врска со единиците на ЕЛАС на планината Али Ботуш. Ширум Македонија беа формирани околу 500 НОО и 116 делегати беа избрани за Првото заседание на АСНОМ (ман. „Св. Прохор Пчивски“, 2. VIII 1944) како највисоко законодавно и извршно народно преставничко тело на македонската држава, на кое македонскиот јазик беше прогласена за службен во македонска држава и започнување државниот развиток на ДФМ за сојузна држава во рамките на ДФЈ.

Тие одлуки ги поддржа и првата правна конференција на БКП за Горноџумајската област (Разлошка, Неврокопска, Светиврачка, Петричка и Горноџумајска околија), а во Егејскиот дел на Македонија беше формиран Костурско-леринскиот баталјон, Воденскиот македонски батаљон и потоа Прва егејска НО бригада, кои учествувале во ослободителните борби на Тетовско и Гостиварско.

Македонската војска сама ја ослободува Македонија. Во времето на завршените операции за ослободување на Македонија, под команда на ГШ на НОВ и ПОМ, веќе имало околу 85.000 припадници на НОАВМ, со 7 дивизии и 3 корпуси, меѓу кои и околу 10.000 борци и заднински соработници од Егејскиот и Пирински дел на Македонија. По капитулацијата на Бугарија (9. IX 1944), германските сили претрпеле огромни загуби. А со ослободувањето на Гостивар и Тетово (19. XI 1944) завршило целосно ослободувањето на ДФМ.

Во ослободувањето на Косово и Јужна Србија учествуваа и македонските дивизии, а во завршните операции за ослободување на Југославија учествуваше и Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ составен од 22.000 борци. Македонскиот народ ја заврши војната со околу 25.000 загинати борци и жртви на фашистичкиот терор. Така НОАВМ даде значаен придонес во антифашистичката војна на Балканот и Европа.

(извор: М.Е. том втори,  Скопје, 2009, стр. 837)

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top