
Александар Македонски Џеповски
Превземен коментар од Фејсбук како поздрав до бугарските негатори.
Деновиве налетав на еден коментар на Интернет поточно на Фејсбук и мислам дека вреди да се рашири и види наоколу и пошироко. Па ајде да го проследиме.
Да ја имаш Лидија од Македонија, првата христијанка во Европа,
Да го имаш 1100 години Свети Наум и неговиот манастир, 1000 години Бигорски, 1100 години Свети Климент и Плаошник, што е 300 години пред ренесансата во Европа,
Да го имш Богомилското движење како прво протестантско учење во Европа 6 века пред другите слични движења,
Да го имаш Курбиново со фреската Ангелот од Курбиново стара 900 години, кој го има во истоименото село и само во црквата Равена и никаде на белиот свет на друго место,
Да ја имаш Охридската книжевна школа неколку века пред Болоња,
Да го имаш Галичник со уникатните зографи и ремек делата од дрворези на тамошните мајстори,
Да го имаш Танец со Тешкото, Драчевка, Малешевка, калајџиско и други ора и песни со ритам 11/8 за кои светот станува со овации и се чуди,
Да ги имаш најубавите народни носии и шари,
Да го имаш Делчев со најпрогресивната реченица на овие простори,
Да ги имаш Мисирков, Рацин, Конески, Анастас Коцарев, Петре М. Андреевски, Стефановски Горан и Влатко, Ацо Шопов, Гане Тодоровски…. И уште колку многу имаш мој народе!!!
И да седниш со Бугарите да се расправаш дали сме Македонци и од кога сме.
Е треба да имаш некој синдром на самоуништување и да не се цениш воопшто себеси.
Крај на превземеното од Фејсбук.
Причинува големо задоволство како Македонците си ја бранат Македонија и како со факти и докази ги убиваат во поим своите негатори а во овој случај посебно Бугарите па и Грците. Секогаш има повеќе докази и идеи за дотолчување но ете и тоа “малку” докази и факти се многу слатки и интересни.
Во Стариот завет Македонија се споменува како Китим, а Македонците како Китимци, наспроти Елиса (Грци). Во Новиот завет на 28 места во 24 стиха се споменуваат Македонија и Македонците, посебно од Елада и од Елините.
Цитатот на Ѓорги Поп-Атанасов, Македонец од пиринскиот дел на Македонија: Тој што не го признава македонскиот идентитет во неговата изворност, Тој не го признава и Светото писмо.
МАКЕДОНИЈА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЈАТА ИДНИНА.
ДЕЦА И ВНУЦИ ИМА ВО ДОВОЛЕН БРОЈ ЗАСЕКОГАШ ДА ЈА БРАНАТ И ОБНОВАТ МАКЕДОНИЈА.
ДУШМАНИТЕ НЕМААТ ОСЕТ И ИДЕЈА КОЛКУ Е СВЕТА БОРБАТА ЗА ВИСТИНАТА И ЉУБОВТА КОН МАКЕДОНИЈА И ДЕКА ГОСПОД ЕДЕН ДЕН ИМА ДА ИМ НАПЛАТИ ЧЕТВОРОДУПЛО А НА ПРАВИТЕ ПАТРИОТИ ВЕЧНА СЛАВА И МЕСТО ВО РАЈОТ.
АМИН !!!