
Александар Џеповски
Лагата за Тодор Александров наводно дека е Бугар се докажуваат и сите лаги за сите Македонци кои Бугарија сака да ги прекрсти во Бугари. Прашањето и одговорот се сосема прости – КОЛКУ БУГАРИ СЕ ПРЕЗИВААТ АЛЕКСАНДРОВ ПРЕД САМИОТ ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ КОЈ Е ОД НОВО СЕЛО ВО ШТИП?
Вистината е како секира која сече и остава вечни траги ама кога “искрениот и цивилизиран свет” сето тоа не го гледа, замижува со две очи и форсира лаги како вистини и со самото тоа се соучесници во криминал против Македонија и сите нејзини чеда.
Оваа трагикомедија мора еднаш и засекогаш да прекине а воедно и некој да пресече затоа што оваа игра се што е Македонец е Бугар … ќе трае до недоглед и нема да има крај. Поточно кажано одговорот лежи токму во Русија кога во 1878 ја создаде Бугарија со цел излез на Средоземното Море. Таа Бугарија создадена од Македонци и со залутани Татари добија знаме Татарско ако се знае дека Татарите и Татаристан се близу до Русија и лесно ги контролираа и ги имаа(т) во раце.
На крај, кога ете самите свесни и паметни Бугари од петни жили докажуваат дека Античките Македонци се Грци а средновековните Македонци се Бугари а посебно дека Александар Македонски бил Грк … КАКО ТОА ЕДЕН АЛЕКСАНДРОВ Е БУГАР АМА СО ГРЧКО ИМЕ? ЗОШТО НЕ СЕ ВИКАШЕ ТОДОР АСПАРУХОВ ПА ДА НЕКАКО ИМ ПОВЕРУВАВМЕ?

…Странскиот печат за Тодор Александров
…Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде ќе стаса тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките, изговарајки ги во шепот зборовите: „Тодор ќе минува оттука“…
Кога е убиен Тодор Александров, најмногу се радувале Бугарите и Србите. Бугарите велеле: „Мртов, но употреблив“. Македонците, пак, велеле: „Македонија умре“, а од странските дописници ќе биде забележан како македонски Робин Худ…
(Дел од интервјуто на Тодор Александров за Лондонски Тајмс 04 јанури 1924)
…….Минута покасно го сретнав Александров – висок, јако граден 42-ве годишен маж, облечен во темно кафеава униформа, со белези на Организацијата. Со цврсти очи и усни, кои во разговор можат да бидат весели, но во одмор се многу строги, полна воена опрема, која што ретко ја вади од себе, пушка потпрена на ѕидот и Александров почна да ми раскажува зошто вака го живее неговиот живот.
Тој има само една идеја, а тоа е евентуалната прокламација на автономна Македонија, со свој главен град Солун. Тој изјавува дека народот нема да одобри да биде владеан од Србите, Грците, Бугарите и затоа што првите две држави одбиле да му дадат на народот слобода во говорот или религијата, само вооружена борба ќе им донесе на Македонците тоа што посакуваат.
Во врска со неговото располагање со муниција и луѓе, тој рече дека пошто целта на Македонците не е да одземат територија, туку да им го направат животот на властите невозможлив, повремени напади се нивниот начин на борба. Така не им била потребна било каква артилерија. Пешадиски би ја воделе борбата, а планински коњи може да се употребат по потреба. Тие беа добро снабдени со пушки бомби и муниција, пошто последните неколку војни доведоа до наоружување на секој селанин……
…Поклон пред големината на светоста на АЛЕКСАНДРОВОТО ДЕЛО.
(ЦК на Македонските политички организации, Индијанополис 24-ти септември 1924 година)
Со своите високи квалитети и покрај физичките страдања поради болест, која не простува, Александров беше станал легендарен конспиратор, кој дејствуваше неуморно на планините во Македонија. Неговата врховна цел беше независноста на Македонија, која во една самостојна држава ќе ги вклучи деловите кои сега припаѓаат на Југославија, Грција и Б’лгарија, и така создавање на еден нов фактор за мир и балканска спогодба…
САМО ГОСПОД ЗНАЕ И МОЖЕ СИТЕ ОВИЕ ПРОБЛЕМИ ДА ГИ РЕШИ ВО ЕДНА СЕКУНДА НО ДАЛИ И ТОГАШ СИТЕ ОДРОДЕНИ МАКЕДОНЦИ ЌЕ ПОВЕРУВААТ ? НЕКАКО МНОГУ ТЕШКО ИЗВОДЛИВО АМА ЕТЕ ГОСПОД СИ ЈА ЗНАЕ РАБОТАТА ПА ДА ОСТАВИМЕ НА НЕГО ДА ОДЛУЧИ ВО ИМЕ НА ВИСТИНАТА, ПРАВДАТА И ЗА МАКЕДОНИЈА, СЕ РАЗБИРА.
АМИН !!!