Коментари

Бугарија имаше историска шанса да ги исправи грешките од минатото, за кои многу одамна укажуваа македонските дејци

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Свекрва

На почетокот на август 2017 година Македонија и Бугарија потпишаа Договор за пријателство, добрососедство и соработка. Договорот беше потпишан  на македонски и  бугарски јазик согласно Уставите на двете држави.  И покрај одредени недоследности, Договорот преставуваше историски чекор напред за двете држави и покажуваше дека минатото може да биде темел на идната соработка, односно Софија да се заложи за евро атланските аспирации на Македонија.

Самиот Договор меѓу двете земји несомнено требаше да придонесе кон политичка стабилизација на  регионот, но само доколку соседот не ги повторува грешките од  минатото, чии корења потекнуваат уште од Санстефанскиот договор. Сега со овој Договор,

Бугарија имаше историска шанса да ги исправи грешките од минатото, за кои многу одамна укажуваа македонските дејци

Имено, по Мировниот договор во Букурешт во август 1913 година, со кој Македонија е поделена,  Македонските дејци надвор од татковината го кренаа својот глас за неправдата која му беше нанесена на македонскиот народ. Приврзаниците за независна Македонија во Русија, реагираа преку својот орган „Македонски глас“ („Македонский голос“), списание на Македонското научно-литаратурно другарство во Санкт Петербург, кое излегува во текот на 1913 и 1914 година и преку кое тие ја афирмираа вистината за Македонија и Македонците.

Димитрија Чуповски (1878- 1940, истакнат деец на македонската национална мисла и редактор на „Македонски глас“, под псевдонимот Управда ќе објави во списанието реакција по повод решението на Букурешкиот мировен договор, со кој Македонија беше разделена меѓу балканските држави Србија, Грција и Бугарија.

Во статијата „Што преставуваше Бугарија за Македонија” („Македонский Голос”, 5 септември 1913 г.), Чуповски истовремено ќе направи ретроспектива на бугарската политика спрема Македонија, за која ќе напише:

Управда: „Што преставуваше Бугарија за Македонија”

„Букурешката конференција на балканските држави сосема ја уништи 23 точка од Берлинскиот конгрес, којашто предвидуваше воведување реформи во Македонија, како во една самоуправна провинција, од Турција.

Во свое време, оваа одредба им даде крилје на надежите на Македонците за можноста да се создаде автономна Македонија и се покажа како противтежа на одредбите на Санстефанскиот договор, кој ја обезличуваше Македонија со нејзиното вклучување во границите на голема Бугарија.

Но, без оглед на одредбата на Берлинскиот конгрес, Санстефанскиот договор постојано ги подбуцнуваше Бугарите кон акции за создавање голема Бугарија на сметка на Македонија и тие непрестајно трошеа милиони рубли за агитација во Македонија, по пат на отворање на свои, чисто бугарски, училишта и цркви.

Како резултат од сето ова, Бугарија почна да гледа на себе како на единствена идна ослободителка на Македонија, споредувајќи ја својата улога во делото на ослободувањето на Македонија со улогата на Русија во ослободителната руско-турска војна. Меѓутоа, со ваквата споредба воопшто не можеме да се согласиме.

Русија, откако и објави војна на Турција за ослободувањето на Бугарија, која страдаше под турското ропство, се експонира, како ослободителка, од почетокот до крајот.

Таа се однесуваше еднакво како спрема Бугарите, така и спрема Србите, Босанците и другите јужни Словени, и ако не и појде од рака да ги усреќи, како Бугарија, на која и даде слобода, полна државност, кредит и се што е потребно за самостојна егзистенција, за тоа не е виновна Русија.

Русија беше ослободителка на Бугарија и поради тоа што да се споредува нејзината улога со улогата на Бугарија во сегашната војна, во најмала мера, е бесмислено и смешно за современиците, на кои, пред очите им се играше оваа трагикомедија.

Улогата на Бугарија во однос на Македонија беше од самиот почеток престапна; таа прва ја наруши, со својот румелиски преврат од 1886 година, онаа точка од Берлинскиот конгрес што ја обврзуваше Турција да воведе реформи во Македонија.

Понатаму, Бугарија, водејќи незадржлива, крајно шовинистичка пропаганда сред македонските Славјани преку својата Цариградска егзархија, прва го предизвика ривалството да воведат иста таква пропаганда Грците и Србите и со тоа внесе неслога сред Македонците.

Бугарија, за сето време на своето 30-годишно постоење како држава, водеше антимакедонска политика. Таа, ласкајќи им и привлекувајќи ги на своја страна Македонците, во исто време со жестокост и омраза ја прогонуваше и се грижеше да ја уништи кај нив секаквата помисла за самостојна Македонија, при што Бугарите не се запираа пред никакви средства.

Така, во 1888 година, „Славјаномакедонската книжевна Дружина”, којашто беше образувана од емигранти-Македонци под претседателство на Ѓорѓи Пулевски, а која имаше за цел да ја прероди народната македонска литература, бугарската влада ја уништи и многумина нејзини членови протера надвор од границите на кнежевството.

По две години, во истата таа Софија, бугарската влада ги затвори вечерните училишта, специјално отворени за емигрантите Македонци-занаетчии, а раководителите на овие училишта, македонските патриоти Дамјан Груев, Делчев, Петре поп-Арсов и многумина други ги протера од Бугарија.

Понатаму, да ги земеме макар само оние прогонувања на кои беше изложена Внатрешна Македонска Организација (ВМО), која работеше за духовната преродба на Македонија и за нејзиното политичко ослободување. Нејзините членови беа прогонувани како од самите бугарски влади, така и од Егзархијата, местен орган на овие влади. За да ги парализира успесите од дејноста на Внатрешната македонска организација, бугарската влада образува од емигранти Македонци реквизитна (составена од отпадоци) контрамакедонска организација, позната под името Врховен македонски-одрински комитет, чијашто задача беше да му труби на целиот свет дека Македонија е чисто бугарска земја.

На кого не му е позната срамната улога на овој Комитет изразена низ работата за распарчувањето на Македонија воопшто и на македонската интелигенција посебно? Овој Комитет, раководен од бугарската влада, преку своите пензионирани професори и генерали,..дејствуваше против македонското ослободително движење и сестрано работеше за присоединувањето на Македонија кон Бугарија.

Уште попрестапна беше улогата на Бугарија во оваа срамна „ослободителна” војна.

Зар Бугарија не водеше долги преговори врз база на поделбата на Македонија со нејзините сегашни владејачи? Зар таа, според договорот од 29 февруари 1912 година со Србите, не им го предаде ним целиот западен дел од Македонија и со тоа ја наруши нејзината целокупност? Зар Бугарија, која ја привлече и Грција кон српско-бугарскиот сојуз, не тргна да ја дели Македонија? Та нејзе не можеше ли да не и биде познато дека Грците можеа да влезат во таквиот сојуз само поради тоа што го имаа предвид заграбувањето на јужниот дел од Македонија? Зар Бугарија не е виновна во таа делба на Македонија, сокривајќи ја вистинската цел на војната од претставниците на македонскиот народ, со кого таа мораше да смета.

Спротивно на тоа, почнувајќи ја војната, таа им изјави на Македонците дека, заедно со сојузниците, тргнува против Турција за нивното ослободување. Дозволувајќи им на Македонците да се организираат во воени легиони, Бугарија стори стократен престап, зашто не им дозволи да отидат да се борат против Турција во нивниот роден крај, туку ги упати во Тракија, таму кон бреговите на Мраморно Море и под ѕидиштата на Одрин и рововите на Чаталџа, кои не и беа никому потребни, освен на трупите бугарски славољупци; и тоа стана во она време кога сојузниците Бугари, Срби и Грци ја освојуваа Македонија.

Со што може да се објасни таквата престапна постапка на Бугарите кон Македонците, ако не со стравот дека истите тие Македонци со оружје в раце ќе ја бранат својата татковина еднакво од кои и да било посегања врз нејзината независност?  Но, имено со ова Бугарија ја погуби не само Македонија туку и сета своја иднина во неа.

Пролевајќи сега крокодилски солзи за изгубената за неа Македонија, зар Бугарија своевремено направи каков и да било обид да ја запази неделивоста на Македонија, која таа милува да ја нарекува својата помлада сестра?

– Како можат некои бугарски патриоти да тврдат дека Бугарија била во однос на Македонија онаа библиска мајка која излегла пред судот на Соломон? Не ли таа, достојна за следење мајка, повеќе сакала да се откаже од родниот син, само и само тој да остане цел, додека, меѓутоа, како што ни е познато, Бугарија прва се согласи со поделбата на Македонија.

Зошто Бугарија до овој момент не истапила како вистинска „родна мајка” со својата некористољубивост, со мајчинска добронамерност по однос на Македонија, – со проект за нејзината автономија? Ете, токму ваквото истапување на Бугарија можеше да ја обезбеди целоста и неделивоста на Македонија, мирот меѓу балканските народи и би го зачувало достоинството на самата „родна мајка” – Бугарија. Што и пречеше, откако ја внесе во договорот точката за автономијата на Македонија, да го постави своевремено прашањето за остварувањето на таа точка?

Никој ништо не и пречеше, туку самата таа не направи никакви обиди да се подигне ова прашање. Таа не го направи тој обид ни по завршувањето на првата половина од војната, кога и стана јасно дека нејзините довчерашни сојузници Србите и Грците, откако ја заграбија Македонија, нема да да сакаат да излезат од неа. И наместо да истапи со проект за автономија, таа се реши за војна, заради поголемо парче од Македонија, како свој дел.

Дури и по нејзиниот разгром, кога веќе прашањето се постави не за Македонија туку за самата Бугарија, овде зборувам за Букурешката конференција, каде што на Бугарија „великодушно” и предложија еден осми или десетти дел од Македонија, и тука таа повеќе сакаше да го земе тоа парче, а не тргна по примерот на библиската мајка да се откаже од делот на своето дете.

Пак повторувам, и по сето ова, пак се наоѓаат луѓе што ја споредуваат сегашната положба на Бугарија со положбата на Русија во ослободителната Руско-турска војна, со желба на ваков начин да ја претстават во улогата на иста таква некористољубива ослободителка на Македонија, каква што беше Русија по однос на сама Бугарија, трудејќи се да не видат дека главната причина за несреќите на Македонија беа токму чисто бугарските копнежи по оваа многунамачена земја.

(Управда, „Македонски глас“, стр. 130-133)“

(извор: Долкменти за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том први, Скопје 1981, стр,575 – 577 )

Денес, искуствата стекнати од Балканските, Првата и Вората светска војна, требаше да бидат патоказ за идната соработка меѓу двете држави. Бугарија како „постара сестра“ и вистински пријател требаше да и помогне на Македонија да го сочува името, идентитетот и целовитоста на земјата, а не да ја блокира иднината на Македонија.  

Политиката на денешните бугарски политичари кон Македонија преставува голема грешка, која уште повеќе ги одалечува пријателските односи меѓу македонците и бугарите.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top