Коментари

Ламбе Арнаудов: Историјата не е туристичка прошетка

lambe-arnaudov

1Lam1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Да. Навистина, историјата не е туристичка прошетка или разгледница. Напротив, таа е сериозна општествено опфатна и комплексна наука, за жал честопати, особено од “големите“ или таканаречените победници, помогнати од вешти испревртувачи на вистината и осведочени фалсификатори на очигледните факти, лесно од константна и егзактна наука се претвора во варијабилна и магионичарска вештина во корист на НАРАЧАТЕЛОТ.

Во една апсолутна вистина сум убеден, а тоа е дека историчарите и хроничарите, особено експертите по национална историја, дека секој факт што оди во корист на народот на кој им припаѓа треба максимално да се афирмира, колку и тоа да е замаглено, некогаш недоволно јасно, но најважно, ако тие факти, настани и датуми до тогаш од никого не биле третирани и изучувани за успешно да бидат спречени да ја присвојат нашата историја.

Ако задоцниш на овој пат ќе ти се придружат допингувани тркачи историчари и ќе се обидат да те претрчаат.

Ова како една порака и опомена да не продолжат нашите историчари со оваа пракса толку поразителна за нас МАКЕДОНЦИТЕ и МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА.

Инаку, воопшто немам намера да расправам за историјата затоа што почитувам професија, знаење, авторитет, а јас не сум ни приближно на тоа ниво.

Но, нешто што е мое и на секој човек неуништливо право, дадено од ГОСПОД е да можам слободно и креативно да ја користам својата ЛОГИКА, која е производ на функционирањето на мозокот, кој патем речено е најголемиот дембел од сите човечки органи, и само еднаш или многу ретко, двапати во животот, испраќа импулс што ја разбудува и раздвижува логиката која пак ти овозможува да носиш исправни одлуки.

Во овие октомвриски денови светилки на мојот народ, прво 11 октомври, а потоа 23 октомври, денови исполнети со присетување но и заслужен пиетет, но и возобновен револуционерно национално ослободувачки дух за продолжување на заветот содржан и во двата документа, до конечно исполнување на светата цел и крунисување на исконските желби на секој МАКЕДОНЕЦ.

Од тука ЛОГИКАТА вели:

  1.      Зошто сите основачи на формирањето на ВМРО во Солун на 23 октомври 1893 година се родени во МАКЕДОНИЈА, во нејзините етничко географски граници од 77742 квадратни километри.
  2.      Зошто сите 8 конгреси на ВМРО на кои се носеле најважните одлуки за организирање, функционирање, дејствување на ОРГАНИЗАЦИЈАТА исто така се одржани на наша македонска територија, и се однесувале на прогласување на целосна автономија или подоцна суверена самостојна и независна држава МАКЕДОНИЈА.

Ако е општо познато дека конгресите на ВМРО се одржувале во исклучително тешки услови и непријателства, што честопати имало трајни негативни последици, имено тешки организациски проблеми, бројност, присутни обезбедување, доцнење или воопшто недоаѓање на истакнати делегати, зошто “пријателите“ на ВМРО еднаш не се понудиле мирно и несметано одржување макар на еден конгрес во главните, или поголеми погранични градови на нашето соседство, кралства, кнежевства и на тој начин да покажат минимум загриженост за лажно прокламираните нивни “браќа“ страдни души.

Понатака ЛОГИКАТА вели:

Сега особено, во најново време, кога ВМРО персонифицирано во ВМРО-ДПМНЕ предводено од ова раководство на чело со лидерот Христијан Мицкоски ги доживува своите ѕвездени моменти, логично е да се присетиме на трајните не’рѓосувачки  и неуништливи вредности на ВМРО изворно кога сите се обидувавте да го ставите под своја контрола остана чедно неизвалкано  и чисто наше МАКЕДОНСКО.

Понатаму, ЛОГИКАТА продолжува да објаснува:

Зошто од кога не успеавте да го присвоите идеолошки применивте крајно драматични, античовечки и шпекулативни чекори, и се обидовте целосно не само идеолошки туку и физички збришете НЕПОКОРОТ.

Срамно и бездушно. Без размислување се здруживте крвните традиционални непријатели, заведени од делбата на прекрасниот македонски колач, и да удрите брутално и безмилосно до искоренување на сега веќе непослушните “браќа“.

Уште еднаш бевте разнесени и збришани и до нога поразени од челичната снага на градбата неразрушлива на идеологијата и каузата непобедлива на ВМРО.

Има уште многу прашања на кои точно и вистинито може да одговори само ЛОГИКАТА но за тоа понатаму, а сега само уште за најголемата краста на вашите свежо нашминкани сурати која не може да се сокрие ниту да испари реата што се шири од лузните што ви ги нанесол онеправдениот напатен народ на кој бесрамно и бесправно му сте се натопориле небаре е некоја штетница што треба да се истреби.

Погледнете ја мапата на еруптивноста на Илинденското Востание, ЛОГИКАТА ќе ве освести таму каде што требаше и се очекуваше најголема масовност, со оглед на потеклото на подбуцнувачите, е минорна дури безначајна и незабележителна дури и крајно непријателски обиди за задушување на Востанието само заради тоа што било МАКЕДОНСКО.

Повторно и по којзнае кој пат беа жртвувани најдобрите синови на МАКЕДОНИЈА, повторно најубавите македонски цветови со раскошни бои и бисери бели беа облеани во винеста црвена боја крв македонска.

Затоа сме дене ова што сме. Затоа македонската земја е рекордер по приноси на хектар земјиште, не како другите по производство на пченка, ориз, јаболка, туку по најскапоцениот производ што Господ го создал, македонските патриоти кои се најсреќни кога најдрагоценото што го имаат не го чуваат за себе, туку тој, нивниот живот, секогаш се спремни да го жртвуваат на олтарот на МАКЕДОНИЈА и за МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Немојте да не напаѓате, учете од нас, можеби ќе се просветлите. Ќе бидете подобри.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top