Коментари

Господ Ни е сведок колку сме им дале на тие кои денес сакаат да не нема!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Свекрва

Низ вековите изминати владетели владееле, меѓусебно војувале, освојувале и потчинувале. Народи се покренувале, раселувале и мешале со други, страдале или уживале во благосостојба, ги жнееле плодовите на просперитетот или ја пиеле горчливата чаша на сиромаштијата, злоставувањето и смртта. Обичните смртници се радувале и тагувале, славеле или жалеле. Но животот одел понатаму, сонцето секој ден одново изгревало, дождливи или сончеви, магловити или јасни, утрата се нижеле едно по друго.

Отсекогаш луѓето се грижеле да бидат над проблемите и бремето што го носат, млади се мажеле и женеле, деца се раѓале, благослови и убави желби се кажувале. Некои животот го минувале во кругот на своето место каде се родиле, некои маката или намерата ги одвела наоколу, други ги распрснала по целиот свет.

Никогаш да не ја забораваме судбината на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и она што од обесчовечените беше наречено конечно решение.

Но, да се вратам на местото каде живееме. Некои го нарекуваат Балкан или Западен Балкан, други пак како да се срамат од тој поим, па велат југоисточна Европа. Некои го нарекуваат, БУРЕ БАРУТ.

Како и да е. Балканот е колевка на древни народи, но и на оние кои низ вековите тука стасале. Балканот е сцена на настанување и нестанување на држави, на империи, на царства и на кралства. Балканот е место каде се мешале верувања, традиции, јазици. За некои тоа го прави исклучително убав, раскошен, богат, а за некои, за жал, во тоа гледаат како на некое историско проклетство. Да не ми замерат вториве (а ако ми замерат, нека, толку им поделил Господ), јас се восхитувам на културниот колорит, длабоката духовност и широките цивилизациски хоризонти на Балканот.

Но факт е дека народите се мешале, културите се испреплетувале, јазиците се вткајувале едни во други. На Балканот зедно се одбележувале народни и верски празници и взаемно се почитувале луѓето што на различен начин ја исповедале својата верба во Бога и христијани и муслимани и евреи,…

Да не се залажуваме, во минатото се случуваа и сеуште се случуваат злосторства, за нормален човек непојмиви. Трагедии чии последици ги чувствуваме и ден-денес. Барем ние што искрено се доживуваме како Македонци, кои Македонија ја чувствуваме како наша татковина и својот корен го препознаваме во древното македонско минато. Македонија и Македонците, со својата историја и култура, со своите подеми и падови, се дел од тој богат мозаик.

Денес повторно сме сведоци на тоа како несозреани политичари, новокомпонирани европјани, јавно ги слават злосторствата што против Македонија и македонскиот народ ги направиле нивните претходници. А кога ќе повикаме на разум и човечка доблест во прифаќањето на реалноста за она што нивните претходници го сториле, како и во признавањето на последиците што како народ ги имаме, стануваат агресивни, навредуваат и покренуваат спектар од правни, политички и економски мерки против нас, правејќи карикатура од високите принципи на Европската Унија каде членуваат и попречувајќи го нашиот пристап кон ЕУ.

Сите сме само луѓе, создадени од Бога, грешни и смртни, подложни на слабости, суети и фрустрации. Ние Македонците продолжуваме да чекориме по Балканот, Европа и во целиотв свет со исправена глава и кичма. Да не бидеме заложници на минатото.

Да го живееме животот со љубов и со верба во Бога!

Господ Ни е сведок и нека им суди, колку сме им дале на тие кои денес сакаат да не нема!

ЖИВА Е МАКЕДОНИЈА!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top