Коментари

Ламбе Арнаудов: Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

lambe-arnaudov

1Lam1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Празникот 23 октомври, денот на формирањето на историското ВМРО е нашиот најголем и најсветол ден, светлина на светлината за македонскиот народ.

И тука нема ништо спорно или нејасно за секој цивилизиран и објективен граѓанин на Македонија.

Овој ден, 23 октомври, сега не можам со сигурност да тврдам, ама мислам дека не е случајно избран за ден на таков свет значаен датум за нашиот македонски народ.

Имено, 23 октомври е и ден на постанокот на светот.

Убеден сум дека малкумина знаат, можеби и никој, но точно е дека овој ден е потврден како ден на постанок на светот на голем црковно научен собир од многу учесници, теолози, астрономи, астрофизичари, математичари, одржан пред неколку векови и до ден денешен, и покрај сите нови научно технолошки технички откритија и сознанија, останува запишан и потврден ден: 23 ОКТОМВРИ – ДЕН НА ПОСТАНОКОТ НА СВЕТОТ.

По кој календар? Сигурно се прашувате.

Календари нема. Календар не може никој да направи, може да го преправи, продолжи или скуси.

Календар е еден неменлив и е природно создаден од СОЗДАТЕЛОТ и е последица на атрибутите на движењето во космосот.

Овде топло ве замолувам да го отфрлите како причина за постанокот (Големиот прасак-експлозија).

Така им давате алиби на сите милитанти, кои со експлозиите на куршуми, бомби, проектили – небаре со нив обезбедуваат живот а не уништуваат на милиони и десетици милиони луѓе. Верувајте далеку е од здравиот разум да се прифати вакво небулозно и недокажано “научно“ докажување.

Има уште многу нешта што 23 октомври го прават посебен ден:

На овој ден 1940 година е роден Edson Arantes do Nascimento – ПЕЛЕ, најдобриот фудбалер на сите времиња, потоа Gertrude Ederle која е првата жена која го препливала La Manche во 1925 година соборувајќи ги рекордите како женски така и машки, и многу други настани и личности.

И, сега, се собрале една банда празноглавци, кретени, простаци, дебелоглавци критичари, скептичари, сите под заеднички именител КАТАСТРОФИЧАРИ и се дрзнаа пристрасно и крајно нецивилизирано и простачки за овој светол ден да прашаат:

Чиј празник е 23 октомври?

Е, па еве ви го одговорот. Одговор најрелевантен и стопроцентно точен. Одговор од твојот народ, искажан преку песна (стих парафразиран):

“…Народе македонски

Со какви идеи си ти

Срам голем е за тебе

Сам да се не знаеш

Другите да те знаат…“

Затоа никогаш не прашувај Чиј празник е 23 октомври, прашај се себе Чиј си ти.

Штом го најдеш одговорот во себе и сé ќе ти стане јасно. Тогаш наместо да прашуваш ЌЕ СЛАВИШ И ЧЕСТВУВАШ.

Жртвите и саможртвите тоа го заслужуваат, покажи достојна почит спрема ним, титаните на македонската борба за национално ослободување, за и ти барем малку допреш до нивните безвремени дела и станеш некој и нешто.

Вака, кога се правиш будала и прашуваш нешто што го покажува твојот обезличен лик и поматен разум, си никој и ништо. И тоа си никој и ништо од кога си се родил.

Ќе те потсетам одроду!

Симболот на непокор и лојалност, икона на истрајност и издржливост на македонскиот народ, ДОНЧО ШТИПЈАНЧЕТО, додека го тепале, измачувале, гореле, еден од мачителите восхитен од неговото машко држење и со должна почит му се обратил:

“Еве ти ја тојагава што те тепам, удри по мене да видам дали боли, оти ти глас не пушташ на толку тепање.“

Завалијата ДОНЧО претепан и измачуван со денови не можел ни тојагата да ја држи со искршените раце.

“Како ќе нé  тепате и победите кога не можеш на нозе да стоиш и си без раце?“

Претепан си и поразен до нога, од моето срце, и ти и сите како тебе.

Ти стоиш исправен над мене, испотен и бесен, нозете не те држат од воената униформа и медалите за злосторства и предавства те влечат надолу и сигурно ќе се срушиш до мене врзаниот и претепан но непоразен.

Тежината што македонското срце и дух можат да ја поднесат, тебе не ти се јасни – му одговорил на крвникот стаписан.

И повторно кон заглавието.

Земи, позајми или замоли го јунакот ДОНЧО да се напиеш од неговиот вечен извор на инспирација, барем малку да се доближиш до него.

ТОЈ, ЈУНАКОТ, ДОНЧО галантно ќе ти ги подари своите свети дарови затоа, знае дека си НЕГОВ.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top