Коментари

Македонија нема да умре; таа ќе живее, зошто судбината ја предодредила да изигра една голема и спасувачка улога во историјата на човештвото

Kopie

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

„Македонија, овој симбол на креативноста и борбеноста, оваа лулка на просветата, денес сè уште е срам за цивилизацијата. Таа е окована во тешки окови од нејзините грабливци соседи, кои наместо благодарност, признавање и сочуство за жртвите што ги дала пред олтарот за нивното ослободување, на секој можен начин се борат да ја задушат и да ја избришат од сеќавањето на историјата.“

Денес, овие соседи, сакаат единствениот слободен дел на кој е формирана македонската држава, да ја спречат да стане членка на ЕУ. Прво Грција, потоа Бугарија ,а утре и некој друг сосед ако стане член на ЕУ пред Македонија, ќе може да се заканува со вето за членството на земјата во ЕУ. А Брисел наместо да се држи до поставените критериуми, ги поддржува неправдите кои нејзините членки и ги нанесуваат на македонскиот народ и неговата држава.

Овие соседи не се задовлни со фактот дека спротивно на вољата на македонскиот народ, македонската држава за да стане членка на ЕУ, меѓудругото го смени името, туку сакаат да ги пресечат сите корени на Македонците, оспорувајќи им го идентитетот, јазикот и културата. Сето ова покажува дека аспирациите кон територијата на Македонија, кои започнаа уште со формирањето на балканскте држави, сеуште постојат, иако земјата денес е членка на НАТО.     

Една од неспорните причини за неспроведување на идеалот на Македонците многу порано, пред Втората светска војна, да создадат своја држава, а денес да станат членка на ЕУ, меѓудругото е и надворешната политика на Бугарија, која е зацртана во остварувањето на сонот Сан – Стефанска Бугарија. Бугарија од своето ослободување во 1878 година па за жалење и до денес, и покрај сите неуспеси за време на Балканските и двете Светски војни, водејќи се од тој сон, водела една таква надворешна политика која не била ниту по материјалните средства, ниту по умствените сили, но  ниту по желбите на својот народ.

Бугарија постојано својот поглед го насочувала кон Македонија, но притоа без да води сметка за вистинските потреби на бугарскиот народ. Денес, Бугарија повторно се обидува да го оствари Сан – Стефанскиот сон, користејќи ја желбата на Македонија да стане членка на ЕУ. Со уцени за вето на патот Македонија кон ЕУ, денес Софија сака да го добие она што со оружје не успеала да направи за време на Балканските и двете Светски војни,

Меѓутоа, нашите соседи, жестоко се лажат дека лесно ќе ја покорат Македонија. Тоа уште многу одамна им го порачал и македонскиот емигрант во Софија П. Х. Риндов, кој во својата анализа од 1923 година, ќе напише:

„Но, овие несреќници жестоко се лажат. Македонија нема да умре; таа ќе живее, зошто судбината ја предодредила да изигра една голема и спасувачка улога во историјата на човештвото. Таа ќе стави крст на минатото, таа ќе ги изглади недоразбирањата на балканските народи и потпомогната во борбата за слобода и независност од потиснатите работни слоеви на балканските и европските општества, ќе го скрши отпорот на кралевите, благородниците, војводите и цицачите, за да даде можност на работникот на Балканот да живее… “ 

Со влегувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, особено со членството на Македонија. ќе престанат сите аспирации и недоразбирања на балканските народи, што ќе овозможи мир и просперитет на соседните народи.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top