Коментари

МАКЕДОНИЈА во 2024 ГОРЕШЕ

Martin Trenevski 1

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,  Поранешен министер и амбасадор

1. Пожарите се честа појава кај нас, во Македонија. Но никогаш како во годинава што изминува. Според званичните  државни институции во текот на 2024 година изгореа седум (7) проценти од вкупната површина на Македонија!?

  Не само што е нормално, туку би рекол задолжително е да се испитаат причинителите за масовното опожарување на земјата бидејки станува збор за огромни материјални штети и ќе треба децении и децении за да се обноват шумите што исчезнаа во ветер, а за другите материјални штети и да не зборуваме.

  Bпечатоците што се наметнуваат кога зборуваме за пожарите се недвојбено дека предизвикувач е најчесто човечкиот фактор, со други зборови дека се подметнати! Оваа пракса не е од вчера. Паметам многу одамна во центарот на Скопје имаше бутик со модерна женска и машка облека “Грација” којшто изгоре до темел а место да го обноват, на негово место никна повеќекатница. Очигледно плацот бил во прашање! Ем газдите на дуќанот си добија осигурување, ем градежната мафија си обезбеди ептен атрактивен плац за градење во строгиот центар на Скопје. Со еден збор – сите задоволни.

Годинава изгоре до темел култната Универзална сала среде Скопје, симбол на солидарноста со градот по катастрофалниот земјотрес 1963. И во овој случај виновни биле краткиот спој на кабли и сл.

Изгоре добар дел од она што остана од дрвната индиустрија “Треска”, исто така во централното подрачје на Скопје – многу атрактивен простор за алчната градежна мафија, а изгоре преубавиот објект на Македонски пошти што ДУИ планирале да го претворат во ресторан со кабаре!?

  Пожари имаше уште многу и ќе ни треба многу простор да ги набројуваме, но се поставува прашањето кој тоа пали во нашата татковина? Да не ќе да е мотив за пожарите од политички причини со цел да  се нанесе што поголем удар на актуелната власт, или грабеж на атрактивни локации за градба?

Па како да објасниме што половина од националнот парк Галичица беше пеплосан од пожар? Гореа и многу планини во централна и источна Македонија. Зошто? И кој тоа ги запали?

  Дека најголем дел од пожарите се подметнати во тоа немам никаков сомнеж. Негде кон крајот на август една национална телевизија прикажа некаква импровизирана направа – обрач од жица опкружен со некаков балон а во средината некаква смеса што гори, значи слично на воздушните балони на топол воздух. Оваа квази направа недаде ќе падне и огнот неминовно ќе предизвика пожар. Не знам властите дали ја видоа оваа снимка, но јас како лаик веднаш би го опколил местото каде е најдена справата, би претресол се во околината , куќи, племни, возила и би трагал за докази за евентуални починители на злосторот.

   Не исклучувам ни политички мотивирани пожари. Дефинитивно!

Па една политичка структура која повеќе од две децении ја молзеше државата и работеше на нејзино разнебитување не го крие незадоволството што не партиципира во новата влада и како средство на притисок не исклучувам (но немам докази) дека ги употреби можеби пожарите како сретство на притисок!? Времето ќе покаже дали е така, или не, но сомнежот сепак е голем.

  Власта најави дека ќе превземе се што е потребно ваква сезона на пожари да не ни се повтори  (треба да ги споменеме и дрвокрадците кои подметнуваат пожари за потоа да продаваат дрвна маса многу поефтино) и во наредната 2025 година!

  Мора да признаеме дека и свеста на граѓаните, за жал. е на многу ниско ниво! Се палат огнови и стрништа, се фрлаат цигари во шуми – со едан збор ни горат шумине што се наше национално богатство.

2. Владата на заминување на Џо Бајден даде дозвола Украина да може да користи ракети со голем дострел во војната против Русија. Потегот веднаш го следеа Велика Британија и франција. И што сега? Дали некој се запраша како ќе одгорвиори Русија доколку Зеленски нареди користење на проектили што може да достигнат не само до Москва, туку далеку во внатрешноста на Русија.

  Дали веќе стариот и изнемоштен претседател на САД Џо Бајден (со проштение: гробу на врата), е свесен дека ќе биде запаметен како личност што ја започна (далеку било) Третата светска војна?

  Сега, кога новиот претседател на САД Доналд Трамп најавува крај на руско-украинската војна сепак преовладоја интересите на воениот комплекс на САД. Џо Бајден ни остава во наслетство неизвеснот од нов глобален судир. Ваквиот став веднаш предизвика бурни (негативни) реакции ширум светот, а синот на претседателот Трамп, Доналд Трамп јуниор го нарече Бајден “имбецил”.

  Според американските медиуми, спорните проектили биле наменети за регионот Курск каде 50 илјади руски војници имаат подршка од 10 дo 12 илјади севернокорејски воjници.

  Засега е неизвесно како ќе реагира руската страна, но немам сомнеж дека не ќе да е на арно и наместо мир како што најавуваше новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, можно е да сме сведоци на почетокот на III светска војна.

  Во меѓувреме, Шведска и Финска упатија повик до своите граѓани да обезбедат резерви храна и пијалоци за живот во воени услови.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top