Коментари

На што се, се‘ способни луѓето кога ќе ги изгубат привилегиите

Kopie

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

На што се, се‘ способни луѓето кога ќе ги изгубат привилегиите, сигурните приходи и удобниот живот, зборува еден настан од крајот на 19 век

„Вистински настан во Папрадиште – 1884  година“

Губењето на власта, привлегиите и тендерите тешко им падна на претходната власт, а сегашна опозиција. Исто така, можноста поединци да одговараат за злупотреба на службената должност ја тера сегашната опозиција да се заканува со дестабилизација на земјата. Уште пред да се формира новата Влада, ДУИ се закануваше со дестабилизација на земјата доколку не биде дел од власта, а денес ако Уставниот суд ја разгледа уставноста на Законот за јазиците.

9 copy copy copy        99

На што се, се способни луѓето кога ќе ги изгубат привилегиите, сигурните приходи и удобниот живот, зборува еден настан од крајот на 19 век, овековечен во сликата на македонскиот сликар и зограф Ѓорѓи Зографски (1871 – 1945).  Сликата која авторот ја именува како „Вистински настан во Папрадиште – 1884  година“ зборува сама за себе.

„Темната рамка на сликата ја прикажува внатрешност на една имотна селска печалбарска куќа, во која влегла една пљачкашка арнаутска банда. Куќата е запалена од надвор. Оганот веќе навлегол внатре и оштрите пламени јазици ги лижат дрвените ѕидови, гредите и таванот. Композицијата која ја исполнува оваа  рамка обработена е во два плана. Во првиот, во самиот центар, прикажан е плеќат Арнаутин  со исукан нож баш во моментот кога го завршил својот грозен чин. Покрај неговите нозе лежи мртов старец. Неговата лева згрчена рака уште држи дебел дрвен стап, последен и вероватно одбранбено средство на мирољубивиот селанец притив наоружаниот напаѓач. Нешто подалеку, десно, во убава народна носија, лежи друга жртва, млад (селанец) … Во десниот агол на сликата еден од домаќините, со снажен замав со секирата, го гони разбојникот кој веќе му го свртел грбот. А во левиот крај двајца разбојници држат млада девојка. Таа клечи, а на најзиното убаво лице се гледа страв и ужас. Во другиот заден план, гледаме како еден од разбојниците, по се изгледа водач, пукал од старински пиштол на домаќинката која паднала  ранета, додека позади неа плаче мало дете. Други три Арнаути го пустошат  богаташкиот дом: еден ги празни преполнетите долапи, другите двајца се спремни да тргнат, натоварени со плен, додека сосема на дното, трет ја гони украденара стока.“ – пишува Б. Антиќ во својата статија  „Велешки сликар и зограф г. Ѓ. Зограф овековечи една трагична епизода од животот на нашиот народ на Југ“ објавена во белградскиот весник Политика (4.06.1938)

Сето ова што се гледа на сликарското платно не е никаква фантазија на уметникот. Тоа навистина се случило во 1884 година во куќата на Деле Тримчевски, богат селанец од Папрадиште. Сликата значи има вредност на сведоштво за еден значаен настан од историјата на робовање на нашиот народ. Самиот Ѓорѓи Зографски кој како дечко на 12 години бил непосреден сведок на драмата, подоцна за белградскиот весник ќе раскаже за настанот:

„ … Селаните од Папрадиште во најголем број биле печалбари… Одеа најмногу во Белград, потоа во Букурешт и Софија, поретко во Египет и Америка. Вредни и штедливи, после неколку години печалбарење тие се враќаа во селото со полни кеси со жолти лири. Селото затоа напредувало: никнуваа убави удобни куќи, амбарите се полнеа со храна, а во изобилство имаше стока. Селото брзо стекнало глас на најбогато село во тој крај.

Но, затоа пак станало мета на многу пљачкашки банди кои тогаш скитаа по огранците на дебарските планини. Во тоа време во Папрадиште бил пољак некој башибозук Фазлија од Црнилишта  во Срезот прилепски. Тој бил роден крволок, ама и исто толку корумпиран тип со кој секоја работа можела да се заврши за неколку златни лири. Како чувар на султановите брда и полиња, тој бил во некоја рака целата власт во крајот: и општинска и среска и судска… Од еден негов збор или достава зависела судбината на селаните.

Фазлија знаел обилно да се користи со својата привелигована положба. На секоја куќа удрил свој порез: две, три па и повеќе златни турски лири… И народот давал. Го давал и црното испод никтите, бидејќи Фазлија секоја година измислувал се понови и потешки намети. Се кај него било таксирано: новороденче, коњ, овца, амбар, стаја…. Еден ден пољакот станал најбогат и најимотен човек во крајот.         

… Еден ден (Фазлија) посакал малку да се одмори. Зел во службата неколку помошници и на нив им ги предал своите непишани правила… Дури тогаш настанала пљачка која селаните не можеле да ја издржат. Еден ден неколку најугледни селани од Папрадиште, по желба на селаните, отишле кај кајмакамот во Велес (срескиот началник) и му ги изнеле сите зулуми и пљачката која ја направил Фазлија и неговата дружина.

Во тоа време имало интервенција на странските конзули поради убиство на еден странец.   Кајмакамот бил принуден жалбите на Папрадишани да ги земе во обзир. Веднаш наредил да се сменат Фазлија и неговите помошници. На нивното место биле поставени други Арнаути – Тоски од околината на Јанина.

Пљачкањето за момент престанало. Меѓутоа, сменетите пољаци не се помириле со новата состојба. И смислиле свирепа освета. Фазлија одлучил селото да се запали и до темел да ги опљачка селаните кои се дрзнале да го тужат кај кајмакамот. Организирал банда од 150 арнаутски бездомници и со нив тргнал во освета во очи Крстовден во 1884 година.

…Во текот на денот и вечерта науружаната чета разбојници стигнала во селото Орешје, го опљачкала и запалила неколку куќи. Во самата зора на Крстов ден, бандата стигнала пред Папрадиште. Селото веднаш било опколено за да неможе никој да побегне. Бандата се поделила на помали групи, кои почнале да влегуваат по куќите, палеле и тепале, барајќи злато.

Еден вод од десет снажни Арнаути дошол пред домот на Деле Тримчевски. Водачот ги повикал домашните да ја отворат вратата. Во тој момент во куќата не бил домаќинот. Внатре биле само неговата жена Кате, синовите Наце и Јордан, едно мало дете и роднината Доста. Чуствувајќи опасност и гледајќи што се случува по селото, тие одбиле да отворат. Куќата била чврсто градена и веројатно сметале дека пљачкањето нема долго да трае и дека за време на отпорот ќе дојди помош од некоја страна.  Меѓутоа, пљачкашите не се брзале.

Откако домашните одбиле да отворат, ја запалиле зградата од надвор  и навалиле со секири на главната врата. Таа брзо попуштила. Побеснетата банда влегла во домот и прво ги барала мажите за да ги убие како не би давале отпор. Најстариот син Наце тргнал веднаш со секира на еден од напаѓачите, го удрил и во забуната што настанала, успеал да избега од куќата и да спаси глава.. Јордан се скрил во оџакот, сметајќи од таму да пука во разбојниците. Но, веднаш бил приметен и убиен со неколку куршуми. Потоа со пет куршуми тешко ја раниле Кате, која ја оставиле да лежи верувајќи дека е мртва. Меѓутоа, таа била онесвестена и подоцна оздравела. Девојката Доста ја фатиле двајца Арнаути. Еден од нив Мехмед, ја одвел како плен. Несреќницата после кратко време извршила самоубиство. Живо останало само малото дете, на које бандитите не му ни обратиле внимание. Откако завршиле со домашните разбојниците опљачкале се што нашле во куќата: злато, покуќнина, алишта и стока, и се изгубиле.“

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top