Коментари

Дали и Љубчо Георгиевски ќе биде конечно на црна листа и уапсен?

1Dzepovski1

1Dzepovski1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Како тргнало да се надеваме дека некако ќе има правда и воедно да се оди до крај со сите криминали и корупции затоа што овие злодела не застаруваат и се од голем вид и штета за секоја држава па така и за Македонија.

Најголем и најубав пример кој не смее да остане неказнет е оној со Љубчо Георгиевски. Овој шарлатан кој на времето немаше ни вода во очи и кој преку ВМРО ДПМНЕ и специјално преку Драган Богдановски доби шанса романтичарски да стане и Премиер на Македонија стана мулти милионер вреден 300 и кусур милиони евра  преку ноќ.

Поседување Бугарски пасош и државјанство не смее да биде причина на заобиколување на правдата. Доколку Америка сака да покаже лице на праведност треба да се изјасни дека секој еден што е роден во овој случај во Македонија и земање Бугарски пасош патем од интерес, економски или било кои причини, едноставно не смее да биде пречка за правдата да си дојде на свое место. Поради нивните криминали и корупции стотици илјади граѓани во Македонија беа фрлени во беда, сиромаштија и прерана смрт па тука мора истите да сносат одговорност и точка.

На потег е Амбасадорката Агелер која ги следи сите овие неправди, нека даде уште еден, сега за сега убав пример со Љубчо Георгиевски, па по него сите по список кои години наназад ја плачкаа Македонија и да им каже убаво – нема да се толерира криминал и корупција, сите што сте краделе од народот ќе си лежите.

ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ПРАВДАТА КОНЕЧНО ИМА ДА ДОЈДЕ И ВО ОВАА НАША НАПАТЕНА МАКЕДОНИЈА ЗАТОА СИТЕ ЖРТВИ НА КРИМИНАЛ И КОРУПЦИЈА НЕ СЕ САМО ДЕЦА НА МАКЕДОНИЈА ТУКУ И НА БОГА БЕЗ РАЗЛИКА НА КОЈА ВЕРА И НАЦИЈА. ТУКА НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ НИТУ МИЛОСТ И МОРА ДА СЕ НАПЛАТИ ВО ИМЕ НА БОЖЈИ ПРАВДИНИ.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top