Коментари

Ламбе Арнаудов: Македонија се ослободува од ИДИОКРАТИЈАТА

lambe-arnaudov

         1Lam1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Има повеќе дефиниции што идиократијата како систем на владеење ја толкуваат различни мислители, филозофи, државници  почнувајќи од Џорџ Вашингтон сé до денес.

Во едно. сите се согласни, дека  Идиократијата е најтежок облик на владеење и истовремено најсрамотен за оние кои што тоа молчешкум го трпат.

Според мене, најблиска дефиниција за состојбите на владеењето на Идиократијата во Македонија, истовремено и најпонижувачката, е дека: “ИДИОКРАТИЈАТА Е ДИКТАТУРА НА ГЛУПОСТА.“

Група глупи идиократи ја приграбуваат целата власт каде што моќните стануваат помоќни, помоќните супермоќни и од таква позиција како малцински дел, би рекол минорен, од општеството, управуваат со уцени со мнозинството. Притоа ги злоупотребуваат институциите на државата организирани според Уставот и законите, и сé ставаат под своја контрола од парламент, влада, министерства, судови и со силна изразена моќ и контрола врз нив хаосот и анархијата ги претставуваат како редовна состојба.

Згора на тоа вака поставената диктатура од институциите кои што треба да им служат на народот се претвораат во бедем на одбрана на таквиот начин на владеење.

На оваа опасна инфекција, доколку не ѝ се застане на пат навреме се проширува и кај потчинетите се чувствува општа апатија, молчењето и прилагодувањето на таквата демонстрација н владеење на сила станува нормално, униформирано и прифатливо.

Со време тоа преминува во декаденција, и прво општеството го води кон пропаѓање, а човештвото до степен на духовно исчезнување и силно материјално осиромашување, со што економските и финансиските добра и богатства што му припаѓаат на народот, со крајна антихумана нивна прераспределба преминуваат во рацете на мала група моќници, глупави глави и без΄рбетници.

И, ако мислите дека овие се најлошите, дното на дното, во општеството се лажете.

Тоа се ИДИОТИТЕ.

Овие “паметни“ идиоти кои според титулите, функциите, угледот, припадноста, уважувањето што го имаат кај народот место енергично и храбро да се спротивстават, што е нивна авангардна должност, се определиле да молчат и слатко ги глодаат фрлените коски пред нивните муцки, односно она што останало од ограбениот граѓанин и добрата волја на глупавите сега со огромна моќ исполнети и надуени ИДИОКРАТИ.

Спрегата меѓу вас политички џуџиња и немилосрдни глодари 7 (седум) години Македонија и граѓаните ја држеа во темнина и стенкање под јаремот во кој што ги спрегнавте  и водевте буцкајќи ги со дреновиот колец каде вие што сакате.

Во сева ова морбидност има помалку среќа што во идиократијата во Македонија имаше боја. ЦРНА.

Затоа Македонија целата беше 7 години цела ЦРНА.

Е, па, драги мои ОДГЛЕДАНИ, ЧЕСТА И КОРИСТА немаат исти кров.

За вас, ОДГЛЕДАНИТЕ и СТРВНИТЕ во најголемата животинска фарма, кровот ви е од Шталата.

Седете си таму, уживајте и размножувајте се, ама за надвор меѓу луѓе не сте.

Кровот на ЧЕСТА за овие ДРУГИТЕ кои дојдоа и ве соборија е небесниот бескраен свод и хоризонт.

Нивните дострели за вас се фикција и невозможна мисија.

До толку бевте опседнати со симбиозата на глупоста и моќта што опстојуваше во вашите глупави глави, дури и останавте заслепени при здрави очи и не ни знаевте дека постојат и поинакви од вас. Не ги препознавте. А тие секогаш беа тука одма до вас, пред вас, најчесто зад вас и под вашите нозе.

Дојде време за отплата на кредитот што мислевте дека народот ви го даде гратис и со грејс период од вечност ама и без камата.

Ќе платите Сé !

Луѓето кои дојдоа, кои ги донесе народот, силни, енергични, со разум, љубов кон својот народ и татковина, решителни и храбри патриоти ќе ве натераат на тоа.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top