Историја

Земјопис на Србија и Турција 1872 г. за основните српски училишта

Македонска Нација

Македонска Нација

Македонците се најстарите Словени на тој илирски простор, а можеби и во Епир

Прегледала и одобрила училишната комисија.

Белград,
Печат и издание на Државната печатница
1872 година

Цена: 50 пари чаршиски.

Море, од југ Мраморното Море и Нешто Бело,
од запад Стара Планина и Родопите.

Јужниот дел го заземаат Македонците, кои се потомци на најстарите Словени и биле во Тракија уште пред Христа. Ги граничат од север Шар Планина, од исток Родопите, од југ Белото Море и Тесалија, а од запад Епир и Албанија.

Освен Словени има уште Грци, Арнаути и Турци. Грците се на југ од Македонија и Албанија, но многу се измешани со Македонците и нешто со Арнаутите; Арнаутите се од Епир долж Јадранското Море до Скадар, а на исток се измешани со Македонците и Србите; Турците се наоѓаат насекаде по градовите, а некаде и по селата, но најмногу ги има во Тракија и Бугарија. Нив ги има малку, но тие се господари.

По одделни земји, овие народи се распоредени вака:

Во Бугарија живеат Бугари меѓу Дунав и Балканот,

во Тракија се измешани Бугари, Македонци, Грци и Турци, меѓу Балканот и Мраморното и Белото Море,

во Македонија живеат Македонци, нешто измешани со Грци по градовите,

во Тесалија Грци измешани со Македонци,

во Епир Грци измешани со Арнаути.

Југоисточен Полуостров во 13.000.000 има разни народи:

Словени (Срби, Хрвати, Македонци, Бугари и Руси) околу 8.580.000, односно 61%
Турци — 2.120.000, 15%
Арнаути — 1.180.000, 7%
Грци — 2.200.000, 15%
Ерменци — 400.000, 3%
Останати — 260.000, 2%

Што ќе рече, Словени има речиси толку колку сите останати заедно, а четири пати повеќе отколку Турци. Или, со други зборови: Турците сочинуваат една шестина од целото население, а на еден Турчин доаѓаат четворица Словени.

Во Словените ги вбројуваме: Срби, Хрвати, Македонци, Бугари и Руси.

Срби има околу — 3.620.000
Хрвати — 500.000
Македонци — 1.200.000
Бугари — 3.520.000
Останати — 40.000

Вкупно Словени — 8.580.000

Србите живеат во Кнежевството Србија, во Стара Србија, во Црногорското Кнежевство, во Босна, во Херцеговина, Далмација и во Хрватската воена краина. Тие, значи, го зафаќаат целиот северозападен крај на Полуостровот.

На север им се Дунав, Сава и Купа, преку кои повторно има Срби; на запад Јадранското Море; на југ арбанашките планини и Шара; а на исток западните бугарски краишта. Но многумина од нив го изгубиле својот првобитен карактер под влијание на мухамеданството, а во Босна повеќето ја промениле верата.

Хрватите живеат во северна Далмација и во Хрватската Краина. Тие од Србите, меѓу другото, се разликуваат по верата. И тоа што имаат свое име и своја историја, а Србите друга, не го порекнува фактот дека Србите и Хрватите се едно племе.

Македонците се најстарите Словени на тој илирски простор, а можеби и во Епир. Преку нив преминувале и владееле сите народи кои во текот на многу времиња, или еден покрај друг, или еден по друг, се населувале во овие земји. Тие денес заземаат речиси сè по брегот на Белото Море, а на исток се мешаат со Бугарите и Грци.

Најново од: Историја

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

Солун 1912: грчкиот весник напишал — „Солун освоен со меч“

Една насловна страница од грчкиот весник „Πατρίς“, објавена на 27 октомври 1912 година, отвора непријатно прашање за современиот грчки историски наратив. На неа, со големи букви, пишува: „Η ΘΕΣΣΑΛΟΝΙΚΗ ΚΑΤΕΚΤΗΘΗ ΧΘΕΣ ΔΙΑ ΤΟΥ ΞΙΦΟΥΣ“ Во превод: „Солун вчера беше освоен со меч.“ Ова не е македонска интерпретација, ниту современа пропаганда. Тоа се зборови отпечатени во […]

Доброволците од Гостиварско во Македонско-одринското доброволство 1912–1913

Архивските списоци откриваат имиња на луѓе од Гостивар и гостиварските села кои во годините на Балканските војни биле заведени како ополченци, односно доброволци. Балканските војни, 1912–1913 година, кај многу Македонци разбудиле надеж дека конечно доаѓа ослободување на Македонија од османлиската власт. Голем број обични луѓе, меѓу кои печалбари, занаетчии и работници, се приклучиле како доброволци, […]

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

To top