Коментари

Саркањац: БОЖИКНА БАЈКА ИЛИ ЗА ROYAL INSTITUTION И CHRISTMAS LECTURE

branislav-sarkanjac

branislav-sarkanjac

Години по ред на пријателите им зборувам за Royal Institution и за тоа што значи вистински однос на општеството спрема науката и на науката спрема општеството. И никој не чул за оваа институција. А на сите им звучи фасцинантно. Последниот кому му раскажував за ова кралска институција, мојот пријател Ванчо, дури со нескриено одушевување заклучи дека сепак некаде бајките постојат стварно. Токму за Нова Година и Божик, ја пишувам оваа бајка.

Зошто студентите од машинските факултетите во Европа се натпреваруваат да добијат шест месеци платен престој во Кембриџ? Кој не би сакал да работи во лабораториите на Формула 1 на автомобилскиот гигант „Рено“  – кои се наоѓаат токму таму – во Кембриџ.

Или, зошто се британските студенти најдобри во дебатирање? Зошто се Кембриџ и Оксфорд најдобри универзитети?

Meѓу другото и поради Божикните предавањата што ги организира „Кралската институција“.

Новогодишните празници за нашите деца значат подароци и распуст – среќни денови како што велат децата денес.

За многу генерации во Македонија деновите по дочекот на Новата година се врзуваат со руска салата, скијачки скокови (Гармшипартенкирхен),  виенски валцери и малтретирање со некоја поема или еп (на пример, пола Илијада) што треба да се научи напамет за време на празниците. За огромното мнозинство деца во Македонија она вистинското секогаш било надвор од училиштето и подалеку од професорите.

Но, во Велика Британија не е така – и тоа повеќе од век и половина. Од 1826 година децата, освен на Божик и Нова година, им се радуваат и на Божикните предавања. За огромен број деца Божик значи две работи: подароци и научните Божикни предавања на BBC. Од 1966 година ова е традиција на BBC, но од пред неколку години предавањата ги пренесува Channel 4, a на задоволство на целиот свет предавањата одат и на интернет.

Многумина стануваат научници инспирирани од овие предавања. Како, на пример, Тони Рајан кој станува хемичар токму поради овие предавања што како дете ги гледал на BBC. Потоа станува професор на универзитетот Шефилд и пред четири години предавач на Кралската институција.

Untitled2

Што се тоа Божикни предавања? Прецизно кажано, Божикните предавања претставуваат образовен форум на кој се презентираат сложени научни проблеми на младите на информативен и забавен начин.

Просто кажано, тоа се предавања за популаризирање на науката кои ги иницира Мајкл Фарадеј, прочуениот пронаоѓач на Фарадеевиот кафез. Во 1826, Мајкл Фарадеј, веќе бивш директор на Royal Institution, ги иницира првите Божикни предавања. Целта била да им се доближи науката на децата, во тоа време кога образованието било далеку од современото организирано образование. Велат дека Фарадеј преку предавањата дошол и до еден пронајдок кој нема многу врска со физиката но и денес е дел од секојдневниот живот ширум планетата. Предавањата станале толку интересен настан што во петок навечер на Albemarle Street и пред куќата на Royal Institution станувала таква мешаница од луѓе и кочии што морало да се најде решение. Решението било „one way“ – еднонасочна улица.

Пет дена по ред точно во осум часот (со знак на ѕвонче) почнува предавањето на професорот. Предавањето веднаш почнува без поздравни зборови и трае точно 1 час (завршува со знак на ѕвонче), зашто Мајкл Фарадеј, добро знаел дека кој зборува повеќе од еден час станува здодевен за публиката. А тоа е многу важно да не се случи, зашто во публиката – во салата на Royal Institution – има само деца.

Професорот кој ги држи предавањата се бира меѓу неколку стотини професори. Хемичарот Тони Рајан, професорот по хемија, беше избран меѓу 400 професори.

Професорот што ќе ја добие честа да ги држи предавањата станува вистинска Ѕвезда со кого колегите и студентите се гордеат. Универзитетот или институтот на кој работи со неговото име станува попрестижен и привлекува повеќе студенти.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top