Коментари

Ламбе Арнаудов: Костадинче Тра(М)пче

lambe-arnaudov

                                         1Lam1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

На почетокот, јасно недвосмислено и транспарентно сакам да порачам на читателите дека оваа колумна се однесува единствено и само на Костадин Костадинов по ново Тра(М)пче.

Од друга страна, сакам да направам јавна амнестија на многуте разумни, паметни, слободољубиви и широко демократски определени елементи во бугарското општество кои воопшто не се согласуваат,  ни малу, со ваквите  брутално сурови шовинистички ставови на еден непромислен квази политичар, полн со отров и омраза кон сите кои не се како него маленкиот.

Истрајноста, издржливоста и решителноста на тие луѓе кои многупати допринеле да се релаксираат и да тргнат сите меѓусоседски односи во вистинска насока, секако благодарејќи на взаемното меѓусебно почитување на битните обележја на двата народи и двете суверени држави во духот на европските вредности, пред сé во почитувањето на човековите права и слободи на самоопределување.

Костадинче е времена декаденција на современиов свет со кус рок на траење, за разлика од вечноста на здравите елементи над кои ќе надвладее здравиот разум, за потоа сé да тргне како што треба. Поинаку не може.

Е, сега, Костадинче Тра(М)пче, јас во прво време, или криво разбрав или ти грешно кажа, арно ама не бев многу загрижен од твоите изречени глупости (нормално, како и од секоја). Мислев дека, од кога господинот претседател на Соединетите Американски Држави, Трамп ќе ги припои Канада, Гренланд и Панамскиот Канал кон САД, е тогаш ти стапуваш на сцена и Соединетите Американски Држави еруптивно зголемени заедно со Канада, Гренланд и Панама, сите топтан ќе ги припоиш кон Бугарија.

Алал вера!

И, има логика вака заедно САД, Канада, Гренланд и Панама имаат многу бугарски граѓани кои се обесправени и не ги уживаат сите права предвидени и загарантирани со низа меѓународни конвенции потпишани од сите слободарски и демократски земји во светот меѓу кои и сега веќе твојата лична сопственост Бугарија, што пак за жал од друга страна, ако не единствена, но сигурно само меѓу те две три држави не го почитуваат потпишаниот и ратификуван договор.

Дека е тоа точно, зборуваат огромниот број на официјални декларации, укажувања и казни за непочитување на истите.

Според општите проценки Костадинче Тра(М)пче, си во право бидејќи сигурно во намерчените “анектирачки апетити“ од твоја страна во САД, Канада и помалку во Гренланд и Панама има двојно повеќе “обесправени жители Бугари“ кои живеат од колку сите жители во Бугарија вклучувајќи ги и МАКЕДОНЦИТЕ.

Но сега видов дека сум во заблуда. Костадинче Тра(М)пче ти пораснале амбициите.

Се впушташ во невозможна мисија, премногу себе си си се преценил. Ја сакаш Македонија!

И тука си ја скрши главата.

Ајде, кажи заради што Македонија?

Кажи како, иако однапред е јасно НИКАКО.

А, зошто никако?

Е, па еве зошто.

МАКЕДОНИЈА денес е сосема различна и уредена, конституирана држава, со висок степен на јасно заокружена државност, стабилна, етаблирана и почитувана од останатите европски и светски демократии и меѓународни асоцијации. Внатрешно стабилна со офанзивна општо призната меѓународна надворешна политика на пријателство, соработка, меѓусебно почитување, врвен систем на изградени етнички и меѓуетнички религиозни и групни стандарди, правила и критериуми.

Максимална посветеност на брзиот економски развој, примена на нови напредни технологии, интензивен пораст на услугите, незапирлив подем на земјоделието, максимално подобрување и реорганизација на здравствениот систем, грижа за за зголемување на општествениот стандард  и подобрување на условите за пристоен живот на пензионерите, максимална посветеност во огромно растечкиот подем во изградба на инфраструктурата, која што од друга страна ќе нé приближи со соседите, а преку нив и со Европа, Азија и цел свет, што ќе послужи како акцелератор на силна квалитетна и непрекинлива економска експанзија и извозно ориентирана меѓународно пазарно, рамна со останатите развиени економии.

На крај, не заборави, Костадине Тра(М)пче!

МАКЕДОНИЈА ИМА НОВ ЛИДЕР!

Токму таков каков што и требаше на Македонија.

Смирен, сталожен, образуван. Спремен да пружи рака на добронамерност секогаш.

Но и да застани цврсто и никогаш да не се повлече, а да не ја одбрани Македонија и јасно да порача:

                        НАЗАД НЕМА!

Костадинче Тра(М)пче!

Згазна на тенок мраз. Пропадна и се удави, и ти и твојата крајно шовинистичка идеологија.

Можеби се сметаш за сигурен првотимец. Се лажеш, многу брзо ќе се преселиш, не на клупа за резерви, можеби дури и не во публика.

“Спортистите од овој спорт“ заминаа во пензија пред 80 години.

Тоа што од време на време ќе се појави некој рецидив како тебе е само потсетување,  да се направи разлика, но и да се потоне.

Сепак сме будни. Искушенијата за МАКЕДОНИЈА никогаш не стивнуваат. Затоа сме посилни и посигурни за својата иднина, а и затоа што и кај нас од време на време се раѓа НАЈПОТРЕБНИОТ како во времето сегашно.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top