Коментари

Македонија зачекори напред со крената глава!

1uv1

1uv1

Премиерот Христијан Мицкоски веќе седум месеци го предводи македонскиот брод низ предизвиците на домашната и меѓународната сцена.

Со преземањето на функцијата, донесе нова енергија и модерен пристап, воведувајќи компетентни и амбициозни кадри. Со низа реформи, Владата создаде економска основа која ја поттикна деловната клима и привлекува инвестиции што ќе го раздвижат економскиот раст.

Резултатите се веќе видливи – Македонија бележи историски рекордни стапки на економски раст, највисоки од осамостојувањето во 1991 година. Овој успех е плод на стратешки инвестиции во инфраструктурата, енергичната борба против корупцијата и криминалот и создавањето на амбиент за долгорочна стабилност. Паралелно, реформите во образованието и вложувањата во информатичката технологија ги подготвуваат младите генерации за иднината, градејќи ја Македонија како општество што чекори со глобалните трендови.

Иако опозицијата се обидува да го дискредитира, премиерот Мицкоски покажува постојаност и решителност, насочувајќи ја државата кон стабилен и сигурен развој. Довербата на народот сè повеќе расте, бидејќи фактите се непобитни: се зголемуваат инвестициите, економијата оди во нагорна линија, борбата со коруцијата и криминалот е во полн ек, додека стабилната политика создава чувство на единство и гордост.

На меѓународен план, Владата предводена од Мицкоски продолжува со дипломатските напори за интеграција на Македонија во Европската унија. И покрај долготрајните пречки, Владата води мудра и стратешка политика, штитејќи ги националните интереси, но истовремено подготвувајќи ја земјата за исполнување на европските стандарди.

Спорот со Бугарија останува предизвик, но Мицкоски покажува одлучност, мудрост и трпеливост, свесен дека секој јазол се решава со вистинска стратегија.

Во рамките на оваа политика, Македонија ги зајакнува и своите односи со стратешките партнери, особено Соединетите Американски Држави. Силното партнерство меѓу Македонија и САД продолжува да се продлабочува, не само на полето на безбедноста, туку и во сферата на образованието, економијата, културата, демократијата, човековите права и борбата против корупцијата – се основа на ова трајно пријателство.

Во оваа историска фаза, Македонија се соочува со „Гордиев јазол“, налик на оној што го решил Александар Македонски. Мицкоски, пак, со својата решителност, мудрост и стратегија, чекори по патот на исправно и трајно решавање на овој проблем. Преку одговорна политика, тој работи кон враќање на гордоста и достоинството на македонскиот народ.

Денес, повеќе од кога било, Македонија стои исправена со крената глава, гордо чекори напред, но и подготвена за предизвиците на иднината.

Премиере Мицкоски, твоите дела зборуваат сами за себе. Продолжи со ова темпо за доброто на Македонија и сите нејзини граѓани.

Македонија зачекори напред со крената глава!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top