
Бидете сведоци на овие пророчки зборови и немојте да си припишете заслуга дека вие сте ги предвиделе. Не е потребна никаква генијалност, туку само реална логика и способност да се состават коцките од историските настани.
Европа во последниве 200 години беше гробарот на Македонија. Уништени се безброј докази, историски сведоштва, и платена е огромна цена со македонска крв – сè со една цел: истребување на Македонија и Македонците, додека славата, историјата и славните личности се препишуваа или пренесуваа на новоформираните држави како Грција и Бугарија.
Сето ова беше поддржано со големи лаги и манипулации. Но, кога на лаги им се гради „вистината и историјата“, порано или подоцна доаѓа нивната освета – и тоа со камата. Сега тоа време дојде, особено со политичките промени во светот, како што е новиот пристап на Доналд Трамп кон Русија.
Последната фарса – создавањето на некаков сојуз или „мини НАТО“ помеѓу Англија, Франција и Германија – е само надуен балон што наскоро ќе пукне. Европа не може да функционира без САД и руските минерали и суровини, а токму преку Македонија ќе ја плати својата цена. Како и зошто? Наскоро ќе видиме. Ова што сега се случува со Мицкоски е само увертира.
Со други зборови, Европа ќе ја почувствува вистинската тежина на своите постапки – и тоа токму преку Македонија.
Само да има здравје, ќе бидеме сведоци на ова многу брзо.
Кој чека, тој ќе дочека!
Најголема благодарност до Семоќниот.
АМИН!