Коментари

Заедно да ја градиме Македонија!

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Создавањето на независна Република Македонија во 1991 година е аманет на борбата на претходните генерации. Модерниот аманет е зачувување на суверенитетот, интегритетот и достоинството на македонскиот народ, како и економски развојот на државата.

Македонија има богата историја, длабока култура, прекрасна природа и народ кој секогаш бил борбен и гостопримлив.

Македонскиот јазик е уникатен и посебен, а литературата, музиката и уметноста се извори на инспирација. Од македонските ора и песни до автентичната храна како ајвар, тавче-гравче и макало.

Македонците се познати по својата топлина, хуманост и борбен дух.

Од Охридското Езеро и Матка, до Шар Планина и Пелистер – Македонија е природно богатство. Да се биде Македонец значи да се носи овој идентитет со чест, да се чува и негува културата и традицијата, но и да се работи за подобра иднина.

Горди сме, но и одговорни – да ја чуваме Македонија за идните генерации!

Македонија е повеќе од само земја – таа е наш дом, нашите корени, нашата историја и иднина! Денес, повеќе од кога било, нашата татковина има потреба од сите нас, од нашата енергија, знаење, труд и искуство.

Од самиот почеток на повеќепартискиот систем и осамостојувањето на Македонија во 1991 година, во редовите на СДС имаше а и денес има политичари кои не сакаа(т) Македонците да имаат сопствена држава. Тие го убедуваа и сеуште го убедуваат народот дека Македонија нема да може сама да опстои како држава. Исто така, без око да им трепне, потпишаа историски најштетен договор, само и само да останат ден повеќе на власт за да спечалат уште некое евро.

Изминаа повеќе 34 години од осамостојувањето и покрај предвидувањата на социјалдемократските политичари, Македонија покажа дека може да функционира како самостојна држава и покрај сите проблеми со кои се соочуваше (транзиција на општествениот во приватен капитал, затварање на фабриките, економски блокади, промена на уставното име, знаме и сл.).

Македонскиот народ не се предаваше и не само што успеа да ги надмине проблемите, од кои голем дел беа вештачки наметнати, како од внатре така и од надвор, туку особено под раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е на добар пат да стане лидер во регионот по својот економски развој и фактор на стабилност.

Во меѓувреме, во текот на овие 34 години самостојна и суверена македонска држава, израснаа нови генерации, млади патриоти кои макотрпно работаат да ги попраат грешките од минатото и сакаат да ја видат својата држава како победува.

Оваа генарација млади политичари тоа го може, зошто тоа го има во генот. Обединета околу македонската платформа може да каже стоп на поделбите на македонскиот народ, стоп на сите оние кои преку разнебитување на македонскиот народ сакаат да го избришат Македонскиот идентитет.

Оваа влада на млади политичари предводена од Премиерот Христијан Мицкоски работи во интерес на Македонија, отвора нови работни места, привлекува странски инвестиции, гради патишта, автопати, железници,..го чува македонскиот идентитет, има соработка со држави кои се пријателски настроени кон Македонија, тесно соработува со нашиот стратешки партнер САД и кажува дека местото наше е да бидеме членка на ЕУ, но под еден услов: со крената глава и со зачуван идентитет.

Браќа и сестри, ако сакаме да се залечат раните на Македонија од минатото, треба да се обединиме во интерес на нашата заедничка Македонија, и да им го свртиме грбот на сите домашни и надворешни интриганти и среброљубци  што денес шират омраза и поделби меѓу Нас, Родот на Филип и Александар Македонски и не смееме да дозволиме повторно да ни го направат веќе виденото!

Денес во слобода, од година во година бројот на новородени деца станува се` помал. Дајте да ја исполниме оваа рајска земја со љубов и радост, со детски џагор и смеа. Децата се наша иднина, наша надеж, наша поддршка и идни чувари на Македонија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top