Коментари

Дали може да се живее без реклами?

GORDANA OCTOBER 2024

GORDANA 1

Гордана Димовска

ВО СВЕТОТ НА РЕКЛАМИТЕ

Во дамнешно време Египјаните користеле папирус за да ги пренесат своите рекламни пораки. Во античко време рекламните пораки биле изведувани со боење на камен и по ѕидовите. Денес не може да се замисли пласирање на производ, идеја, вест, кампањи без реклами. На секој чекор, во секој момент каде и да погледнеш, се заприметуваат рекламни табли, банери, звучни реклами, видео реклами, пораки на мобилните телефони. Дали ти требаат или не, не е важно, главно те товарат со реклами во случај да ти затреба или  да те убедат во тоа што го пласираат. Се чини дека некому е од суштинско значење  да го пробие својот пат во јавноста па не бира средства ни пари.На некои им помага да се збогатат и популаризираат, а некои да пропаднат. Секој вложува во промовирање а успешноста зависи од многу фактори меѓу кои најважни се конкуренцијата, ексклузивноста и понудениот  квалитет.

Според научниците, рекламирањето е желба за успех на одреден производ или стекнување на популарност. Сакале или не, рекламата го поттикнува, но и го тестира потрошувачот. Кога некој сака да купи нешто, размислува за потребата, трошоците, квалитетот, вредноста на самиот производ. 
Потрошувачот е тој што одлучува дали му треба и колку му треба нешто.
Храната и облеката се неопходни во животот на човекот. Тие не мора да бидат на тв реклами па да бидат купени. Кога е некој гладен му е потребна храна, кога некому е студено, му треба облека. Луѓето сами знаат каде да се снабдат со овие неопходни работи..

Многу мал е бројот на луѓе кои не се афектирани односно не поверувале на телевизиските реклами. Всушност, на овој  медиум најчесто се гледаат рекламни спотови без кои не можи да се замисли опстојувањето на самиот медиум.  За само 30 секунди рекламен материјал, наплаќаат половина милион. Мулти милијарерските корпорации кои управуваат со телевизиските мрежи, не би можеле да бидат тоа што се, без телевизијата. А да се зборува за телевизија, невозможно е да не се спомене и рекламирањето. Овој медиум се користи и за инфомерцијал каде што се рекламира и купува инстантно на дадените телефонски линии.

Еден американски научник  смета дека телевизиските реклами не секогаш  ја кажуваат вистината, ниту фактите. Преку нив всушност се наметнува некој нов стил, начин на живеење, и можност за избор дури и кога нема избор. Нивната работа е да да го пласираат производот со неговите ’посебни’ квалитети а недостатоците ги прикриваат откриваат. Старите често велат: “ако било убаво, не се рекламира“, или “се рекламираат тие на кои не им оди од рака“. Можеби донекаде има и вистина во тоа. Не е се толку добро како што е претставено нити пак вложувањето во скапи реклами го дава посакуваниот ефект.  

Со појавата на интернетот во деведесеттите години рекламирањето доживеа вистински бум. Социјалните мрежи како еден нов флексибилен и ефтин  начин на рекламирање и промовирање на идеи, кампањи.

 Но, во последниве години, потребни се повеќе напори за да се направи разлика каде рекламирањето запира и каде започнува реалноста.

На многу начини, рекламите се одраз на светот кој се обидува да ги скрие своите проблеми од себе. Ова е точно и во начинот на кој тие ги прикажуваат несовршените производи и во нивниот ефект на замолчување на платформите кои го обликуваат начинот на кој ги гледаме работите – платформи кои се потпираат на долари од реклами за да преживеат. Резултатот е саниран, „пријателски за реклами“ свет, кој прикрива неправди и реални проблеми за да предизвика лажна, привремена состојба на удобност.

A каков би бил животот без реклами?

Непосредната придобивка од целосната забрана за рекламирање веројатно би била ја подобрила човековата благосостојба. Во свет во кој никој не би бил манипулиран да го посакува она што го немаат или да чувствува дека купувањето повеќе работи ќе ги направи среќни, луѓето можеби ќе бидат посмирени, скромни, и позадоволни со својот живот. Тие, исто така, би биле помалку расеани и би имале повеќе ментална спремност и фокусирање како резултат на тоа што повеќе нема да бидат мета на компании кои се обидуваат да го привлечат (и продадат) нивното внимание. Всушност, целата економија на внимание ќе испари, што ќе доведе до исчезнување на услугите, особено дигиталните услуги, кои се дизајнирани да создаваат зависност. Ова може да има потенцијално огромни придобивки не само во враќањето на времето на луѓето, туку и подобрување на менталното здравје.

И додека се се врти околу  милиони потрошени  за  реклами , во светот постојат 343 милиони гладни луѓе. Доколку барем мал дел од  државните буџети се одвои за оваа сериозна појава , гладните , бездомни и настрадани луѓе би имале парче леб в рака и покрив на главата. Според статистиката на Светската здравствена организација, една третина од светот е исхранета, една третина недохранета, а една третина гладува.3 милијарди луѓе во светот се борат да преживеат со само 2 долари на ден.

И како светот да се справи со овој сериозен проблем? Зборот глад, се уште го има истото значење – недостиг или немање на храна за луѓето да можат да водат активен и здрав живот. Сиромашните не располагаат со средства за задоволување на основни потреби додека богатите имаат се само не и свест да помогнат на загрозените.  

За Македонија постојат многу записи, стари фотографии од светски патеписци кои до ден денес зборуваат за нејзината историја, поделбите, штетно потпишани договри, културата, традиција, уметноста. Но сепак треба да сите да наоѓаат начини да ја промовираат сопствената земја, нејзината култура и традиција за таа да опстане и да се пренесе на следните генерации, со надеж со исправени проблеми и насоки за да биде видена и насочена по вистинстински патишта.

На крајот завршувам со зборовите на Папата Бенедикт Шеснаесетти, “ За да се бориме и да ја победиме гладта важно е да ги редефинираме принципите, кои досега ги определуваа меѓународните односи.  Тие треба да се засноваат на човековата солидарност и нејзиниот одредувачки принцип – љубовта“.

Пишува: Гордана Димовска

Колумнист

Мелбурн, Австралија

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top