Коментари

Кочани гореше, ќе гори ли и одговорноста?

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

310701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Кога Кочани се најде во пламен, не гореше само градот, туку и надежта дека некој, некогаш, ќе сноси одговорност во оваа држава. И тоа не е случајност. Тоа е резултат на децении негрижа, партизација и неказнивост.

Немарност. Системски пропусти. Институционална парализа. Тоа се зборовите што се повторуваат по секоја катастрофа. Но не смееме да дозволиме тие зборови да станат нормалност.

Сега е моментот кога мора да се именуваат виновниците. И тие мора да одговараат. Без разлика дали носат црвена или сина партиска книшка. Без разлика дали се „нашите“ или „нивните“. Во нормална држава, такви разлики нема. Но Македонија со години живее во изопачен систем каде што вината е релативна, а одговорноста селективна.

И токму во момент кога правосудниот систем конечно почнува да покажува знаци на будност, оние кои најмалку имаат кредибилитет, сега поставуваат прашања.

А каде беа тие седум години? Оние што денес зборуваат за правда, молчеа за Ласкарци. За Беса Транс. За модуларната болница во Тетово. За десетици други трагедии каде единствено „виновни“ беа кабли, шасии и неименувани несреќи. Тогаш немаше ни оставки, ни притвори, ни одговорност. Обвинителството тогаш беше нем сведок, под целосна политичка команда.

Да се потсетиме, ова обвинителство и судство се дел од истата мрежа од тефтерчињата на Заев и Ахмети. Таму не се вработуваше по заслуга, туку по партиска подобност. А сега, кога тие истите луѓе конечно почнуваат да работаат професионално, СДС и ДУИ во паника се обидуваат да ја делегитимира нивната работа.

Кога СДС и ДУИ зборуваат за селективна правда, нека одговорат кој беше одговорен за смртта на 14 пациенти во модуларната болница?

Зошто немаше ни една оставка по трагедијата во Бугарија со автобусот на Беса Транс?

Зошто обвинителството тогаш молчеше додека државата тонеше во корупција?

Одговорот е јасен – затоа што сè беше под нивна контрола. Контрола што ја користеа не за правда, туку за грабеж.

А денес, кога институциите конечно функционираат, министерот за внатрешни и директорот на Бирото за јавна безбедност се под удар. Луѓе што 24/7, во координација со сите надлежни органи, професионално ја водат истрагата за пожарот во Кочани.

И тоа е проблем за СДС и ДУИ. Зошто? Затоа што за првпат вистината излегува на виделина. Правдата не смее да зависи од тоа кој си, туку што си направил.

Ова не е повик за политичка пресметка – ова е повик за државна зрелост. Повик за морал, за отчетност, за правда. Затоа што ако ниту една трагедија не сноси одговорност, тогаш трагедијата не е во пожарот, туку во системот.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top