Коментари

Македонија не смее да дозволи уште една рана од лажни спасители

1Mane

1Mane 3 copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Време е за владеење на правото, не за уличен линч

Во моменти на голема трагедија и национална болка, најлесно е да се поведе толпата. Но најтешко и најважно е да се сочува разумот. Македонија, по трагедијата во Кочани, го живее еден од своите најтешки периоди во поновата историја. Во тие моменти не смееме да дозволиме да не води гневот, туку правдата. А правдата е постојана, трпелива, институционална не е улична, не е политичка, не е манипулативна.

Секоја трагедија бара сочувство, одговорност и вистина, но не и линч. Ниедна нација не е изградена на принципи на улична пресуда. Ова не е момент за освета, туку за реформа.

Ова не е време за диви протестни сцени, туку за достоинствено барање на правда преку институции. Македонија еднаш веќе ја виде оваа формула – Шарената револуција. Со зборови за слобода и правда, ни донесе промена на име, распродажба на историја, етнички тензии и девалвација на вредностите. Не смее да дозволиме истата шема повторно да нѐ фрли на колена.

Ова е момент кога мора да се зајакнат институциите, а не да се рушат од улица. Да се гради систем, а не да се глуми моралност на плоштад.

Правдата не се носи на транспаренти. Таа се постигнува со закон, со истрага, со одговорност.

Трагедијата во Кочани не е само локална несреќа, таа е национален шок. Болка што не смее да биде заборавена и повик што не смее да остане без одговор. Но прашањето е: како Македонија да излезе од оваа катастрофа?

Кочани не е изолиран инцидент. Тоа е резултат на децениски распад на институциите, од урбанистички криминал, преку нефункционални инспекции, до обвинителства што молчат. Ако не го смениме овој систем, ќе броиме нови жртви. Македонија мора конечно да воведе ред, закон и функционална контрола.

Ова не е момент за политички поени. Ова е момент за национално единство. Да се обединиме не околу лични интереси, туку околу вредности: живот, достоинство, правда.

Вистината сама по себе не е доволна ако не следи одговорност. Досега видовме многу трагедии и ниту еден затвор за клучните виновници. Овој пат мора да биде поинаку. Не поради освета, туку поради правда. За да знае секој кој утре ќе носи одлука дека животите зависат од неговата одговорност.

Македонија не смее да дозволи уште една рана од лажни спасители.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top