Коментари

Ламбе Арнаудов: Римејк на “Балот на вампири“ од ЗОКИ – ДРАКУЛА

lambe-arnaudov

1Lam1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

А бе, вампиришта едни, пу…пу…пу… НАТЕ МА ВЕ, уште ли не се наситивте  цицајќи ја крвта на својот народ.

Кој е тој порив што ве прави толку агресивни, та своите зли очници по темни ноќи да ги забивате во вратовите и се насладувате со животворната течност на своите комшии, другари, пријатели, познати, непознати, млади, стари, учени, важни, помалку важни… сите со заеднички именител од вас само прогласени непријатели само затоа што не се со вас, вампиришта низаедни, и не сакаат да учествуваат во обескрвеност на својот народ.

Ти главниот, Дракула, малу ли ти беше што од корен сакаше да го обесчестиш и  обезглавиш македонскиот народ, па сега грижлив одгои млади вампирчиња кои така ги имаш воспитано, да те надминат тебе грофот Дракула и дефинитивно до крај да ја уништат младата девојка убавица МАКЕДОНИЈА, но за вас ништо значајна, освен една овој пат капитална жртва на вашата незапирлива страст за туѓа крв, но за ваше враќање.

Заборавате вампиришта едни, МАКЕДОНИЈА секогаш е млада девојка токму заради тоа што нејзината моќ за обновување е неуништлива.

Погледајте денес во светот МАКЕДОНИЈА е единствената држава која од својот прапочеток го има задржано истото име.

Знаете зошто?

Затоа што ова од искон до денес, Македонија што вие не ја познавате ниту признавате, секогаш се потпира на љубовта, силата и моќта на своите верни чеда, бестрашни во борбата да ја обноват, сочуваат и изградат во топол дом за сите.

А, вие што милувате темнина, студенило и осаменост  дружете се, дење спиете во лакирани ковчези од махагони со кадифени постави, жарко црвени за да ја одржуваат вашата жед за крв од своите браќа и сестри асоцирајќи на бојата на благородната и честита нивна крв, за навечер под полна месечина со наострени трипати зголемени заби излезете да се напиете, само за да останете вие вампиришта живи, без да се завртете зад вас каков пустош и колкаво зло сте направиле.

И што е најважно. Не сте и способни вампири, сами не можете да ти отворите занданите, ковчезите во кои уживате во амбиентот што сами си го избравте, мрак, зло и неволја, па морате пак да побарате асистенција , помош од надвор, така што младите вампирчиња лажно се преоблекуваат во ангелско руво и даваат ветувања трампајќи го својот народ  за себе си неколкумина.

Вампиришта, треба да знаете, МАКЕДОНИЈА има доволно крв и да ја пролева низ вековите за својата слобода и вечен опстанок, но и за обезбедување на својата среќна иднина.

 “ЗА ВАМПИРИ, НЕМА!“

МАКЕДОНИЈА е миленик на ГОСПОД. ТАА е негова творба. Направена е од Неговата Десница за луѓето на овоземниот живот, да знаат да направат разлика за тоа како треба да живеат и да се однесуваат на земјата за да го заслужат Рајот. Не е бадијала кажано и запишано.

Кој не чул за МАКЕДОНИЈА тој не се ни родил ниту живеел.

Македонија, денес е во сигурни раце, нејзината иднина е светла, спремноста за подобро е видлива, жестокоста да се одбрани никогаш поенергична и силна, сé што облагородува е во рацете на народот силно зграпчена без намера да се испушти.

Никако на ноќните јавачи на апокалипсата како што било досега во времето, кога низ нашава татковина времено, зли вампири кога нашата убава МАКЕДОНИЈА ја претворале во Замокот БРАН општо познат како “Замокот на Дракула“.

МАКЕДОНЦИТЕ се БОЖЈИ ЧЕДА, тие знаат како да живеат богугодно. И понатака така ќе живееме и ќе се браниме.

И розата е цвеќе ама има трња да се одбрани.

Со ангелска љубов, силна порака од Серафимите и силата на Херувимите на наша страна ќе се одбраниме.

На наша страна е праведноста. Никогаш, ама никогаш нема да прифатиме да бидеме како вас, не дај Боже, кои вашите крвожедни заби ги забивате во нежните невини вратови, а пак ние да возвратиме со тоа што здрав дрвен колец ќе забиеме во вашите срца, ако воопшто ги имате.

Нашето оружје, единствено што го имаме и користиме е СВЕТИОТ КРСТ.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top