Коментари

Македонија конечно почна да се враќа на нозе!

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy

Криминалното владеење на СДС и ДУИ

Кога во иднината ќе се пишува за периодот меѓу 2017 и 2024 година, историјата ќе го запише како едно од најмрачните поглавја во македонската современа државност.

Период во кој државата беше заложник на криминални интереси, корумпирана елита и партиски структури кои го претворија владеењето во организирана пљачка, а институциите во сервиси на мафијата. Тоа беше времето на СДС и ДУИ, политички сојуз заснован не врз визија за иднината, туку врз договор за поделба на тендери, функции и бескрупулозно богатење на грбот на народот.

MN slika

Случајот „Рекет“ не е само приказна за неколкумина актери. Тој е симбол на тоа како СДС ја претвори правдата во алатка за уцена. Наместо судска реформа, добивме рекетари во Armani одела, блиски до врвот на тогашната власт. Се отвораа случаи против бизнисмени, не за да се истражат криминали, туку за да се изнудат пари. Обвинители и политичари соработуваа во сенка, додека државата тонеше во корупција.

Модуларната болница во Тетово, каде изгореа 14 пациенти, не беше само несреќа. Таа беше последица на корупција, нестручност и политичка неодговорност. Наместо да се гради безбедно и квалитетно, се тендерираше преку блиски фирми, без вистинска контрола. Никој од врвот не понесе одговорност. Жртвите останаа само статистика, а фамозните “наши фирми” продолжија со работа.

Несреќата на автобусот со 45 жртви ја покажа тоталната нефункционалност на институциите. Автобус без лиценца, без контрола, без одговорност. Систем кој дозволи фирми блиски до СДС и ДУИ да работат надвор од законот, додека инспекциите замижуваа. Смртта на овие невини луѓе е директен резултат на политичка заштита и непостоење на држава.

СДС и ДУИ не спроведоа судска реформа, туку создадоа судски картел. Луѓе блиски до власта беа аболицирани, додека политички противници беа прогонувани. Безброј истраги стоеја во фиоки, докази исчезнуваа, а судиите и обвинителите служеа не на народот, туку на СДС и ДУИ и нивните кланови.

СДС ветуваше 500 евра просечна плата, а донесе инфлација и сиромаштија. ДУИ ветуваше европски интеграции, а испорачаа извоз на мозоци. Додека народот се бореше со превисоки сметки и кредити, партиските функционери возеа луксузни автомобили и купуваа станови во Скопје, Тирана и Дубаи.

Новинари беа под притисок, медиуми купувани, а гласот на вистината беше цензуриран. Во демократија, слободата на медиумите е темел. Во владеењето на СДС и ДУИ тие беа само маркетинг платформи за власта. Секој што ќе прозбореше беше сатанизиран.

Денес, Македонија се буди од оваа ноќна мора. Со падот на СДС и ДУИ, започна процес на враќање на правдата, обновување на институциите и борба со корупцијата.

Последната анкета само ја потврди реалноста што секојдневно ја чувствуваат граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски работи посветено, чесно и во интерес на народот.

Високата доверба од 51,7% за ВМРО-ДПМНЕ и убедливата поддршка за Мицкоски се резултат на конкретни резултати: подобрување на животниот стандард, раст на економијата, враќање на функционалноста на институциите и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

Граѓаните препознаваат дека конечно има власт која работи за нив, а не за лични интереси. Оваа поддршка е поттик и обврска Владата уште посилно да продолжи по патот на чесноста, реформите и напредокот.

Македонија конечно почна да се враќа на нозе!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top