Коментари

Ламбе Арнаудов: Крлежи, незаситни од македонска крв

lambe-arnaudov

1Lam1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

“DIES JUVENTUTIS SUNT SIMILES DIEBUS VERIS” – по тукашно, нашински, на жив македонски јазик, преведено: “Деновите на младоста се слични со деновите на пролетта“.

МАКЕДОНИЈА веќе десет месеци живее само во едно, и тоа најубавото, најрадосното и најсреќното годишно време, пролет.

Долго очекувана МАКЕДОНСКА ПРОЛЕТ што народот со радост торжествено ја чествува и слави, апсолутно заслужена после седум мрачни, чемерни и понижувачки години од претходната ненародна, предавничка и криминална власт очигледно, на задоволство на народот, ќе потрае и сум убеден засекогаш дека оваа вечна симбиоза на соживот помеѓу една страна МАКЕДОНСКИОТ НАРОД  и МАКЕДОНИЈА и од другата страна ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги радува граѓаните и ќе ги прави и понатака среќни и задоволни.

Но, како што е редот, кога во пролет сé се разгорува, развива, расте, блика од убавини, ете ти ги и КРЛЕЖИТЕ. Навикнати да живеат од туѓа крв се мобилизираат да се насладат себе си, а да уништуваат организми, види парадокс, токму оние без кои не можат да опстанат.

Злобата, гневот и лошотијата урива сé пред себе, не знае да застане сé додека сами не се препијат благородна крв, пукнат од препиени и прејадени.

Но знаат и да напакостат. Офанзивни мали, безначајни чиниш, речиси невидливи додека не се закачат на човекот и тоа на најфините и најмеки места за да не се трудат многу додека цицаат крв, носат со себе многу опасности, со својата високо инфективна способност за заразување што предизвикува болести кои можат да доведат до траен инвалидитет.

Да е злото поголемо, тие се најлакомите и најнезаситните живи суштества во досега познатиот биодиверзитет на планетава Земја, така што од кога ќе се вселат во несреќниот организам, разноличностите во степенот на бруталност при уништувањето се убедливо на прво место.

Задоволувањето на нивната страст за крв се огледа во зголемувањето на својот габарит несреќен, дури и сто пати повеќе и поголем од што биле пред да се закачат на здравите кои носат прогрес.

Правејќи компарација со примена на кибернетиката како интерактивна наука и во живиот свет но исто така и во физиката, резултатот е еднаков и заклучоците се исти.

Мора да се УНИШТАТ пред тие гадинки не го распаднат здравиот и општествено корисен поставен организам да функционира онака како што е замислен и функционален.

Зошто?

И најмалите крлежи и големите КРЛЕЖИ се исти животни. И едните и другите живеат благодарение и уживајќи на крвта на луѓето. И на крај третата заедничка одлика, катастрофална што ја носат длабоко во себе е тоа што и двата вида КРЛЕЖИ се високо заразни, инфективни зли суштества и двата КРЛЕЖИ ја пренесуваат ЛАЈМСКАТА БОЛЕСТ која има мошне опасни последици.

Сите знаеме дека човечкиот организам е пресликан и е чиста персонификација и во општеството, и заради тоа последиците се еднакво опасни за двата организми.

Кај човекот ги напаѓа крвотокот, нервниот систем, кожата, коските, видот, слухот, сé заедно со крајна цел да донесе траен инвалидитет, неспособност која неминовно води во распаѓање.

Истата штета се и големите КРЛЕЖИ што ја пијат македонската крв, од организираното општество се обидуваат да направат неспособно и нефункционално, на начин што негираат сé што е добро, искривено го претставуваат постигнатото, прават саботажи политички со што го ослабуваат имунитетот на државата и нејзините институции, се обидуваат да го пробијат безбедносниот оклоп на нашата татковина. Убавината да ја прикажат како црнилиште, да ја заболат и свиткаат кичмата на достоинството на својот народ, со еден збор кажано: Спремни се сé да уништат само да ја задоволат својата огромна жед за крв што ја цицаат од своите браќа, сестри, деца, внуци, родители, комшии, пријатели, сограѓани, познати, непознати.

И што е најстрашно во својот уништувачки поход спремни се да уништат многу, ама при тоа макар сé изгубиле за себе. Ете, омразата е толку голема што на крај ќе ги изеде и нив самите. Прави омразени КРЛЕЖИ!

Но, како што рекол најголемиот македонски народен трибун ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, цитирам:

“Срамота е што КРЛЕЖИТЕ ни ја пијат нашата крв, а ние сме нивни хранители место да ги уништиме, да ги снема од овој свет.“

Пораката останува: ЌЕ ВЕ УНИШТИМЕ сите познати КРЛЕЖИ пред вие да ја распаднете нашата татковина МАКЕДОНИЈА.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top